Адаптери за EOS R

Поврзете го вашиот систем EOS R со поширокиот свет на објективите EF и EF-S
Canon Camera

Интегрирање и проширување

Адаптерите за системот EOS R нудат потполна компатибилност со објективите EF и EF-S од Canon, што на сопствениците на фотоапарати со систем EOS R од Canon, кои веќе имаат други EOS-фотоапарати, им овозможува целосна интеграција со нивните објективи1.

Поврзете ги објективите EF-S со системот EOS R

Објективите EF-S се дизајнирани за фотоапаратите EOS DSLR со APS-C-сензор, но може да се користат и со фотоапаратите EOS R преку адаптер. Фотоапаратот автоматски ќе создава отсечени слики што одговараат на кругот на помалата слика од оптиката на објективите EF-S.

Објективи компатибилни со EOS R

Откријте ги објективите кои можете да ги користите со EOS R адаптерите.

Canon Camera
Canon Camera

Создаден за долготрајно користење

EOS R адаптерите се создадени за долготрајно професионално користење, со метални приклучоци во предниот и задниот дел. Тие исто така поседуваат заштита од прав и влага, за да може да продолжите да фотографирате дури и во најтешки услови.

Создаден за врвни перформанси

Очекувајте од вашиот објектив да се однесува исто како кај EOS DSLR фотоапаратите, со истите врвни перформанси и истиот висок квалитет.

Canon Camera
Canon Camera

Совршено инженерство

Инженерите на Canon го создадоа системот EOS R за да ги одржат компатибилноста, квалитетот и перформансите при поврзувањето на EOS R со постоечките EF и EF-S објективи.

Адаптер за монтирање објективи EF-EOS R

Стандардниот адаптер за монтирање објективи EF-EOS R овозможува беспрекорно користење на објективите EF-S и EF со фотоапарати EOS R. Фотографите кои веќе имаат колекција објективи EF-S или EF можат да инвестираат во системот EOS R со сигурност, знаејќи дека нивните постоечки објективи ќе функционираат правилно.

Адаптер за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R

Адаптерот за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R ја нуди истата конверзија на приклучок за објективи како и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R, но придодава и контролен прстен на објективот. Прстенот е прилагодлив и лесен за наоѓање без да го тргате фотоапаратот од вашето око, овозможувајќи ви практична рачна контрола врз разните подесувања.
Canon Camera

Прилагодлива функционалност

Контролниот прстен на објективот може да се програмира преку менито на фотоапаратот за да ги прилагодувате подесувањата како што се решетката, брзината на блендата, ISO чувствителноста и компензацијата на експозицијата.

Практично и интуитивно ракување

Контролниот прстен на објективот се наоѓа лесно без да го тргате фотоапаратот од окото. Нежните кликнувања даваат практични повратни информации во третини или половини од чекорите (и може да се отстранат преку специјална услуга од Canon за снимателите кои сакаат порамномерно ракување).

Canon Camera

Адаптер за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R

Адаптерот за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R ја има истата функција како и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R и придодава можност за користење внатрешни филтри, отстранувајќи ја потребата за поставување филтри на предниот дел од објективот, што е особено практично за широкоаголните објективи со голем преден елемент. Тој е достапен со филтер за променлива неутрална густина (V-ND)2 или со филтер за кружно поларизирање (C-PL), а достапен е и провиден филтер (CL) за фотографирање без ефекти од филтри.

Canon Camera

Адаптер V-ND: филтер за променлива неутрална густина

Филтерот за неутрална густина помага во контролата на количината на светлина што влегува во фотоапаратот, што е корисно за снимателите кои сакаат да снимаат со комбинација од широка решетка/бавна брзина на блендата при силна светлина. Исто така, тој им овозможува на фотографите за пејзажи да користат помали брзини на блендата за да го заматат движењето на небото и водата2.

Адаптер C-PL: филтер за кружно поларизирање

Филтрите за поларизирање го засекуваат отсјајот и замаглувањето и ја намалуваат количината на одбиена светлина од стаклените површини. Филтрите исто така ја засилуваат заситеноста на боите и ги збогатуваат шарените сцени.

Canon Camera

Додатоци за адаптери

CL филтер за Drop-In Filter Mount Adapter EF-EOS R

Јасен филтер, за корисници кои купиле адаптер за филтерот за пропуштање, но не сакаат никакви ефекти на филтри.

PL филтер за Drop-In Filter Mount Adapter EF-EOS R

Филтер за кружно поларизирање кој ги засилува боите, контрастот и заситеноста и ги контролира несаканите одблесоци.

ND-филтер за адаптерот за монтирање внатрешни филтри EF-EOS R

Филтер за неутрална густина што овозможува контрола на експозицијата во видеоснимките и забавување на блендата за да добиете разновидни креативни ефекти на движењата во фотографиите2.

Запознајте се со системот EOS R

Како резултат на тридецениските континуирани иновации во EOS, системот EOS R се базира на пионерскиот приклучок за објективи што нуди поголеми креативни можности и уште поинтуитивни начини на доловување на секој момент.

Во рацете на професионалците

EOS R веднаш им стана омилен на голем број професионални фотографи и сниматели. Откријте како тие го користат за да добијат слики и видеоснимки за кои мислеле дека не се возможни.

Fine art photographer Guia Besana's first shoot with EOS R

The former photojournalist explains how the smallest professional camera in Canon's range helped to bring her 'Rummage of Flowers' shoot to life.

Welcome to a brighter, faster future

Meet the Canon EOS R full-frame mirrorless system redefining future frontiers of photography and filmmaking.

Testing the Canon EOS R to its low-light limits

Photojournalist Daniel Etter photographed dark, archaic conditions in Romanian coal mines using the full-frame mirrorless Canon EOS R system.

8-stops of IS: the story behind the tech

With 8-stops of Image Stabilization, the EOS R5 and EOS R6 rewrite the photographic rulebook. Find out how it's possible, and what it means for you.

How Canon's intelligent autofocus works

Find out how the intelligent autofocus system in the EOS R5 and EOS R6 "makes it practically impossible to miss a shot".

Canon EOS R5 first shoots: capturing nature in beautiful detail

Ulla Lohmann and Robert Marc Lehmann on how the Canon EOS R5's 45MP sensor and eye-tracking AF helped them take spectacular outdoor shots.

Canon EOS R5 vs EOS R6 – which is right for you?

Canon introduces not one but two breakthrough Full Frame mirrorless cameras. Which one is right for you? We look at EOS R5 and EOS R6 side by side.

Може да ве интересира и ...

EOS R3

Со брзина како суштинска карактеристика, ова е фотоапарат без огледала што го чекаа професионалните фотографи за спорт, вести и диви животни.

Алатка за избирање објективи

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

EOS R5

Професионален и врвен фотоапарат за целосна слика без огледало кој им нуди фотографии со висока резолуција и 8K-видео на фотографите и режисерите.

EOS R6

Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.

Сите објективи

Изработката на Canon и најновата оптичка технологија овозможуваат фотографии и видеоснимки со исклучителен квалитет.

Објективи RF

Објективите со иновативниот систем EOS R нудат исклучително брзо фокусирање и неверојатен квалитет на оптиката.

Фотоапарати за целосна слика

Истражете ја вашата креативност со палетата на дигитални SLR фотоапарати за целосна слика и без огледало.

Објективи и дополнителна опрема за EOS R од Canon

Разгледајте ги објективите и адаптерите што може да се користат со EOS R од Canon

  1. Погледнете ги спецификациите за повеќе детали
  2. Кога полната бела линија на вртливото копче за прилагодување не е видлива (ND250 или подобар), може да дојде до појава на сина нијанса или неправилна густина