Објективи за EOS R
Canon RF 15-35mm F2.8L IS USM
Најбрзиот објектив за зумирање со извонредно широк агол од Canon е дел од трите неопходни професионални објективи што се одликуваат со Nano USM-мотор, стабилизација на слика со 5 чекори и 3 асферични и 2 UD-елементи за неверојатна острина.
Брз и широк - врвен објектив за зумирање со извонредно широк агол за професионалци
Снимајте повеќе, дури и при слаба осветленост, со овој брз RF-објектив од серијата L што се одликува со извонредно широк агол, зум од 15-35 mm, f/2,8 и 5 чекори за стабилизација на сликата - идеален кога иновативните агли може да направат голема разлика.
Погледнете ги сите спецификацииДоловување на натпреварувачкиот дух
Опуштете се и погледнете го филмот што прикажува како наградуваниот фотограф Matthew Joseph за реклами и животен стил ја доловува подготовката и обуката на елитен веслачки тим со EOS R и објектив RF со зум од 15-35 mm.
Одличен објектив за…
-
ЖАНР
Креативни движења
Искористете го извонредно широкото видно поле на објективот со зум од 15-35 mm за да опфатите многу дополнителни детали и случувања исполнети со бои и контраст и откријте нов подинамичен начин за доловување движења.
-
ЖАНР
Пејзажи и архитектура
Спуштете го фотоапаратот ниско за да добиете нови и возбудливи агли и добијте стабилизација на слика со 5 чекори за снимање детали дури и при слабо осветлување.
-
ЖАНР
Патувања и репортажа
Благодарение на компактната големина, извонредниот квалитет на изработка на серијата L и брзата максимална решетка може да бидете сигурни дека овој објектив ќе ја раскаже вашата приказна со детали и острина, независно од ситуацијата
Брза и широка
Доловувајте нови креативни агли благодарение на овој објектив за зумирање со f/2,8 што се одликува со фокусна должина од 15-35 mm и напредна стабилизација на сликата со 5 чекори
Извонреден оптички квалитет
Подигнете ги стандардите на вашето фотографирање благодарение на трите асферични и двата UD-елементи на објективот, напредните оптички слоеви и блендата со 9 сечила
Брзо и прецизно
Добијте брзо и прецизно фокусирање благодарение на Nano USM-моторот кој овозможува моментален и тивок автоматски фокус со исклучителна рамномерност
Квалитет на изработка како серијата L
Фотографирајте сигурно во сите услови благодарение на квалитетот на серијата L со заштита од лоши временски услови и слоеви од флуор на предните и задните елементи за заштита од капки вода и прав
Реализирајте ја вашата креативна визија
Системот EOS R ги наследува сите придобивки од системот EOS како и од својата палета објективи, нуди целосна компатибилност со постоечките објективи EF и EF-S преку адаптери, како и со палетата на блицови и дополнителна опрема Speedlite.
Спецификации
-
F2,8
За врвни перформанси при слаба осветленост и мала длабочина на полето
-
Стабилизација на слика
Стабилизација на слика со 5 чекори за слики без тресење
-
Асферични и UD-елементи
За исклучително остри слики
-
Nano USM-мотор
За рамномерно, брзо и бесшумно ракување
-
Слој со структура со суб-бранова должина
Спречува одблесоци и отсјај
-
Контролен прстен за објективот
За дополнителна контрола врз ISO, решетката и блендата
Што содржи кутијата
-
RF 15-35MM F2.8L USM
-
Сенило за објектив EW-88F
-
Торбичка за објектив LP1222
-
Капаче за објектив
-
Капаче за објектив E-82 II
Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?
Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.
Во рацете на професионалците…
Дознајте како компанијата Canon ја заслужува својата репутација за неверојатни иновации и квалитет на слика и прочитајте повеќе за начинот на кој професионалците низ целиот свет ги користат нејзините фотоапарати и објективи.
-
НАПИС
Изработка на објективите од Canon
Погледнете зад сцената во фабриката за објективи Utsunomiya на Canon за да ги откриете инженерските достигнувања, иновациите и вештините што ги прават објективите од серијата L толку импресивни.
-
НАПИС
Фотографирање веслачи
Фотографот Matthew Joseph објаснува како фотографира движења со објективите RF со f/2,8 од Canon што опфаќаат извонредно широк, стандарден и телефото опсег на зумирање.
-
НАПИС
Фотографирање змејови од хартија на брегот со објектив за зумирање RF од Canon
Ulla Lohmann, амбасадорот на Canon, ги користеше објективите RF 15-35mm F2.8L IS USM од Canon и RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon за да ги долови случувањата на карневалот со разнобојни змејови од хартија.
Широкоаголни објективи
Слични производи
-
Објективи за DSLR
EF 16-35mm f/2.8L II USM
Професионален објектив за зумирање од серија L со извонредно широк агол и f/2.8, кој е идеален за фотографирање при слаба осветленост и репортажи. -
Објективи за DSLR
EF 16-35mm f/4L IS USM
Објектив од серија L со извонредно широк агол, високи перформанси и вградена технологија за стабилизација на слика. -
Објективи за DSLR
EF 24-70mm f/2.8L II USM
Професионален објектив за зумирање од серија L за секојдневно користење кој нуди висок квалитет на слика и фиксна решетка од f/2.8.