Објективи за EOS R

Разгледајте ја палетата составена од нова генерација на објективи EOS R дизајнирани за оптичко совршенство.
Canon Camera

Искористете ја секоја прилика

Фотографите и снимателите ќе добијат многу нови и креативни можности за фотографирање со EOS R од Canon. Иновативните објективи RF нудат неверојатно брзо фокусирање и неверојатно квалитетна оптика. Адаптерите EOS R нудат непречен пристап до постојните објективи EF и EF-S без загуби во перформансите.

Објективи RF

Објективите RF нудат повисок квалитет и брзина со перформанси кои се оптимизирани за фотоапаратот EOS R. Тие се брзи и светли со уникатни квалитети кои нудат нови нивоа на интуитивна контрола.

Три задолжителни објективи

Три неопходни RF-објективи со зум, брза решетка и високи перформанси што опфаќаат извонредно широкоаголен, стандарден и телефото опсег. Тие се оптимизирани за фотоапаратот EOS R и се одликуваат со оптички квалитет на серијата L и стабилизација на слика.

Адаптери за EOS R

Адаптерите за системот EOS R се уникатни и нудат дополнителна креативна контрола, овозможувајќи им на фотографите и снимателите да ги користат нивните постојни објективи EF и EF-S со целосна компатибилност и без загуби во перформансите.

Објективи EF

Огромна палета на објективи со фиксна фокусна должина, објективи со зум и специјални објективи, како што се објективите за макро и ефект на рибино око, што овозможуваат врвни слики кога се користат во комбинација со DSLR-фотоапарати.

EF-S објективи

Лесни објективи за врвни слики наменети за DSLR-фотоапарати со APS-C-сензори.

Објективи од серијата L

Објективите RF и EF од серијата L за професионалци и сериозни ентузијасти нудат ненадминати оптички перформанси во опкружувања со лоши услови и слаба осветленост.

Филтер за објективи EOS R

За користење објективи EF и EF-S со системот EOS R е потребен адаптер за прикачување EOS R, што нуди целосна компатибилност без загуби во перформансите.

49 Производи

49 Производи

Применети филтри

  • Објектив со извонредно широк агол

    RF 10-20mm F4L IS STM

    Повеќе извонредно широки фокусни должини во пренослив и професионален објектив со зум

  • Објективи RF

    RF 100-300mm F2.8L IS USM

    Компактен, лесен и професионален објектив со телефото зум и f/2,8 што нуди извонредна острина и брзина со ненадмината флексибилност.

  • Објектив со телефото зум

    RF 100-400mm F5.6-8 IS USM

    Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења.

  • Објективи RF

    RF 100-500MM F4.5-7.1 L IS USM

    RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM нуди остра слика и разновидни опции благодарение на извонредниот телефото опсег и стабилизацијата на слика со 5 чекори, вградени во компактно куќиште.

  • Макро објектив

    RF 100mm F2.8L Macro IS USM

    RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L.

  • Објективи RF

    RF 1200mm F8L IS USM

    Телефото објектив со извонреден опсег од RF-серија со фокусна должина од 1200 mm којшто е предвиден за напредно рачно користење и снимање неверојатни фотографии од диви животни, спорт и детали во далечината.

  • Телефото објектив

    RF 135mm F1.8L IS USM

    Телефото објектив од 135 mm од серијата L со брза и светла решетка f/1,8 и стабилизација на слика со 5,5 чекори за креативно фотографирање и во текот на денот и во ноќта.

  • Објектив за зумирање со извонредно широк агол

    RF 14-35mm F4L IS USM

    Извонредно широкиот објектив RF од Canon опфаќа детали со прецизност карактеристична за серијата L, од 14 до 35 mm, и го олеснува држењето на фотоапаратот благодарение на стабилизацијата на слика со 5,5 чекори.

  • Извонредно широкоаголен објектив со зум

    RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM

    Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење.

  • Објективи за EOS R

    RF 15-35mm F2.8L IS USM

    Серијата L се одликува со извонредно широк агол и неверојатна острина благодарение на оптичкиот квалитет и стабилизацијата на слика со 5 чекори за динамички агли дури и во тесни простори

  • Објективи RF

    RF 16-28mm F2.8 IS STM

    Компактен и извонредно широкоаголен објектив со зум од 16-28 mm, со брза решетка f/2,8 и стабилизација на слика, совршен за патувања и пејзажи.

  • Широкоаголен објектив

    RF 16mm F2.8 STM

    Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.

12 / 49 резултати

Компатибилност со приклучокот EOS R RF

Системот EOS R ги наследува сите предности што ги нуди системот EOS и неговата палета на објективи и нуди целосна компатибилност со постоечките објективи EF и EF-S преку адаптери, како и со палетата на блицови и дополнителна опрема Speedlite.

Може да ве интересира и...

EOS R8

Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.

Алатка за избирање објективи

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

RF 24-50MM F4.5-6.3 IS STM

Мал и лесен објектив со зум од 24-50 mm од серијата RF што може да го користите секој ден за патувања, пејзажи и многу повеќе.

EOS R3

Со брзина како суштинска карактеристика, ова е фотоапарат без огледала што го чекаа професионалните фотографи за спорт, вести и диви животни.

Систем EOS R

Приклучокот за објективи на системот EOS R нуди поголеми креативни можности за да го доловите секој момент.

EOS R5

Професионален и врвен фотоапарат за целосна слика без огледало кој им нуди фотографии со висока резолуција и 8K-видео на фотографите и режисерите.

EOS R

Револуционерен фотоапарат за целосна слика без огледало што поставува нови стандарди за фотографите и снимателите.

EOS RP

Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.

EOS Ra

Снимајте го ноќното небо со неверојатна острина и доловете повеќе детали како никогаш досега.

EOS DSLR-фотоапарати

Нашата палета на EOS DSLR-фотоапарати нуди извонреден квалитет на слика, независно од вашето професионално искуство.

Фотоапарати EOS M

Моќ на DSLR-фотоапарат во куќиште на компактен APS-C-фотоапарат без огледало.

Redline Challenge предизвик

Прифатете го предизвикот што го постави Lorenz Holder за да добиете шанса да освоите опрема од Canon што вреди повеќе од 14.000 €, како и ексклузивна задача за фотографирање под менторство на Lorenz.

1 / 10