Примарни објективи
Нудат спој од квалитет на слика, компактна големина и широки максимални решетки.
Објективи RF и RF-S
Предвидени за употреба со фотоапаратите со EOS R-систем, објективите RF и RF-S нудат подобар квалитет, брзина и функционалност благодарение на врвната оптичка технологија и дизајн.
-
RF 24mm F1.4L VCM
Бидете креативни, за исклучителен квалитет на слика во широкоаголни фотографии или видеоснимки. -
RF 50mm F1.4L VCM
Професионален хибриден стандарден објектив за креативни фотографии и видео. -
RF-S 7.8mm F4 STM DUAL LENS
Доловете го вашиот свет во стереоскопски 3D со најновиот објектив за VR од Canon. -
RF 35mm F1.4L VCM
Професионален хибриден објектив со мала тежина и голема ширина за креативни фотографии и видеозаписи. -
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
RF 50mm F1.2L USM
Примарен објектив со 50 mm и f/1,2 за извонредна острина, како и одлични перформанси при слаба осветленост. -
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла. -
RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE
Доловете го светот во неверојатна виртуелна реалност со овој револуционерен објектив од серијата L што е дизајниран за беспрекорни работни процеси со виртуелна реалност. -
RF 16mm F2.8 STM
Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини. -
RF 28mm F2.8 STM
Тенок и лесен објектив во вид на „палачинка“ за фотографирање при патувања и улично фотографирање, со повеќенаменска фокусна должина од 28 mm и брза максимална решетка f/2,8. -
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика. -
RF 85mm F1.2L USM
RF 85mm F1.2L USM нуди беспрекорна острина за портрети, врвни перформанси при слаба осветленост и креативен потенцијал. -
RF 85mm F1.2L USM DS
RF 85mm F1.2L USM DS нуди беспрекорна острина и неверојатно рамномерни ефекти на дефокусирање за да снимате извонредни портрети со кои ќе го реализирате вашиот креативен потенцијал. -
RF 85mm F2 MACRO IS STM
Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште. -
RF 100mm F2.8L Macro IS USM
RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L. -
RF 135mm F1.8L IS USM
Телефото објектив од 135 mm од серијата L со брза и светла решетка f/1,8 и стабилизација на слика со 5,5 чекори за креативно фотографирање и во текот на денот и во ноќта. -
RF 400mm F2.8L IS USM
Овој извонреден телефото објектив со RF-приклучок е моќен и пренослив со неверојатен квалитет на слика што е идеален за фотографите за диви животни, акција и спорт. -
RF 600mm F4L IS USM
Извонреден телефото објектив со врвен квалитет на слика во пренослив дизајн со високи перформанси за системот RF. -
RF 600mm F11 IS STM
Револуционерен објектив со извонреден телефото опсег што е компактен, лесен и идеален за фотографирање диви животни, патувања и сафари или фотографирање возови. -
RF 800mm F5.6L IS USM
Телефото објектив со извонреден опсег од RF-серија со фокусна должина од 800 mm за напредно користење и дизајн којшто ќе ги помести вашите креативни граници. -
RF 800mm F11 IS STM
Компактен, лесен и моќен објектив со извонреден телефото опсег што првично е наменет за ентузијастите кои фотографираат диви животни и на кои им треба огромен дострел. -
RF 1200mm F8L IS USM
Телефото објектив со извонреден опсег од RF-серија со фокусна должина од 1200 mm којшто е предвиден за напредно рачно користење и снимање неверојатни фотографии од диви животни, спорт и детали во далечината.
Објективи EF, TS-E, MP-E
Откријте висококвалитетни, брзи и сигурни објективи EF за нашите DSLR-фотоапарати од Canon. Објективите со EF-приклучок се компатибилни со сите постоечки фотоапарати EOS, вклучувајќи ги и фотоапаратите од новите серии EOS R и EOS M, доколку се користат со соодветниот адаптер за објективи.
-
EF 14mm f/2.8L II USM
Објектив од серија L дизајниран за прецизност со извонредно широк агол и праволиниски дизајн за корекција на изобличувањата. -
EF 20mm f/2.8 USM
Овој објектив се одликува со широк агол на гледање и брза решетка, поради што е идеален за снимање пејзажи и репортажи. -
EF 24mm f/1.4L II USM
Широкоаголен објектив за професионалци со оптика од серијата L и брза решетка од f/1.4, кој е идеален за фотографирање при слаба осветленост. -
EF 24mm f/2.8 IS USM
Објектив со високи перформанси, стабилизација на слика и решетка од f/2.8, кој е совршен за фотографирање при слаба осветленост и кога патувате. -
EF 28mm f/1.8 USM
Широкоаголен објектив со голема максимална решетка кој е идеален за рачно фотографирање при слаба осветленост. -
EF 28mm f/2.8 IS USM
Благодарение на вградената стабилизација на слика и решетката од f/2.8, овој широкоаголен објектив е одличен за секаква намена. -
EF 35mm f/1.4L II USM
Широкоаголен објектив од професионална класа со природна перспектива, решетка од f/1.4 и можност за фотографирање при слаба осветленост. -
EF 35mm f/2 IS USM
Широкоаголен објектив со природна перспектива и стабилизација на слика, кој е идеален за рачно фотографирање -
EF 40mm f/2.8 STM
Компактен објектив во вид на „палачинка“ со брза решетка кој е одличен за фотографирање за време на патувањата и општо фотографирање. -
EF 50mm f/1.8 STM
STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети. -
EF 50mm f/1.4 USM
USM објектив со високи перформанси и решетка од f/1.4 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети. -
EF 50mm f/1.2L USM
Професионален USM објектив од серија L со решетка од f/1.2 за фотографирање при слаба осветленост и обемна контрола на длабочината на полето. -
EF 85mm f/1.4L IS USM
Уживајте во совршени портрети со извонреден телефото објектив. -
EF 100mm f/2 USM
USM објектив со среден телефото опсег кој е идеален за портрети и затворени спортови, благодарение на неговата широка решетка од f/2. -
EF 100mm f/2.8 Macro USM
Макро објектив со високи перформанси за целосна слика со решетка од f/2.8, кој е одличен и за портрети. -
EF 100mm f/2.8L Macro IS USM
Погледнете го објектот од поблиску... -
EF 135mm f/2L USM
Професионален телефото објектив од серија L со широка решетка од f/2 кој е идеален за портрети и фотографирање при слаба осветленост. -
EF 200mm f/2L IS USM
Професионален телефото објектив од серија L со решетка од f/2 и стабилизација на слика, наменет за фотографирање при слаба осветленост и затворени спортови. -
EF 200mm f/2.8L II USM
Професионален и примарен телефото објектив од серија L со широка решетка од f/2.8. -
EF 300mm f/2.8L IS II USM
Професионален и спортски објектив од серија L со извонреден телефото опсег, широка решетка од f/2.8 и стабилизација на слика. -
EF 300mm f/4L IS USM
Пренослив објектив од серија L со стабилизација на слика и решетка од f/4. -
EF 400mm f/2.8L IS III USM
Најлесниот телефото објектив* во светот за извонредно квалитетни слики од спорт, диви животни и брзи случувања -
EF 400mm f/4 DO IS II USM
Извонреден телефото објектив со оптика за дисперзија, за покомпактен и полесен спортски објектив со високи перформанси. -
EF 400mm f/5.6L USM
Компактен и извонреден телефото USM објектив од серија L со решетка од f/5.6 за фотографирање надворешни спортови и фотографирање на животот во дивината. -
EF 500mm f/4L IS II USM
Објектив од серија L со неверојатно високи перформанси, стабилизација на слика и решетка од f/4 кој е идеален за фотографирање на животот во дивината. -
EF 600mm f/4L IS III USM
Неверојатно лесен објектив од 600 mm со f/4 што е совршен за професионалните фотографи за диви животни, спорт и вести -
EF 800mm f/5.6L IS USM
Екстремен и извонреден телефото USM објектив кој е идеален за доловување помали предмети на голема оддалеченост.
Објективи EF-S
Објективите EF-S се компатибилни со фотоапарати од сериите EOS R и EOS M, доколку се користат со соодветниот адаптер за објективи, а притоа се лесни и произведуваат извонредни слики наменети за DSLR-фотоапарати со APS-C-сензори.
-
EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM
Иновативен макро објектив со минимално работно растојание од 3 cm и вграден Macro Lite за осветлување на објектите. -
EF-S 60mm f/2.8 Macro USM
Макро USM објектив со голема решетка од f/2.8 кој нуди прекрасни детали што не може да се забележат со човечкото око. -
EF-S 24mm f/2.8 STM
Компактен фиксен објектив со достапна цена, STM и решетка од f/2.8, кој е идеален за фотографирање за време на патувањата и улично фотографирање.