Стерео микрофон DM-E100 од Canon
Подобрете ги вашите видеоснимки со малиот и практичен микрофон што нуди стерео звук со мал шум.
Мал микрофон - моќен звук
Исполнете ги вашите видеоснимки со кристално чист стерео звук со овој висококвалитетен и лесен микрофон што се приклучува директно во компатибилен фотоапарат од Canon.*
* Проверете дали вашиот фотоапарат е компатибилен.
Фотоапаратот и објективот се продаваат посебно.
Снимајте кристално чист звук со намален шум
Благодарение на дизајнот со електрет кондензатор што овозможува еднонасочен стерео звук до 120º и чувствителност до -40 dB, снимањето звук со одличен квалитет е многу лесно.
Практично користење и едноставно приклучување
Микрофонот се напојува директно од аудио приклучокот од 3,5 mm и не му е потребна батерија, па затоа секогаш ќе биде подготвен за користење во моментот кога ќе го вклучите фотоапаратот.
Лесен дизајн со џебна големина
Со тежина од само 64 g и големина колку вашата дланка, микрофонот додава минимална тежина на фотоапаратот и може лесно да се носи во џеб или во торбата за фотоапаратот.
Безгрижно снимање звук
Микрофонот е дизајниран да ви го понуди најлесниот начин за снимање висококвалитетен звук преку приклучокот за галантерија што го прицврстува микрофонот за фотоапаратот.
Може да се користи со компатибилни фотоапарати од Canon
Микрофонот може да се користи со EOS 200D, 250D, 800D, 77D, 80D, 90D, M50 и M6 Mark II, како и со PowerShot G7 X Mark III. Ве молиме проверете дали вашиот фотоапарат е компатибилен.
Главни спецификации
Дизајн со електрет кондензатор за стерео звук
Напојување преку приклучување (се напојува од фотоапаратот)
Приклучок за галантерија со прстен за прицврстување
Крзнена
заштита од ветар
Звук со фреквентен опсег од 100 Hz до 10 kHz
Еднонасочен звук од 120 степени
Компактен и лесен
Поврзување преку аудио приклучок од 3,5 mm
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за снимање висококвалитетен звук во движење.
Стерео микрофон DM-E100
Заштита од ветар за стерео микрофонот DM-E100
Прирачник со инструкции
Гаранција