Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM

Компактен телефото објектив

Придобивки

  • Приближете се до далечните објекти, како што е светот во дивината и спортот

  • Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки

  • Стабилизацијата на слика го намалува заматувањето предизвикано од тресење на фотоапаратот

  • Лесен и компактен дизајн кој можете насекаде да го носите

  • Практичен дизајн кој нуди врвен квалитет на слика

Детални карактеристики

  • Компактно и моќно телефото зумирање

    Доближувајќи ве до случувањата, EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM претставува совршен придружник за стандардниот објектив за зумирање од 18-55mm на вашиот EOS и е идеален за фотографирање на дивина, спортови и патувања. Тој нуди комбинација од моќни телефото перформанси, одличен квалитет на слика и инстинктивно ракување.

  • Оптички стабилизатор на слика

    За да ја задржи острината, EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM ја применува технологијата за стабилизација на слика од Canon. Таа овозможува користење на брзини на бленда до 3,5 чекори побавни од нормалната и истовремена заштита од ефектите предизвикани од тресењето на фотоапаратот – одлично при слаба осветленост или при фотографирање со голем зум. Автоматското откривање на поместувањата ја исклучува стабилизацијата во хоризонтална или вертикална насока, што помага во добивање на чувство за брзина при фотографирање подвижни објекти.

  • Технологија STM

    EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM се одликува со технологија на чекорен мотор (STM) за рамномерно, тивко и континуирано фокусирање при снимање на видео снимки со вашиот EOS, како и брз и прецизен AF при фотографирање. Фокусирањето со STM е толку тивко што микрофонот на фотоапаратот не може да го долови, а тоа значи дека звукот од вашите видео снимки нема да содржи несакани звуци.

  • Нуди врвен квалитет на слика

    EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS STM користи UD (извонредно ниска дисперзија) стаклени елементи и Super Spectra слоеви на објективот за да обезбеди јасни и остри слики со голем контраст низ целиот опсег на зумот. Дијафрагмата на блендата со седум сечила го зголемува квалитетот на површините кои не се во фокус, така што вашиот објект ќе биде истакнат наспроти мека заматена заднина.

  • Дизајнирани за одлично фотографирање

    Прстенот за рачно фокусирање овозможува прецизно подесување на фокусот на брз и едноставен начин во секое време, додека најмалото растојание на фокусирање од 0,85m овозможува фотографирање на мали објекти. Предниот елемент кој не ротира го олеснува користењето на филтрите.

Слична дополнителна опрема

  • Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Сенило за објектив ET-65 III

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Капаче за објектив E-58II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 58 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 58 mm.
  • Заштитен филтер за објектив од 58 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • ND4-L 58mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 2 чекори. За објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • ND8-L 58mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 3 чекори. За објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Филтер за објективи за снимање одблиску 250D од 58 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Филтер за објективи за снимање одблиску 500D од 58 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Футрола за објектив LP1014

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Адаптер за Macrolite 58C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 58 mm.

Телефото објективи

Опремени со зголемени фокусни должини што ви овозможуваат да се приближите до објектот без да ја попречувате сцената.