Ве молиме прочитајте го овој документ пред да започнете да го користите логото на Canon, лого ознаките на кој било производ или лого ознаките кои можат да се преземат на овој веб-сајт („лого ознаки на Canon“). Со пристапување до лого ознаките на Canon, се согласувате дека ќе бидете обврзани да ги почитувате следните правила и услови. Овие правила и услови можат да бидат ажурирани повремено од страна на компанијата Canon преку објавување на ажурираните правила и услови без претходно лично да ве извести за тоа.
Прифаќање
Ова се правилата и условите склучени помеѓу вас и Canon Europa N.V., со седиште во 59-61 Bovenkerkerweg, 1185XB Amstelveen, the Netherlands (“Canon”), кои се однесуваат на користењето на лого ознаките на Canon кои се достапни за преземање на овој веб-сајт.
Користи
Компанијата Canon ве овластува (индивидуално или како компанија), како новинар, компанија за печат или член на печатот да ги преземете и користите сите лого ознаки на Canon во Европа, Средниот Исток и Африка, како и на интернет, само за новинарски цели, вклучувајќи ги и следните медиуми:
a) печатени медиуми (вклучувајќи и насловни страници на списанија)
b) телевизија
c) онлајн медиуми
d) весници
-
Во рамките на дозволеното користење, лого ознаките на Canon не смеат да се менуваат на никаков начин. Лого ознаките на Canon секогаш мора да се прикажуваат непроменети и во согласност со приложените правила
-
Лого ознаките на Canon не смеат да се користат за никакви рекламни цели, вклучително, но не и ограничувачки за промоции за продажба, промотивни материјали, постери, билборди или други продажни цели
-
Лого ознаките на Canon не смеат да се користат на начин кој ќе ја намали нивната вредност, ќе создаде лош углед на компанијата Canon или нејзините подружници или, пак, ќе предизвика забуна во односот помеѓу вас, вашата компанија Canon и/или компаниите од групацијата Canon. Ако компанијата Canon смета дека некоја лого ознака на Canon се користи на таков начин, тогаш на нејзино барање веднаш ќе престанете да ги користите лого ознаките на Canon на тој начин
Прекинување
Canon го задржува правото да побара од вас веднаш да прекинете со користењето на лого ознаките на Canon, доколку не се придржувате до кое било од овие правила и услови или поради каква било друга причина. По таквото барање, веднаш треба да престанете да ги користите лого ознаките на Canon и веднаш да ги уништите сите необјавени копии од лого ознаките на Canon.
Општо
Конструкцијата, важноста и спроведувањето на овие правила и услови ќе бидат регулирани од страна на холандските закони, а компанијата Canon и вие се согласувате да ја почитувате неексклузивната надлежност на судот во Амстердам.
Доколку компанијата Canon не успее да примени или спроведе какво било право или одредба од овие правила и услови, тоа нема да се толкува поништување на таквото право или одредба и на никаков начин нема да влијае врз правото за подоцна да се примени или спроведе тоа право или одредба.
Ако која било одредба од овие правила и услови се утврди како невалидна од страна на надлежен суд, страните се согласуваат дека тоа нема да влијае врз валидноста или применливоста на кои било други правила и права кои ќе продолжат да бидат на сила и да важат, освен ако станува збор за таква невалидна одредба, или дел од неа, која не може да се спроведе.
Доколку имате некакви прашања, ве молиме обратете се во локалната канцеларија за односи со јавноста на Canon.