Објективи за DSLR

Canon EF-S 17-55mm f/2.8 IS USM

USM објектив за зумирање со високи перформанси, решетка од f/2.8 и стабилизација на слика, кој е одличен за користење во услови со слаба осветленост.

Придобивки

  • Широк агол на зумирање за тела со монтиран EF-S

  • f/2.8 бленда во целиот опсег на зумирање

  • Стабилизатор на слика со 3-запирања

  • Брзо, тивко автоматско фокусирање

  • Облога Super Spectra

  • Циркуларна бленда за задоволувачко замаглување на позадината

  • Ги пренесува податоците за растојание до E-TTL II

  • Изборен покривач на објектив

Детални карактеристики

  • Широк агол на зумирање со високи перформанси

    Со ефективен опсег на фокална должина од приближно 27-88mm (еквивалентно на 35 mm), EF-S 17-55mm f/2.8 IS USM е моќен објектив, кој испорачува исклучителен квалитет на сликата. Широкиот агол на зумирање ви овозможува да зафаќате повеќе од секоја сцена и да му додадете на вашето фотографирање ново чувство за простор перспектива.

  • Фиксна бленда

    Големата бленда f/2,8 овозможува одлични резултати при слаба осветленост. Блендата одтанува константна во целиот опсег на фокалната должина, овозможувајќи ви да зумирате од приближно 27-88mm (еквивалентно на 35 mm), без да ја намалувате брзината на затворачот.

  • Задоволувачко замаглување на позадината

    Циркуларната бленда овозможува задоволувачко замаглување на позадината при сликање со широка бленда, што е идеално за креирање чувство на длабочина и за издвојување на предметот од позадината.

  • Стабилизатор на слика

    EF-S 17-55mm f/2.8 IS USM е опремен со стабилизаторот на слика (IS) со 3-запирања, на Canon. Идеално за работа при држење на апаратот во рака, IS овозможува користењето на брзини на затворачот побавни до 3 запирања, без забележливо зголемување на замаглувањето на сликата. IS помага при услови на слабо светло, сцени со голема брзина и при сликање од возила во движење.

  • Брзо, тивко автоматско фокусирање

    Прстенестиот USM (ултразвучен мотор) користи вибрации со ултразвучна фреквенција за да дава погон на чувствително, речиси бесшумно автоматско фокусирање со голема брзина. Добрата торзија на држење прецизно ја запира фокусирачката група на објективот, без пречекорување. Постојаното рачно редефинирање на фокусирањето е достапно без да мора да го исклучите од AF.

  • Облоги Super Spectra

    Оптимизираните Super Spectra облоги на објективот и обликувањето на елементот на објективот ги потиснуваат ефектот на блескање и на двојна слика - кои може да се појават кај дигиталните фотоапарати поради рефлексијата од сензорот за слика. Облогите помагаат и во постигнување на вистинскиот баланс на бојата и во зголемување на контрастот за јасни слики, со голема верност.

  • Ги пренесува податоците за растојание до E-TTL II

    Објективот ги пренесува податоците за растојание назад до E-TTL II системот на блицот на фотоапаратот, за да обезбеди оптимално одмерување на блицот во секоја ситуација на сликање.