Inspection EOS R6

Canon RF 100-500MM F4.5-7.1 L IS USM

Доближете се до далечните сцени и ставете го субјектот во прв ред благодарение на извонредната моќ за доближување од 100-500 mm и разновидната примена на овој објектив со зум што нуди детали, острина и извонредни перформанси за телефото.

Телефото зум со извонредна моќ

CANON RF 100-500MM F4.5-7.1 L IS USM

Добијте врвни перформанси со дострел до 500 mm

Одликувајќи се со опсег за зумирање од 100-500 mm во компактно и преносливо куќиште, овој објектив е идеален за патување и фотографирање диви животни, а неговиот опсег може да се зголеми уште повеќе со помош на изборните додатоци за продолжување од 1,4x и 2x.

Фокусна должина од 100 mm

Фокусна должина од 400 mm

Фокусна должина од 500 mm

Добијте одличен контраст и острина

Разликата во вашите слики ќе биде забележлива низ целиот опсег на зумирање благодарение на квалитетот на слика од серијата L, леќата Super UD и шесте леќи UD, како и стабилизацијата на слика со 5 чекори за резултати без тресење на фотоапаратот.

RF 100-500mm F4.5-7.1L IS USM_RML_SAMPLE_19_HERO.tif

Брз, рамномерен и речиси бесшумен AF

Двата Nano USM-мотори овозможуваат брз, рамномерен и речиси бесшумен AF, а групата лебдечки елементи на објективот ја прошируваат разновидната примена со минимално кратко фокусно растојание од 0,9 m.

Canon Camera

Носете го објективот насекаде со вас

Со тежина од 1530 g заедно со приклучокот за статив и должина од 207 mm кога е во вовлечена положба, објективот со телефото зум RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM може да го носите насекаде. Заштитата од прав и вода, како и слојот за заштита од топлина, ја зголемуваат неговата издржливост.

Не тргајте го погледот од субјектот никогаш

Останете фокусирани на доловување на совршениот момент благодарение на прстенот за контрола на објективот што овозможува менување повеќе поставки на фотоапаратот, како што се брзината на блендата или решетката.

Canon Camera

Одличен објектив за...

Диви животни

Добијте одлична флексибилност и поголем дострел (отколку со стандарден објектив од 100-400 mm) со фокусниот опсег од 100-500 mm. Перформансите се гарантирани благодарение на ASC-слоевите на објективот и заштитата од лоши временски услови, поради што овој објектив е совршен за опкружувања со лоши услови.

Спорт

Импресивна оптичка стабилизација на слика со 5 чекори (стандард CIPA) - до 6 чекори во комбинација со вградената оптичка стабилизација и оптичката стабилизација на EOS R5 и EOS R6 - и два нано USM-мотори за AF, надополнети со Super UD-елементи и UD-елементи на објективот, што значи дека RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM нуди снимање остри и стабилни слики од многу брзи движења.

Спецификации

  • Фокусна должина од 100-500 mm

    За извонреден телефото опсег и разновидна примена

  • Стабилизација на слика со 5 чекори

    За врвна контрола при рачно користење, дури и при слаба осветленост

  • Super UD-елементи и UD-елементи

    За исклучително остри слики

  • Два Nano USM-мотори

    За рамномерно, брзо и речиси бесшумно ракување

  • Слој за заштита од топлина

    За доследно функционирање при високи температури

  • ASC (сферичен воздушен слој)

    Спречува одблесоци и отсјај

  • Контролен прстен на објективот

    За дополнителна контрола врз ISO, решетката и брзината на блендата

Што содржи кутијата

  • RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM

  • Сенило за објектив ET-83F (WIII)

  • Капаче за објектив E-77 II

  • Капаче за заштита од прав за објективи RF

  • Торбичка за објектив LZ1328

  • Прстен за монтирање статив F (WIII)

Comparison with the EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM

RF 100-500MM F4.5-7.1 L IS USM

RF 100-500mm F4.5-7.1 L IS USM

EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM

EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM

Mount

RF
EF

Focal length

100-500 mm
100-400 mm

Maximum aperture

f/4.5-7.1
f/4.5-5.6

Minimum aperture

f/32-51
f/32-40

Minimum focusing distance

0.9 m -1.2 m
0.98 m

Maximum magnification

0.33 x
0.31 x

Lens construction

20 elements in 14 groups
21 elements in 16 groups

Special low dispersion glass

One Super UD, six UD
One Fluorite, one Super UD

Special coating

ASC, fluorine coating
ASC, fluorine coating

Water/dust-resistance

Supported
Supported

Aperture blades

9 (circular)
9 (circular)

IS (CIPA standard correction effect)

Yes, 5-stops (6-stops combined with IBIS with EOS R5 & EOS R6)
Yes (4-stops)

Filter diameter

Φ77 mm
Φ77 mm

Maximum diameter and length

Approx. 93.8 mm x 207.6 mm
Approx. 94 mm x 193 mm

Weight

Approx. 1,370 g
(tripod mount separate)
Approx. 1,570 g
(tripod mount separate)

Дополнителна опрема за објективи

Extender RF 1.4x

Extender RF 1.4x нуди острина од класата на серијата RF и разновидна примена со 1,4x поголем зум што го зголемува дострелот на компатибилните објективи со стандарден и телефото зум од серијата RF.

Extender RF 2x

Extender RF 2x нуди острина од класата на серијата RF и разновидна примена со 2x поголем зум што двојно го зголемува дострелот на компатибилните објективи со стандарден и телефото зум од серијата RF.

Сенило за објектив ET-83F (WIII)

Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.

Торбичка за објектив LZ1328

Заштитна мека торбичка за одредени објективи.

Слични производи

Може да ве интересира и...

Објективи RF

Објективите RF нудат повисок квалитет и брзина со перформанси кои се оптимизирани за фотоапаратот EOS R. Тие се брзи и светли со уникатни квалитети кои нудат нови нивоа на интуитивна контрола.

Алатка за избирање објективи

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Адаптери за EOS R

Адаптерите за системот EOS R се уникатни и нудат дополнителна креативна контрола, овозможувајќи им на фотографите и снимателите да ги користат нивните постојни објективи EF и EF-S со целосна компатибилност и без загуби во перформансите.

Систем EOS R

Од напредно фотографирање и снимање па сè до совршен лесен придружник за патување, палетата EOS R ви нуди решение за целосна слика за сите етапи од вашето креативно патување.