Canon EF-M 18-55mm f/3.5-5.6 IS STM
Објектив за зумирање со достапна цена, стабилизација на слика и STM, кој е идеален за секакви прилики и е наменет за корисниците на сите модели на EOS M.
Систем EOS R
Компактен и разновиден објектив за зумирање
Разновиден објектив за зумирање од 18-55mm кој е практичен за носење со EF-M приклучок за EOS M. Идеален за фотографии или видео снимки, тој може да сними сè, почнувајќи од неверојатни пејзажи и прекрасни портрети па сè до динамични случувања.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Разновиден објектив за зумирање од 18-55mm – идеален за секојдневна употреба
-
Практичен за носење заедно со вашиот EOS M
-
Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки
-
Динамички IS за рамномерни видео снимки
-
Неверојатно остри слики со стабилизатор на слика со 4 чекори
-
Брз автоматски фокус за фотографии, преминување преку параметрите на постојаниот рачен фокус
Детални карактеристики
-
Разновиден објектив за зумирање од 18-55mm – идеален за секојдневна употреба
EF-M 18-55mm f/3,5-5,6 IS STM, висококвалитетен и стандарден објектив за зумирање кој е идеален за секојдневно фотографирање, опфаќа практичен фокусен опсег од 18-55mm со кој може да снимите сè, почнувајќи од неверојатни пејзажи па сè до прекрасни портрети со рамномерно заматување во заднина, како и динамични случувања.
-
Практичен за носење заедно со вашиот EOS M
Овој објектив, кој е практичен за носење без разлика каде патувате, се одликува со компактно и лесно куќиште со стилска алуминиумска надворешност и EF-M приклучок кој одговара на вашиот EOS M.
-
Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки
Снимањето на висококвалитетни видео снимки кои секогаш се одликуваат со остар фокус е едноставно, благодарение на режимот Servo AF за видео. Тој користи внатрешен фокус и STM технологија (чекорен мотор) за бесчујно и континуирано фокусирање во режим на видео, така што вашите видео снимки ќе бидат рамномерни и ќе имаат помалку заматување.
-
Динамички IS за рамномерни видео снимки
Тресењето на фотоапаратот не претставува проблем при рачно снимање на видео снимки или кога се движите за да ги следите случувањата. EF-M 18-55mm f/3,5-5,6 IS STM користи динамична стабилизација на слика во режим на видео за да ги спречи кружните движења и тресењето со цел да обезбеди рамномерен снимен видео материјал.
-
Неверојатно остри слики со стабилизатор на слика со 4 чекори
EF-M 18-55mm f/3,5-5,6 IS STM обезбедува неверојатно остри фотографии, дури и при рачно фотографирање при слаба осветленост. Објективот располага со технологија за стабилизација на слика со четири чекори, која го намалува тресењето на фотоапаратот и ви овозможува да снимите врвни слики при слаба осветленост, без видливо зголемување на заматувањето на сликата.
-
Брз автоматски фокус за фотографии, преминување преку параметрите на постојаниот рачен фокус
Отсега доловувањето на специјалните моменти во прекрасни фотографии е едноставно, благодарение на брзиот систем за автоматски фокус со голема прецизност, кој овозможува брзо, прецизно и автоматско фокусирање при фотографирањето. Преземете ја контролата секогаш кога ќе посакате така што ќе преминете преку параметрите на постојаниот рачен фокус, со што се овозможува прилагодување на фокусот без исклучување на режимот за автоматско фокусирање.