Canon EF 8-15mm f/4L Fisheye USM

Објектив за зумирање од серија L со ефект на рибино око кој нуди избор од целосна или кружна слика и широк агол на гледање.

Придобивки

  • Објектив за зумирање со ефект на рибино око за кружни или целосни слики

  • Дел од препознатливата серија L на Canon

  • Издржлив и долготраен дизајн

  • Тивок и брз автоматски фокус

  • Постојано рачно фокусирање

  • Полесно чистење на објективот

Детални карактеристики

  • Објектив за зумирање со ефект на рибино око за кружни или целосни слики

    Нема потреба да купувате два специјални објективи кога EF 8-15mm f/4L USM со ефект на рибино око нуди или целосни или кружни слики со ефект на рибино око доколку се користи со фото апарати со сензор од 24x36mm (целсона слика). За фотографите кои фотографираат со DSLR фото апарати со помал сензор, можно е снимање на целсони слики со ефект на рибино око. Со дијагонално видно поле од 180°, снимањето на целосна сцена во една слика никогаш не било полесно.

  • Квалитет на L серијата

    Серијата L е врвна и професионална палета на објективи од Canon, претставувајќи ја најдобрата прецизно дизајнирана EF оптика. Објективите од серијата L комбинираат врвни перформанси со неверојатно ракување и имаат голема отпорност на прав и влага.

  • Брз, тивок автоматски фокус

    Прстенестиот USM (ултразвучен мотор) користи вибрации предизвикани од ултразвучна фреквенција за создавање на екстремно брзо, речиси бесшумно автоматско фокусирање. CPU со голема брзина и оптимизирани AF алгоритми кои дополнително придонесуваат за брзината на автоматскиот фокус. Постојаното рачно електронско контролирање на фокусот е достапно без потреба од исклучување на режимот за автоматско фокусирање.

  • Подобрен квалитет на слика со SWC слој

    Дизајниран за користење кај дигиталното фотографирање, патентираниот слој со структура со суб-бранова должина од Canon помага да се минимизираат имагинарните облици и одблесоците предизвикани од внатрешната рефлексија. Со елиминирање на причинителите, слојот ја намалува рефлексијата и обезбедува остри и јасни слики.

  • Полесно чистење на објективот

    Предната и задната површина на објективот се обложени со слој од флуор кој овозможува полесно чистење на површината на објективот во споредба со останатите слоеви.

Галерија со примероци

Слична дополнителна опрема

  • Сенило за објектив EW-77

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.

  • Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Футрола за објектив LP1219

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.

Широкоаголни објективи

Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.