Canon EF-M 22mm f/2 STM
Мал објектив во вид на „палачинка“ со голема решетка од f/2, кој е совршен за портрети и фотографирање во услови со слаба осветленост.
Систем EOS R
Мал и осветлен широкоаголен објектив во вид на "палачинка"
Широкоаголен објектив од 22mm во вид на "палачинка" со EF-M приклучок - идеален за неверојатни пејзажи и секојдневна репортажа со EOS M. Максималната решетка од f/2,0 обезбедува одлични резултати при слаба осветленост, без разлика дали снимате фотографии или видео снимки.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Широкоаголен објектив од 22mm
-
Практичен за носење заедно со вашиот EOS M
-
Врвни резултати при слаба осветленост со решетката од f/2,0
-
Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки
-
Одличен квалитет на слика со асферични елементи на објективот
-
Снимајте рамномерни дефокусирани заднини
Детални карактеристики
-
Широкоаголен објектив од 22mm – за дискретна репортажа
Извонредно тенок и лесен, овој широкоаголен објектив од 22mm во вид на "палачинка" со фиксен фокус наменет за EOS M овозможува дискретно фотографирање кое е идеалено за секојдневна репортажа. Широкиот агол опфаќа повеќе во кадарот, така што ќе можете да снимите поголем дел од сцената во секоја слика и да добиете прекрасни пејзажи и одлични групни фотографии.
-
Практичен за носење на патувањата заедно со вашиот EOS M
Овој објектив, кој е практичен за носење без разлика каде патувате, се одликува со извонредно тенко и лесно куќиште со стилска алуминиумска надворешност и EF-M приклучок кој одговара на вашиот EOS M.
-
Врвни резултати при слаба осветленост со решетката од f/2,0
EF-M 22mm f/2 STM обезбедува неверојатни резултати во услови со слаба осветленост, благодарение на широката максимална решетка од f/2,0. Тој ќе ви овозможи да го доловите природниот амбиент на сцените во вечерното и ноќното време во вашите фотографии и видео снимки, без да користите блиц или статив, нудејќи ви слобода за рачно снимање на исклучителни слики без напор во секакви услови на осветлување.
-
Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки
Снимањето на висококвалитетни видео снимки кои секогаш се одликуваат со остар фокус е едноставно, благодарение на режимот Servo AF за видео. Тој користи внатрешен фокус и STM технологија (чекорен мотор) за бесчујно и континуирано фокусирање во режим на видео, така што вашите видео снимки ќе бидат рамномерни и ќе имаат помалку заматување.
-
Одличен квалитет на слика со асферични елементи на објективот
Добивањето на остри, квалитетни слики без изобличувања и со висок контраст е гарантирано дури и кога фотографирате при слаба осветленост, благодарение на асферичните елементи на објективот, кои вршат корекција на сите сферични аберации кои би можеле да им наштетат на вашите слики. Исто така, објективот се одликува со Super Spectra слоеви кои придонесуваат за прецизно балансирање на боите и добивање на висок контраст, како и отстранување на одблесоците и привидните облици, со цел да добиете прекрасни слики во секакви услови на осветлување.
-
Снимајте рамномерни дефокусирани заднини
За добивање на слики со професионален изглед кои оставаат силен впечаток, EF-M 22mm f/2 STM ви овозможува да снимате прекрасни слики со рамномерно дефокусирање на заднините кои го истакнуваат вашиот објект и ги отстрануваат предметите кои го одвлекуваат вниманието.