Canon RF 35mm F1.4L VCM
Хибриден објектив дизајниран за фотографии и видеозаписи со природен широк агол на гледање и брзата решетка f/1,4, што го прави врвен избор за креативно раскажување приказни.
Bring your worlds together
За прекрасни фотографии и филмски видеозаписи, изберете го RF 35mm F1.4L VCM за да ги обедините вашите светови. Благодарение на револуционерната технологија од Canon и интуитивните функции, како што е наменската контрола на ирисот за видеозаписи и фокусирање со Nano USM и VCM за брз и тивок AF, овој широкоаголен примарен објектив со хибриден дизајн ви дава контрола над креативното раскажување приказни.
Откријте ги клучните функции
Откријте ги впечатливите функции со нашиот интерактивен водич подолу.
-
Прстен за контрола
Приспособлив за интуитивна контрола на поставките
-
Преклопникот за заклучување и отклучување на прстенот за ирисот
Заклучете го во положбата за автоматски режим кога снимате фотографии или отклучете го за да добиете рамномерна контрола на ирисот при снимање видеозаписи
-
Прстен за ирисот
Нуди рамномерна рачна контрола на ирисот при снимање видео
-
VCM и Nano USM-мотори
Брзиот Nano USM-мотор, заедно со технологијата за уште побрз мотор со звучна намотка (VCM), овозможуваат брзо и прецизно фокусирање.
-
Минимални промени во фокусот
Снимајте професионални видеозаписи со оптичко намалување на промените во фокусот
-
Функциско копче на објективот
Приспособливо копче што нуди разновидни опции за фотографирање
-
Неверојатни креативни перформанси
Продолжете да фотографирате при слаба осветленост благодарение на светлата максимална решетка од f/1,4
-
Приспособлив прстен за фокусирање
Поставете го како прстен за контрола или прстен за фокусирање во фотоапаратот
-
Прстен за ирисот за рамномерна контрола со кружна решетка со 11 сечила
Неверојатна контрола на длабочината на полето за кремасти дефокусирани области
-
Заштита од лоши временски услови
Може да се користи во секакви временски услови5 благодарение на заштитата од надворешни елементи
-
Врвен квалитет на слика
Благодарение на асферични и UD-елементи на објектив со слоеви Super Spectra и ASC.
-
RF-приклучок
Врвна оптика, побрза комуникација, помали димензии. Ослободете ја вашата креативност со револуционерни објективи и приспособливост.
-
Држач за филтри на задната страна што се вметнува
Користете за фотографии и видеозаписи; намалете ги ризиците од оптички артефакти со предни филтри
-
Слој од флуор
Спречува прилепување на прав на предниот елемент
-
Навој на преден филтер од 67 mm
-
Добро осмислен и лесен дизајн
Полесен од EF-претходникот; вклучувајќи и хибридни функции за мали опреми за снимање видео
Беспрекорна мултимедиумска креативност во еден дизајн
Фокусната должина од 35 mm нуди одлична перспектива. Посебниот прстен за ирисот нуди рамномерна рачна контрола на ирисот при снимањето,1 а решетката со 11 сечила нуди неверојатна контрола на длабочината на полето со минимални промени во фокусот, за да обезбеди извонреден квалитет на слика.
Неверојатни креативни перформанси, дури и при слаба осветленост.
Продолжете да снимате кога ќе се намалат нивоата на светлина со помош на решетката f/1,4 што создава светла слика. Дизајнот на примарните објективи го става фокусот врз вашиот субјект, со опција за користење предни и задни филтери за поголема креативна контрола.
Кристално јасна слика со брза прецизност
Уживајте во врвен квалитет на слика благодарение на асферичните и UD-елементите на објективот што се обложени со слоевите Super Spectra и ASC. Брзиот Nano USM-мотор, заедно со технологијата за уште побрз мотор со звучна намотка (VCM2), овозможуваат брзо и прецизно фокусирање.
Извонредна сигурност со интуитивно ракување
Работете во тешки услови благодарение на дизајнот од серија L која се одликува со висококвалитетни стаклени елементи. Слојот од флуор спречува прилепување на прав на предниот елемент, а наменскиот прстен за контрола на објективот и приспособливото функциско копче на објективот ви нудат персонализирана контрола.
Добро осмислен и лесен дизајн
Бидете попрецизни при снимањето благодарение на подобрената рамнотежа и лесното ракување. RF 35mm F1.4L VCM е полесен од неговиот претходник од серијата EF, а бидејќи е хибриден, тој е одличен за поставување во помали системи за снимање.
Спецификации
-
Примарен објектив со хибриден дизајн од 35 mm со F1,4
Привлечна, природно широка перспектива3 со брза решетка f/1,4
-
Прстен за ирисот за рамномерна контрола4
Со заклучување на ирисот во положба за автоматски режим
-
Кружна решетка со 11 сечила
За уметничка контрола на дефокусирањето и светлите тонови
-
Асферични и UD-елементи
За висок квалитет на слика и максимална острина
-
VCM и Nano USM-мотори
За рамномерно, брзо и прецизно автоматско фокусирање
-
Приспособливо копче и прстен за контрола
За лесно приспособување и контрола на поставките на фотоапаратот
Што содржи кутијата
-
Објектив RF 35mm F1.4L VCM
-
Сенило за објектив EW-73F
-
Торбичка за објектив LP1219
-
Капаче за објектив E-67 II
-
Капаче за заштита од прав RF
-
Држач за филтри на задната страна
-
Прирачник за корисници
Може да ве интересира и
- Кога снимате видеозаписи и ракувате со прстенот за ирисот додека AF работи, во ретки случаи, вредностите на фокусирањето и решетката може да бидат недоследни при користење на фотоапарати со EOS R-систем кои биле издадени пред мај 2024 година
- Важно: моторот со звучна намотка во RF 35mm F1.4L VCM емитува магнетно поле со мала јачина. И покрај тоа што главно е безбеден за користење, ви препорачуваме да се обратите кај вашиот доктор доколку имате пејсмејкер или друг медицински уред, за да се консултирате за потенцијалните проблеми.
Кога објективот не е приклучен во камерата или кога камерата е исклучена, можно е да се појави внатрешен шум од компонентите на објективот. Тоа е нормално и не е дефект. Малите движења при транспорт не влијаат врз неговите перформанси. - Кога се користи со фотоапарати со EOS R-систем од Canon опремени со дигитална корекција на изобличување.
- Прстенот за ирисот е неактивен за контролирање на решетката при снимање фотографии кога се користи објективот со фотоапарати со EOS R-систем издадени пред мај 2024 година.
- Иако објективот има конструкција што е отпорна на прав и вода, ова не значи целосна заштита од навлегување на прав или капки вода во објективот.
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено.
- Подлежи на промена без претходно известување.