Canon RF 14-35mm F4L IS USM

Проширете ги границите на вашиот свет - снимајте секаква содржина, од пејзажи до архитектура, со остри и јасни детали низ целата површина со помош на компактниот широкоаголен објектив за зумирање во којшто се спојуваат перформансите и практичноста.

Откријте поширок свет

Дознајте како да го користите RF 14-35mm F4L IS USM за да постигнете неверојатно креативни резултати

Снимајте широко. Снимајте уште пошироко.

RF 14-35mm F4L IS USM комбинира одлични оптички перформанси со извонредна флексибилност. Максималната решетка од F4 останува иста низ целиот опсег на фокусни должини, поради што нема промени во брзината на блендата или вредноста за ISO при зумирањето.

При 14 mm, можете да го исполните кадарот со огромен број на детали, со што ќе го направите ефективен и најтесниот простор.

Со зумирање до 20 mm, објективот доловува солиден широк приказ, а окото започнува да го фокусира предметот.

При 35 mm, аголот на гледање е речиси ист како тој со човечкото око, со приближно неутрална перспектива.

Опсег на зумирање со извонредно широк агол од 14 до 35 mm

Компактниот широкоаголен зум ги комбинира одличните оптички перформанси со флексибилност, поради што е одличен за снимање пејзажи, архитектура, патувања и видеоприкази, при што создава јасни и впечатливи фотографии.
Canon Camera

Непроменлива решетка од F4

Максималната решетка од F4 останува иста низ целиот опсег на фокусни должини, поради што нема промени во брзината на блендата или вредноста за ISO при зумирањето.
RF 14-35mm F4L IS USM

Одличен оптички квалитет

RF 14-35mm F4L IS USM користи комбинација од асферични елементи за постигнување острина низ опсегот на фокусни должини, како и UD-елементи (извонредно ниска дисперзија) со препознатливите ASC и SWC-слоеви од Canon.
Canon Camera

Слики без тресење на фотоапаратот

RF 14-35mm F4L IS USM снима стабилни фотографии, особено при рачно фотографирање во услови на слаба осветленост. Технологијата за стабилизација на сликата со 5,5 чекори се унапредува и до 7 чекори кај фотоапаратите коишто се опремени со вградена напредна стабилизација на сликата.
Canon Camera

Брзо и прецизно

Уживајте во брзото и прецизно фокусирање благодарение на моторот Nano USM којшто овозможува моментално и тивко автоматско фокусирање со исклучителна рамномерност, што е идеално за снимање видеоблогови, како и за видеографите.
Canon Camera

Интуитивна контрола за брзо доловување на моментите

RF 14-35mm F4L IS USM содржи прилагодлив контролен прстен на објективот за брзо прилагодување на вредноста на ISO, решетката или промена на режимот за AF, без да го тргнете погледот од она што го снимате.
Canon Camera

Легендарна издржливост на серијата L

Фотографирајте безбедно во секакви услови благодарение на квалитетот карактеристичен за серијата L којашто нуди заштита од лоши временски услови преку слоеви од флуор со цел обезбедување на оптимална отпорност од капки вода и прав.
Canon Camera

Откријте ги трите задолжителни RF-објективи за зумирање со решетка од F4

Трите објективи за зумирање со решетка од F4 нудат компактен и лесен начин за снимање на извонредни фотографии и беспрекорни видеоснимки. Кликнете на копчето подолу за повеќе информации.

Одличен објектив за…

RF 14-35mm F4L IS USM е повеќенаменски објектив со извонредно широк агол во серијата RF од Canon, којшто нуди многу креативни можности.

Одличен објектив за снимање згради

Снимајте широкоаголни фотографии и доловувајте перспективи со креативен жар којшто ги оживува зградите и собите.

Одличен објектив за патувања и пејзажи

Освежете го видното поле и внесете огромен број на детали од заднината во авантурите во природа.

Одличен објектив за снимање видеоприкази и видеопроекти

Понесете го објективот со себе кога ќе го снимате следниот видеоблог или видеопроект за да создадете извонредни, тивки снимки.

Спецификации

  • 14-35 mm

    Извонредно широкоаголно видно поле

  • Стабилизација на слика

    Стабилизација на слика со 5,5 чекори за слики без тресење на фотоапаратот

  • Асферични и UD-елементи

    За исклучителна острина и контраст

  • Nano USM-мотор

    За рамномерно, брзо и бесшумно ракување

  • Слој со структура со суб-бранова должина

    Спречува одблесоци и отсјај

  • Контролен прстен за објективот

    За дополнителна контрола врз ISO, решетката или други функции

Пријавете го вашиот интерес за RF 14-35mm F4L IS USM

Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за настани.

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за да доловите повеќе од светот

  • RF 14-35mm F4L IS USM

  • Сенило на објектив EW-83P

  • Мека торбичка за објектив LP1219

  • Капаче за објектив E-77 II

Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Споредба

Погледнете ја споредбата помеѓу RF 14-35mm F4L IS USM и сличните модели од палетите EF и RF

RF 14-35mm F4L IS USM

RF 14-35mm F4L IS USM

RF 15-35mm F2.8L IS USM

RF 15-35mm F2.8L IS USM

EF 16-35mm f/4L IS USM

EF 16-35mm f/4L IS USM

Чекори за стабилизација на сликата

5,5 чекори
5 чекори
5 чекори

Вид на објектив

Фотоапарати без огледало
Фотоапарати без огледало
DSLR

Мин. фокусно растојание

0,20 m
0,28 m
0,28 m

Максимално зголемување на сликата

0,38x
0,22x
0,23x

Изработка на објективот

16 објективи во 12 групи
16 објективи во 12 групи
16 објективи во 11 групи

Специјална оптика

3 UD /3 асферични
1 UD /3 асферични
2 UD /3 асферични

Големина на филтерот

Φ77 mm
Φ82 mm
Φ77 mm

Отпорност на сите временски услови

Да
Да
Да

Вкупна должина

99,8 mm
126,2 mm
112,8 mm

Максимален дијаметар

Φ84,1 mm
Φ88,5 mm
Φ82,6 mm

Тежина

540 g
840 g
615 g