Canon RF 1200mm F8L IS USM
Снимајте оддалечени субјекти со одлична креативна контрола благодарение на RF 1200mm F8L IS USM; екстремно лесен телефото објектив сo извонреден опсег и фокусна должина од 1200 mm, максимална решетка од F8 и стабилизација на сликата со 4 чекори. Беспрекорен објектив предвиден за создавање неверојатни слики.
НЕВЕРОЈАТНА МОЌ. ИЗВОНРЕДНИ ДЕТАЛИ.
Далечината и квалитетот не се проблем за RF 1200mm F8L IS USM. Со стабилизацијата на слика со 4 чекори, максималната решетка од F8 и лесното куќиште од магнезиумска легура, овој телефото објектив со извонреден опсег нуди рачна контрола и врвен квалитет на сликата. Благодарение на одличното инженерство на Canon, можни се нови нивоа на неверојатни детали дури и кога субјектот е далеку.
Погледнете ги сите спецификацииRF 1200mm F8L од Canon е најдобар за
Фотографирање диви животни
Спорт
Астрофотографија
Надзор
Максимален дострел, максимален квалитет
RF 1200mm F8L IS USM создава неверојатни телефото слики и ја нуди најдолгата стандардна фокусна должина за фотоапарати без огледало. Објективот ги надминува сите очекувања благодарение на практичната решетка од F8 и стабилизацијата на слика со 4 чекори1 што создаваат извонредни резултати во услови на слаба осветленост.
Зачудувачки практичен со извонредни резултати
Најмоќниот телефото објектив од Canon нуди и многу разновидни опции. Оптимизираната распореденост на тежината влева сигурност, а флуоритните, UD и Super UD-елементи на објективот со напредни слоеви овозможуваат создавање на неверојатни фотографии.
Издржливост и брзи перформанси за извршување на секоја задача
Дизајнот на објективот RF 1200mm F8L IS USM од серијата L е создаден за практично користење и има минимално фокусно растојание од 4,3 m, а тоа придонесува за значително подобри перформанси. Слој боја за заштита од топлина ја штити оптиката од внатрешноста, а флуорот на надворешните елементи обезбедува заштита од прашина и влага.
Создаден за серијата EOS R
RF 1200mm F8L IS USM се наоѓа на врвот на палетата објективи од Canon. Механизмот на решетката нуди чекори на зголемување од 1/8, што е идеално за снимање видеоприкази, а системот за стабилизација на сликата ја надополнува вградената стабилизација на сликата за да обезбеди целосна стабилност.
Прилагодлива контрола со вистинска практичност
RF 1200mm F8L IS USM нуди многубројни прилагодливи опции со два однапред поставени параметри за фокусот и прилагодливо копче за запирање на AF. Целосно е компатибилен со додатоците за продолжување RF, а можете да ја смените дури и насоката на фокусирање доколку се префрлите на Canon од друг систем.
Спецификации
-
Фокусна должина од 1200 mm
-
Максимална решетка F/8
-
Стабилизација на слика со 4 чекори1
-
Дијафрагма со 9 сечила
-
Прилагодливи контроли
-
RF-приклучок
Добијте инспирација, пријавете се веднаш
Што содржи кутијата
Сѐ што ви е потребно за да снимате неверојатни слики од оддалечени субјекти
-
RF 1200mm F8L IS USM
-
Капаче за објектив E-185C
-
Сенило за објектив ET-160 (WIII)
-
Мека торбичка за објектив LS1200
-
Широк ремен за објектив
Дополнителна опрема
-
RF 2x
Додатокот за продолжување RF 2x нуди острина и разновидна примена со 2x поголем зум што двојно го зголемува дострелот на компатибилните објективи со стандарден и телефото зум од серијата RF. -
RF 1.4x
Додатокот за продолжување RF 1,4x нуди острина и разновидна примена со 1,4x поголем зум што го зголемува дострелот на компатибилните објективи со стандарден и телефото зум од серијата RF.
Слични производи
-
RF 800mm F5.6L IS USM
Телефото објектив со извонреден опсег од RF-серија со фокусна должина од 800 mm за напредно користење и дизајн којшто ќе ги помести вашите креативни граници. -
RF 400mm F2.8L IS USM
Овој извонреден телефото објектив со RF-приклучок е моќен и пренослив со неверојатен квалитет на слика што е идеален за фотографите за диви животни, акција и спорт. -
RF 600mm F4L IS USM
Извонреден телефото објектив со врвен квалитет на слика во пренослив дизајн со високи перформанси за системот RF.