Canon EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM

USM објектив за зумирање со високи перформанси, извонредно широк агол и решетка од f/3.5-4.5 кој е одличен за пејзажи.

Придобивки

  • Супер-широк агол на зумирање кај сите тела со монтиран EF-S

  • Врвен квалитет на слика

  • Лесен и компактен

  • Растојание на фокусирање од само 24cm.

  • Речиси бесшумно USM AF

  • Super Spectra слоеви

  • Бленда со кружен отвор

  • Изборен ексклузивен покривач на објектив

Детални карактеристики

  • Извонреден широк агол за сензори со APS-C големина

    Со својот ефективен опсег на фокална должина од приближно 16-35mm во 35mm формат, EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM е исклучителен објектив со извонреден квалитет на сликата, кој ќе го однесе вашето фотографирање во нови димензии и подрачја на драматично изразување.

  • Ја надминува човечката перспектива

    Супер-широкото зумирање не само што ви дава слобода да го добиете токму она што го сакате во таа снимка, туку тоа драматично ја менува перспективата за да овозможи динамично изразување. Објективот ви овозможува да дојдете екстремно блиску до предметите, зголемувајќи ја разликата во големината помеѓу блискиот предмет и неговата позадина. Креативните фотографи можат да го користат овој феномен за креирање на одлично одделување помеѓу предметот и позадината, за силно чувство на постоење или за ефект на пан-фокусирање, со тоа што се е остро во фокусот, од она што е пред и она што е одзади.

  • Мал, лесен и близок

    Извонредно лесен и компактен за својот опсег на фокалната должина, EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM, исто така има неверојатно блиско минимално растојание на фокусирање од само 24cm.

  • Брзо фокусирање

    Прстенестиот USM работи заедно со фотоапаратот за да обезбеди неверојатно брзо и прецизно автоматско фокусирање и предвидливо следење - со преминување преку параметрите на постојаниот рачен фокус кое е достапно во секое време.

  • Дизајниран за дигитално фотографирање

    Специјално дизајниран за дигитално фотографирање, објективот содржи специјално обликувани елементи и Super Spectra слоеви за елиминирање на привидните облици и одблесоците, кои можат да се појават како резултат на рефлектираната светлина од сензорот на фотоапаратите. Изборниот ексклузивен покривач на објективот може дополнително да ја намали појавата на блескањето.

  • Заматување на заднината

    Кружниот отвор на бленда овозможува пријатно заматување на заднината при фотографирање со широка решетка - идеално за добивање на чувство на длабочина и истакување на вашиот објект или модел наспроти заднината.