Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Овој мал, лесен и примарен објектив од 24 mm нуди комбинација од широк агол и брза решетка за креативно фотографирање, дури и при слаба осветленост. А благодарение на оптичката стабилизација на слика со 5 чекори1 и тивкиот автоматски фокус, тој е одличен и за снимање јасни и висококвалитетни видеоснимки.
Остра слика, мала тежина, широк агол
Од пејзажи до архитектура, овој лесен објектив ве охрабрува да ја истражите вашата креативна страна - дури и на оддалеченост од 14 cm. А благодарение на стабилизацијата на слика и тивкиот AF, тој е идеален и за снимање јасни и висококвалитетни видеозаписи.
Погледнете ги сите спецификацииДознајте како овој компактен и лесен RF-објектив од 24 mm, со своето широко видно поле и брза решетка, инспирира креативно фотографирање - дури и при слаба осветленост.
Извонредни пејзажи
Прекрасни слики исполнети со неверојатно остри детали
Разни опции за снимање видеоблогови
Широк приказ за да бидете и вие во кадарот
Бидете креативни со длабочината на полето
Осветлена решетка од f/1,8 за неверојатно рамномерни ефекти за дефокусирање дури и при слаба осветленост
Прекрасни макро слики
Фотографирајте на растојание дури до 14 cm и прикажете го субјектот со врвни детали во неговото опкружување
Појасни широкоаголни слики
Овој широкоаголен примарен објектив од 24 mm е создаден благодарение на супериорноста на RF-приклучокот од Canon. Компактен и лесен објектив со асферичен елемент и напредни слоеви кој снима висококвалитетни слики.
Брза и осветлена решетка, одлични резултати при слаба осветленост
Максималната решетка f/1,8 има кружен дизајн со 9 сечила што нуди врвни перформанси при слаба осветленост и создава прекрасни дефокусирани површини и заматени заднини.
Одлична острина, одлична стабилност
Оптичката стабилизација на слика со 5 чекори1 ви овозможува да користите помали брзини на блендата за рачно фотографирање, како и да снимате одлични видеозаписи со поголема стабилизација (6,5 чекори) доколку користите фотоапарат од серијата EOS R што има вградена стабилизација на слика.
Фокусирајте брзо и тивко, добијте остри слики и јасен звук
Тивкиот STM (чекорен мотор) на RF 24mm F1.8 MACRO IS STM брзо го фокусира вашиот субјект, дури и кога фотографирате субјекти кои се движат брзо.
Доближете се и прикажете ја целата сцена
Минималното фокусно растојание од 14 cm (зголемување од 0,5x или половина од реалната големина) е голема придобивка за снимање креативни широкоаголни слики и ви овозможува да се доближите многу блиску до субјектот и да го прикажете во неговата средина.
Интуитивна контрола на дофат на вашите прсти
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM има приспособлив прстен за контрола на објективот што овозможува прецизно прилагодување на ISO, решетката и менување на методот за AF, а има и наменски прстен за фокусирање наменет за прецизно рачно фокусирање.
Спецификации
-
Фокусна должина од 24 mm
Наменски примарен објектив за ентузијастите кои фотографираат пејзажи и имаат потреба од поквалитетни слики со помало изобличување.
-
Брза максимална решетка од f/1,8
Кружната решетка со 9 сечила ви овозможува да фотографирате при слаба светлина и да добивате прекрасни и дефокусирани светли тонови.
-
Оптичка стабилизација на слика со 5 чекори1
Нуди 5 чекори на заштита од заматување на сликата поради тресење на фотоапаратот, за да добиете остри резултати при слаба осветленост и јасни рачно снимени видеозаписи.
-
STM-мотор
Рамномерно и тивко фокусирање со голема брзина и прецизност; совршено и за фотографии и за видео
-
Функции за макро
Доближете се на 14 cm (зголемување од 0,5x) до вашиот субјект за да го исполните кадарот со детали
-
Компактен и лесен
Идеален за патување со торба во која слободниот простор е ограничен
-
Прстени за контрола на фокусот и објективот
Приспособливиот прстен за контрола на објективот овозможува контрола на поставките преку посебен прстен за фокусирање наменет за прецизно прилагодување на фокусот.
-
RF-приклучок
Објективот RF 24mm F1.8 MACRO IS STM може да се прикачи директно на вашиот фотоапарат од серијата EOS R без адаптер, овозможувајќи ви да ги искористите придобивките од неговиот напреден квалитет на слика
Споредба
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за да го доловите светот со поширока перспектива.
-
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
-
Капаче за објектив E-52 II
-
Задно капаче
-
Упатство за користење
Слична дополнителна опрема
-
Сенило за објектив EW-65B
Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци. -
Мека торбичка за објектив LP1016
Заштитна мека торбичка за одредени RF-објективи
Слични производи
-
Широкоаголен објектив
RF 16mm F2.8 STM
Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини. -
Објективи RF
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика. -
Стандарден објектив
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла. -
Објективи RF
RF 85mm F2 MACRO IS STM
Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште. -
Фотоапарати без огледало
EOS R
Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите. -
Фотоапарати без огледало
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
Фотоапарати без огледало
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
- До 6,5 чекори при користење на фотоапарат од серијата EOS R со вградена стабилизација на слика. И оптичката и комбинираната стабилизација на слика се мерат врз основа на стандардите CIPA.
- Измерено со стандардите CIPA.
- Кога се користи со фотоапарат од серијата EOS R со вградена стабилизација на слика, измерено со стандардите CIPA.