Canon АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-EOS R 0,71x

Адаптер RF-EF за користење на широката палета EF-објективи од Canon со камерата EOS C70.

Спецификации

  • Зголемување

    0,71x

  • Компактност

    77,2 x 76,6 x 20,7 mm прибл.

  • Мала тежина

    200 g

Новиот фирмвер е достапен од 3 декември 2021 година и нуди дополнителна поддршка за објективи преку адаптерот за монтирање 0,71x и многу повеќе. Отворете го линкот за да најдете повеќе информации и за да го преземете сега.

Адаптирајте ги EF-објективите за да ги користите со системот RF Super 35 mm

АДАПТЕРОТ ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-EOS R 0.71x е адаптер со EF-кон-RF-приклучок што овозможува користење на широката палета на EF-објективи за целосна слика од Canon со EOS C70.
EF-објектив прикачен на RF-приклучок, АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-кон-RF R 0,71x

Добијте агол на гледање во формат за целосна слика

Адаптерот го нуди истиот агол на гледање ако користите објективи за целосна слика во комбинација со сензорот од форматот Super 35 mm на EOS C70, преку адаптирање на фокусната должина за фактор од 0,71x од форматот за целосна слика во форматот Super 35 mm.
Некој држи EOS C70 со RF-објектив, формат за целосна слика, формат Super 35 mm

Посветло за едно ниво

Со намалување на фокусната должина на објективот, АДАПТЕРОТ ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-EOS R 0.71x го зголемува преносот на светлина, а притоа ефикасно ја зголемува вредноста f на објективот. На пример, објективот со F2,8 добива вредност од приближно F2,0 за снимање при слаба осветленост и помал шум на сигналот.
АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-кон-RF R 0,71x, зголемен пренос на светлина

Врвна комуникација помеѓу објективот и куќиштето

Помеѓу EF-објективите и фотоапаратот има максимална комуникација, со поддршка за Dual Pixel CMOS AF1, како и периферно осветлување и корекција на хроматската аберација. Адаптерот пренесува информации од објективот што се прикажуваат на екранот (има поддршка за вредноста F, фокусната должина и метаподатоците на објективот).
АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-кон-RF R 0,71x, извонредна комуникација помеѓу објективот и куќиштето, Dual pixel CMOS AF, корекција на хроматската аберација, периферно осветлување

Конструкција без компромиси

Вклучените подлоги за прицврстување се дизајнирани за сигурност и издржливост и се наменети да го прицврстат адаптерот за куќиштето со четири завртки. Снимајте сигурно дури и кога користите големи и тешки објективи.

АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-кон-RF R 0,71x, издржливост, подлоги за прицврстување

Дали сакате да ве контактира претставник на Canon?

Пополнете го краткиот формулар за да побарате да ве контактира специјалист за производи од Canon.

Добијте инспирација, пријавете се веднаш

Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.
EOS C70, што содржи кутијата

Што содржи кутијата

  • АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ EF-EOS R 0,71x

  • 2 x подлоги за прицврстување и 4 x завртки

Слични производи

  • Систем Cinema EOS

    EOS C70

    EOS C70 е нова генерација на камера Cinema EOS со RF-приклучок и DGO 4K-сензор во формат Super 35 mm што е дизајниран да ги спои дигиталните фотоапарати со заменливи објективи и камерите Cinema.

Други адаптери со RF-приклучок

  • АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ

    Прикачувајте објективи EF-S и EF на EOS C70 и EOS R без напор.

    • RF-приклучок за објективи наменет за системот EOS R од Canon
    • Професионална употреба
    • Заштита од лоши временски услови и отпорност на прав и влага
  • АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ

    Прстенот за контрола е приспособлив за рачна контрола на поставките.

    • RF-приклучок за објективи со приспособлив прстен за контрола
    • Професионална употреба
    • Прилагодувајте ги поставките на фотоапарат без да го тргнете окото од визирот
  • АДАПТЕР ЗА МОНТИРАЊЕ ОБЈЕКТИВИ

    Овозможува користење внатрешни филтри за ND и поларизација.

    • Дизајниран за употреба со системот EOS R
    • Внатрешен и променлив ND-филтер за менување на експозицијата и создавање ефекти
    • Лесно се прилагодува и кога окото ви е прилепено до фотоапаратот
  1. Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.
  2. Комбинацијата од одредени модели на објективи и поставки на објективи може да предизвика ефект на вињета по рабовите на сликата доколку го користите адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R 0,71x