Canon TS-E 24mm f/3.5L II
За реалистичен широк приказ со голема длабочина
Широкоаголен објектив со високи перформанси и исклучителен опсег на закосување и поместување.
TS-E 24 mm f/3,5L II се одликува со фина изработка за добивање на слика со врвен квалитет низ целата слика. Независното ротирање на механизмите за закосување и поместување ви нуди максимална креативна слобода.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
24mm објектив со закосување и поместување
-
Ниско изобличување и висока резолуција
-
± 8,5° закосување и ±12mm поместување
-
Независно ротирање на закосувањето и поместувањето
-
Асферични и UD елементи на објектив
-
Структура со мала бранова должина и прекривен слој за супер спектар
-
Бленда со кружен отвор
Детални карактеристики
-
Проширување на можностите кај фотографирањето со закосување и поместување
Благодарение на уникатниот систем за ротирање на Canon, TS-E 24 mm f/3,5L II овозможува независно ротирање на закосувањето и поместувањето. Ова овозможува одделно контролирање на перспективата и длабочината на полето - со што значително се зголемува флексибилноста на објективот.
-
Најширок опсег на придвижување
Со широкоаголна фокусна должина од 24mm и закосување од ±8,5°, плус поместување од ±12mm и ротација од ±90° кај механизмите за закосување и поместување, TS-E 24 mm f/3,5L II нуди исклучителна флексибилност. TS-E 17 MM F/4L исто така овозможува заклучување на механизмите за закосување и поместување заради избегнување на несаканите движења.
-
Објектив со елементи со висока прецизност
За постигнување на врвна резолуција од едниот до другиот крај на сликата и ниско изобличување, се користи прецизна асферична леќа со голем дијаметар. За минимизирање на хроматската аберација која е честа кај широкоаголното снимање се користат три UD елементи. Овие карактеристики прават објективот да биде особено погоден за пејзажи и архитектонски фотографии.
-
Слој со структура со мала бранова должина
Дизајниран за дигиталното фотографирање, патентираниот прекривен слој на Canon објективите помага да се минимизираат имагинарните облици и одблесокот предизвикани од внатрешната рефлексија - за добивање на остра и јасна слика.
-
Квалитетна робустна изработка
Canon објективите од L серијата се изработени за нормално користење и при најсложени услови. Објективот е херметички затворен заради заштита од временски услови и прав, а исто така во пакетот се вклучени и сенило и торбичка.
-
Безоловна оптика
При изработката на TS-E 24 mm f/3,5L II се користи еколошко безоловно стакло.