Canon RF 70-200mm F2.8L IS USM
Снимајте го светот околу вас со неверојатна флексибилност и квалитет со помош на неверојатно компактен телефото објектив со F2,8 што нуди стабилизација на слика во 5 чекори за да ви овозможи одлични резултати при рачно фотографирање, фокусирање на пократко растојание до 0,7 m и најбрз AF досега.
Беспрекорен дизајн со неверојатен квалитет на слика
Телефото објективот со F2,8 и високи перформанси е третиот член од триото на неопходни RF-објективи од Canon што нуди врвен квалитет на слика и има компактно куќиште што е дизајнирано да работи во секакви услови.
Погледнете ги сите спецификацииИсклучително дискретен, со скриени моќи
Одличен објектив за…
Секојдневна креативност
Искористете го видното поле на објективот со зум од 70-200 mm за да опфатите многу дополнителни детали и случувања исполнети со бои и контраст и откријте нов подинамичен начин за доловување движења.
Спорт и движења
Спуштете го фотоапаратот ниско за да добиете нови и возбудливи агли и добијте стабилизација на слика со 5 чекори за снимање детали дури и при слабо осветлување.
Патувања и репортажа
Благодарение на компактната големина, извонредниот квалитет на изработка на серијата L и брзата максимална решетка може да бидете сигурни дека овој објектив ќе ја раскаже вашата приказна со детали и острина, независно од ситуацијата.
Практичен професионален објектив за општа намена
Сигурни перформанси со брз одзив
Оптика со врвен квалитет од серијата L
Напредна конструкција од серијата L
Реализирајте ја вашата креативна визија
Системот EOS R ги наследува сите придобивки од системот EOS како и од својата палета објективи, нуди целосна компатибилност со постоечките објективи EF и EF-S преку адаптери, како и со палетата на блицови и дополнителна опрема Speedlite.
Спецификации
-
F 2,8
За врвни перформанси при слаба осветленост и мала длабочина на полето
-
Стабилизација на слика со 5 чекори
Извонредна стабилност при најмали нивоа на светлина
-
Асферични и UD елементи
За исклучително остри слики
-
Два Nano USM-мотори
За рамномерно, брзо и бесшумно континуирано фокусирање
-
Компактен и лесен
Мал дизајн што заштедува простор и нуди одлична преносливост
-
Контролен прстен за објективот
За дополнителна контрола врз ISO, решетката и блендата
Што содржи кутијата
-
RF 70-200MM F2.8L IS USM
-
Сенило за објектив ET-83F (WIII)
-
Торбичка за објектив 1424 мека торбичка со врвка
-
Капаче за објектив E-77 II
-
Прстен за монтирање статив E (WIII)
Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?
Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.
Во рацете на професионалците...
Дознајте како компанијата Canon ја заслужува својата репутација за неверојатни иновации и квалитет на слика и прочитајте повеќе за начинот на кој професионалците низ целиот свет ги користат нејзините фотоапарати и објективи.
Изработка на објективите од Canon
Погледнете зад сцената во фабриката за објективи Utsunomiya на Canon’s за да ги откриете инженерските достигнувања, иновациите и вештините што ги прават објективите од серијата L толку импресивни.
Фотографирање веслачи
Фотографот Matthew Joseph објаснува како фотографира движења со објективите RF со f/2,8 од Canon’s што опфаќаат извонредно широк, стандарден и телефото опсег на зумирање.
Телефото објективи
Слични производи
-
RF 24-105mm F4L IS USM
Лесен и разновиден објектив за зумирање од 24-105 mm со f/4 од серијата L со брз и тивок автоматски фокус и 5 чекори за стабилизација на сликата. -
RF 24-70mm F2.8L IS USM
Внесете професионалност во вашето фотографирање со објектив без огледало за целосна слика со зумирање од 24-70 mm кој се одликува со брза решетка и стабилизација на слика со 5 чекори. -
RF 15-35mm F2.8L IS USM
Серијата L се одликува со извонредно широк агол и неверојатна острина благодарение на оптичкиот квалитет и стабилизацијата на слика со 5 чекори за динамички агли дури и во тесни простори