Canon MP-E 65mm f/2.8 1-5x Macro Photo

Специјален макро објектив со зголемување до 5x во однос на реалната големина, кој доловува детали што не може да се забележат со човечкото око

Придобивки

  • Фокусна должина од 65mm (формат од 35mm)

  • Рачен фокус и вграден прстен за статив

  • Најмало растојание на фокусирање од 24cm, зголемување на вистинската големина до 5x

  • UD елемент на објектив

  • Големина на филтер од 58mm

Детални карактеристики

  • Уникатен објектив со рачен фокус, ексклузивно дизајниран за макро фотографирање

    MP-E65mm f/2,8 1-5X е идеален за многу мали предмети кои може да ги сними со зголемување на нивната вистинска големина до 5x. Дизајнот на објективот содржи елементи од UD стакло за намалување на хроматската аберација која најчесто станува видлива при голем зум. Доколку сакате да фотографирате со блиц, можете да прикачите Macro Ring Lite MR-14EX или Macro Tin Lite MT-24EX.

  • Super Spectra слој

    Слоевите Super Spectra придонесуваат за прецизно балансирање на боите и добивање на висок контраст, како и отстранување на одблесоците и привидните облици преку апсорбирање на светлината која се рефлектира од внатрешните елементи од објективот и дигиталниот сензор.

  • Ги пренесува податоците за оддалеченост до E-TTL II

    Објективот ги пренесува податоците за оддалеченост назад до E-TTL II системот за блиц на фотоапаратот, за да обезбеди оптимално мерење на блицот во секоја прилика за фотографирање.