Објективи RF - Трите објективи
Опфатена е секоја професионална задача
RF 15-35MM F2.8L IS USM од Canon
Серијата L се одликува со извонредно широк агол и неверојатна острина благодарение на оптичкиот квалитет и стабилизацијата на слика со 5 чекори за динамички агли дури и во тесни простори
RF 24-70MM F2.8L IS USM од Canon
Внесете професионалност во вашето фотографирање со објектив без огледало за целосна слика со зумирање од 24-70 mm кој се одликува со брза решетка, стабилизација на слика со 5 чекори и бесшумен Nano USM-мотор за AF.
RF 70-200mm F2.8L IS USM од Canon
Извонредно компактен телефото објектив со голема брзина што е задолжителен за професионално фотографирање на свадби, спорт или диви животни.
Трите RF-објективи во пракса
СОВЛАДАЈТЕ ЈА СВЕТЛИНАТА ОД СЕКОЈ АГОЛ
Трите неопходни RF-објективи со F2,8 од Canon. Усовршете ги сите приказни со стабилизацијата на слика со 5 чекори што нуди врвна стабилност, како и со Nano USM-моторот што фокусира рамномерно низ уште поширок фокусен опсег.
Откријте ги сите детали во светот со RF15-35mm F2.8L IS USM и откријте нови агли и перспективи за раскажување на вашата приказна. Со воведување на стабилизацијата на слика со 5 чекори, овој професионален објектив со извонредно широк агол и зум создава неверојатно остри детали дури и при рачно фотографирање и снимање.
Новиот професионален стандард е RF 24-70mm F2.8L IS USM. Тој нуди уште поразновидна примена како професионален објектив за зумирање благодарение на стабилизацијата на сликата, Nano USM-моторот за рамномерно фокусирање при снимање видео и извонредната оптика со најсовремени слоеви за неверојатно остри резултати.
RF70-200mm F2.8L IS USM ја комплетира групата од три неопходни професионални објективи. Има мали димензии, но не прави отстапки, а бидејќи е најмалиот професионален објектив со зум од 70-200 mm и f/2,8 во светот, може да го користите во секоја прилика и да го носите насекаде.
Приклучокот за објективи RF нуди побрза комуникација отколку стандардните DSLR-модели, што значи дека може да се пренесат повеќе информации директно до фотоапаратот, а тоа ќе резултира со оптимизирање на објективот во реално време за да добиете најостри портрети, извонредно брзо фокусирање и бесшумно функционирање благодарение на Nano USM-моторите - огромна придобивка за снимање видео.
Брза максимална решетка од F2,8
Снимајте неверојатни детали при слаба осветленост благодарение на брзата максимална решетка од F2,8 или креативно користете ја длабочината на полето. Исклучителниот оптички дизајн и напредното обложување на објективот нудат врвен квалитет на слика и острина со која било решетка.
Стабилизација на слика со 5 чекори
Напредната стабилизација на слика и брзата комуникација со објективите RF овозможуваат перформансите на овие објективи да ја надминат најдобрата технологија на објективите EF. Нуди стабилизација со 5 чекори за фотографирање во услови со слаба осветленост или во ситуации кога не можете да го држите фотоапаратот стабилно.
Nano USM-мотор за фокусирање
RF 15-35MM F2.8L IS USM и RF 24-70MM F2.8L IS USM се првите објективи со зум и брза решетка кои ја користат технологијата Nano USM на Canon. Оваа технологија користи минијатурен ултразвучен мотор за линеарно движење на системот за фокусирање, овозможувајќи неверојатно брзо и бесшумно фокусирање што е идеално за снимање видеозаписи и фотографии.
Создаден за врвни перформанси, создаден да трае
Објективи за нова ера
Слични написи
Фотографирање змејови од хартија на брегот со објективите за зумирање RF од Canon
Ulla Lohmann, амбасадорот на Canon, ги користеше објективите RF 15-35mm F2.8L IS USM од Canon и RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon за да ги долови случувањата на карневалот со разнобојни змејови од хартија.
Фотографирање веслачи со три RF-објективи од Canon
Фотографот Matthew Joseph објаснува како фотографира движења со објективите RF со f/2,8 од Canon што опфаќаат извонредно широк, стандарден и телефото опсег на зумирање.
Слични производи
-
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
EOS M50
Зачекорете во иднината со иновативната технологија на овој модерен и компактен фотоапарат без огледало што нуди разни опции за поврзување. -
EOS 90D
Максимално опремен DSLR-фотоапарат што овозможува доближување до целта, побрзо фотографирање и снимање извонредни слики со 32,5 мегапиксели.
Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?
Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.