Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

Мал и лесен извонредно широкоаголен објектив со зум за фотоапаратите од серијата Canon EOS R со APS-C-сензор.

CAPTURE THE WHOLE SCENE WHEREVER YOU GO

Проширете ја вашата перспектива и креативно снимајте слики и видеа на нови, динамични начини со овој извонредно широкоаголен објектив RF-S.

ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

Разгледајте ги главните функции и технологии во RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM.

ЛЕСЕН ОБЈЕКТИВ ЗА СЛИКИ СО ИЗВОНРЕДНО ШИРОК АГОЛ

Разгледајте ги многубројните прилики во кои овој објектив може да понуди потполно нова димензија за вашите фотографии.

Патување

Објективот е мал, компактен и повеќенаменски.

Архитектура

Снимете ја целата зграда, одвнатре или однадвор.

Снимање видеоблогови

Опфатете се себеси и сцената во ист кадар за сеопфатни видеоблогови.

Пејзаж

Добијте поинаква перспектива и доловете ја целата сцена.

ОПФАТЕТЕ ПОВЕЌЕ ВО ВАШАТА СЛИКА

10 mm

18 mm

Извонредно широкоаголен објектив со зум за различни перспективи

Опфатете повеќе во снимката дури и кога не може да се поместите наназад и експериментирајте со предниот план, заднината, размерот и големината. Снимајте широки перспективи, одблиску или од далечина, во затворени простории или на отворено за фотографии и видеозаписи.

Canon Camera
RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

Истражувајте, експериментирајте и уживајте во извонредно широка креативност

Откријте агли што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. Зголемувањето од 0,5x овозможува снимање неверојатни широки слики одблиску, додека прстенот на објективот што нуди комбинација од контрола и рачно фокусирање ви овозможува да ги прилагодувате сликите додека снимате.

Преземете ја контролата и фотографирајте рачно

Фотографирајте или снимајте при слаба осветленост без да користите статив. Оптичката стабилизација на слика со 4 чекори1 овозможува јасни резултати без тресење, додека дигиталната стабилизација на слика за видео овозможување снимање видеа со одлична острина дури и кога пешачите.

Canon Camera

МОЌНА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА СО 4 ЧЕКОРИ

Користете го лизгачот за да видите како оптичката стабилизација на слика и дигиталната стабилизација на слика за видео на објективот овозможуваат снимање без тресење на фотоапаратот.

ДИГИТАЛНАТА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА ЗА ВИДЕО Е ВКЛУЧЕНА

ДИГИТАЛНАТА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА ЗА ВИДЕО Е ИСКЛУЧЕНА

Доволно мал за да го носите секаде

Благодарение на RF-приклучокот, RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM е најмалиот и најлесниот извонредно широкоаголен објектив со зум од Canon, опремен со механизам за вовлекување на објективот што ги намалува неговите димензии кога не снимате - идеален во ситуации кога носите помала торба. Ова е совршениот широкоаголен објектив за вашите патувања.

Canon Camera
Canon Camera

Снимајте одлични видеа, оставете го објективот да ја заврши работата за вас

Видеата со извонреден квалитет се снимаат лесно благодарение на STM-моторот што нуди одлични перформанси за филмски квалитет на ефектите со фокусот. Компатибилноста со корекцијата на промените во фокусот2 овозможува доследно видно поле со природен изглед кога го менувате фокусот.

Спецификации

  • Извонредно широкоаголен зум од 10-18 mm

    Опфатете повеќе или зумирајте до 18 mm за флексибилно обликување на кадарот.

  • Компактен и лесен дизајн на вовлекување

    150 g, 44,9 mm во вовлечена положба

  • Елементи PMo и UD

    За компактен дизајн на објективот со одличен квалитет на слика

  • STM-мотор

    За рамномерно, брзо и прецизно автоматско фокусирање

  • Прстенот нуди комбинација од фокусирање/контрола

    За лесна контрола над поставките на фотоапаратот или рачно фокусирање

  • Стабилизација на слика

    Оптичка стабилизација на слика до 4 чекори, 6 чекори во комбинација1

RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM ВО СПОРЕДБА

RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM

EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM

Големина на слика

APS-C
APS-C

Фокусна должина

10-18 mm
10-18 mm

Максимална решетка

f/4,5-6,3
f/4,5-5,6

Конструкција на објективот (елементи / групи)

12 / 10
14/11

Бр. на сечила на дијафрагма

7
7

Најмало фокусно растојание (AF)

0,14 m
0,22 m

Најмало фокусно растојание (MF)

0,086 m
0,22 m

Максимално зголемување (AF)

0,23x
0,15x

Максимално зголемување (MF)

0,5x
0,15x

Прстенот нуди комбинација од фокусирање/контрола

Да
Не

Оптичка стабилизација на слика1

4 чекори
4 чекори

AF-мотор

STM
STM

Дијаметар на филтер

49 mm
67 mm

Макс. дијаметар x должина (mm)2

69 x 44,9
74,6 x 96

Тежина (g)

150
350

  1. Тестирано според стандардите CIPA
  2. Димензии на објективот кога е во вовлечена положба

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за да фотографирате пошироки перспективи и да ја разбудите вашата креативност

  • Објектив RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM

  • Капаче за заштита од прав за објективи RF

  • Капаче за објектив E-49

  • Прирачник за корисници

СЛИЧНА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Користете го објективот со оваа дополнителна опрема од Canon за да добиете уште поголема моќ и разновидни опции.

  • Сенило за објектив EW-53B

    Дополнителна опрема

    Сенило за објектив EW-53B

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Футрола за објектив LP814

    Дополнителна опрема

    Футрола за објектив LP814

    Заштитна мека торбичка за одредени RF-објективи

СЛИЧНИ ФОТОАПАРАТИ

СЛИЧНИ ОБЈЕКТИВИ

СЛИЧНИ СТАТИИ

Погледнете како објективот RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM се користи со дополнителната опрема за снимање видеоблогови од Canon.

Најдобри фотоапарати и објективи за патување

Без разлика дали истражувате градски улици или рурални области или, пак, летате до другиот крај на светот, добро е да патувате со лесен багаж. Ова е најидеалната опрема од Canon за снимање доживувања, без да го надминете вашиот буџет.

Најдобри фотоапарати и објективи за снимање видеоблогови од Canon

Canon нуди палета на фотоапарати и објективи што се идеални за креаторите на содржини. Овој водич ќе ви помогне да ја пронајдете совршената опрема.

  1. До 6 чекори кај компатибилни фотоапарати од серијата EOS R со вградена стабилизација на слика (IBIS).
  2. Кога се користи со компатибилни фотоапарати со EOS R-систем со корекција на промените во фокусот во режимот за снимање.