Печатачи MegaTank
Canon Серија MAXIFY MB2150
Овој повеќефункционален инк-џет печатач во боја нуди врвни опции за поврзување во мрежа и поврзување со мобилни уреди.
Разновидни опции и продуктивност за вашата домашна канцеларија.
Извонреден повеќефункционален инк-џет печатач, скенер, копир и факс во боја, со поддршка за печатење и скенирање од мобилни уреди и Cloud услуги, брзина на црно-бело печатење од 19 слики/мин. и многубројни мрежни функции.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
- Брзо печатење: 19 црно-бели слики/мин. и 13 слики/мин. во боја
- Мрежно работење преку Wi-Fi за директно печатење од мобилни уреди
- Печатете од и скенирајте кон Cloud услуги
- Потрошувачка на мастилата од 1.200 црно-бели страници и 900 страници во боја
- Бидете продуктивни: капацитет за хартија од 250 листови и ADF за 50 листови
Детални карактеристики
-
Голем капацитет, голем квалитет
Печатач, скенер, копир и факс со разновидни опции кој е дизајниран за домашни канцеларии на кои им е потребно црно-бело печатење и печатење во боја со голем квалитет и мали трошоци по страница. Со голем механизам за снабдување од 250 листови и механизам за автоматско снабдување со документи за 50 листови, MB2150 од серијата MAXIFY на Canon печати неверојатни материјали со живописни бои и остар текст со помош на своите DRHD мастила отпорни на маркери и триење. MB2150 од серијата MAXIFY на Canon печати A4 документи со брзина од 19 слики/мин. во црно-бел формат и 13 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди.
-
Економично користење
Од мала потрошувачка на енергија од само 0,2 kWh (TEC) до поединечно заменливите картриџи со бои за голема потрошувачка - економичноста е приоритет. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 1.200 страници, а картриџите во боја - 900 страници, што значи дека ќе работите со помалку прекини. Изборниот мултикомплет со 4 бои нуди уште поекономично печатење.
-
Продуктивен и едноставен за користење
Двостраното печатење и поддршката за различни видови и големини на хартија, почнувајќи од обична A4 хартија па сè до етикети, пликови, фотохартија и двострано копирање на документи за идентификација, овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата. Печатачот е создаден за продуктивност и може да се користи брзо и едноставно: без разлика дали печатите, копирате, скенирате или праќате факс, сите овие опции се достапни на TFT екранот во боја од 6,2 cm (2,5”) кај MB2150 од серијата MAXIFY на Canon.
-
Печатете од паметни телефони, таблет уреди и Cloud услуги
Достапна е поддршка за апликациите Apple AirPrint (iOS), Mopria и Canon PRINT, а поддржано е и печатење од Cloud, скенирање и зачувување документи во популарни услуги засновани на Cloud, вклучувајќи ги Google Drive, Dropbox, Evernote, OneNote, OneDrive и Concur. Режимот на пристапна точка им овозможува на корисниците на паметни уреди да се поврзат со печатачот дури и без Wi-Fi мрежа.
-
Опции за одржување и следење
Функцијата за филтрирање IP адреси нуди права за пристап само на одреден број корисници, а поддршката за SMTP овозможува безбедно скенирање кон е-пошта во рамките на мрежата во канцеларијата. Администраторите на системот можат да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки на брз и едноставен начин, како што е скенирањето кон USB уреди.
-
Едноставна мрежна интеграција
Администраторите на системите ќе можат да ја искористат компатибилноста на MB2150 од серијата MAXIFY на Canon со Simple Network Management Protocol (SNMP) - стандард за управување со уреди кој овозможува лесна интеграција на печатачот во постоечките мрежи во канцелариите. SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.
Спецификации
-
Време за печатење на првата страница од 6 секунди
-
Автоматско копирање на повеќе страници
-
Безжично користење и споделување
-
Продуктивно ракување со хартијата
-
Екран од 6,2 cm (2,5”) кој е практичен за користење
-
Вчитување документи на Cloud услуги*
-
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
-
Ефикасни XL мастила
Што содржи кутијата
-
MB2150 од серија MAXIFY
-
Кабел за напојување
-
Однапред поставени резервоари со мастило
-
CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)
-
Прирачници
-
Кабел за факс/телефонска линија