Canon Серија MAXIFY MB2750
Добијте максимална продуктивност со можноста за поврзување со мобилни уреди и интеграцијата со Cloud.
Целосен сè-во-едно уред за домашната канцеларија.
Сè-во-едно инк-џет уред во боја за домашни канцеларии. MB2750 од серијата MAXIFY на Canon нуди печатење од мобилни уреди и интеграција со Cloud, а неговиот капацитет за хартија од 500 листови и брзината на црно-бело печатење од 24 слики/мин. овозможуваат максимална продуктивност.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
- Реална продуктивност: 24 црно-бели слики/мин., 15,5 слики/мин. во боја
- Поврзување преку Wi-Fi и LAN за печатење и скенирање
- Печатете од и скенирајте кон Cloud услуги
- Потрошувачка на мастилата од 1.200 црно-бели страници и 900 страници во боја
- Голем капацитет за хартија од 500 листови и ADF за 50 листови
Детални карактеристики
За домашни канцеларии на кои им е потребна продуктивност
Уред за печатење, скенирање, копирање и праќање факс со многубројни функции, дизајниран за домашни канцеларии. Со голема касета за хартија од 500 листови и механизам за автоматско снабдување со документи за 50 листови, MB2750 од серијата MAXIFY на Canon печати неверојатни материјали со длабоки и густи црни тонови, живописни бои и остар текст со помош на своите DRHD мастила отпорни на маркери и триење. Овој квалитет не влијае негативно врз брзината: печатете A4 документи со неверојатна брзина од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди.
Минимални работни трошоци
Од мала потрошувачка на енергија од само 0,2 kWh (TEC) до поединечно заменливите картриџи со бои - економичноста е приоритет. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 1.200 страници, а картриџите во боја - 900 страници. Изборниот мултикомплет со 4 бои содржи цел комплет резервни мастила кои уште повеќе ја зголемуваат вредноста.
Дизајниран за продуктивност
Двостраното печатење и поддршката за различни видови и големини на хартија, почнувајќи од обична A4 хартија па сè до етикети, пликови, фотохартија и двострано копирање на документи за идентификација, овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата. Печатењето, копирањето, скенирањето и праќањето факс се врши со само неколку допири, благодарение на TFT екранот на допир во боја од 7,5 cm (3”) со многу брз одзив и подобрен интерфејс.
Поддршка за мобилни уреди, поддршка за Cloud и подобрување на работните процеси
Поддршката за апликациите Apple AirPrint (iOS), Mopria и Canon PRINT овозможува брзо и едноставно печатење и скенирање од мобилни уреди. Можете да печатите од Cloud и да скенирате и зачувувате документи во услугите Cloud. Во поддржаните услуги спаѓаат Google Drive, Dropbox, Evernote, OneNote, OneDrive и Concur. Режимот на вградена пристапна точка им овозможува на корисниците на паметни уреди да се поврзат со печатачот без Wi-Fi мрежа.
Можност за одржување и сеопфатно следење
Функцијата за филтрирање IP адреси нуди опции за ограничување на пристапот и можност за пристап само на одреден број корисници, а поддршката за SMTP е-пошта овозможува безбедно скенирање кон е-пошта. Постојат и многубројни дополнителни опции кои им овозможуваат на администраторите на системот да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки на брз и едноставен начин, како што е скенирањето кон USB уреди.
Интеграција во мрежи
ИТ менаџерите и администраторите на системите ќе можат да ја искористат компатибилноста на MB2750 од серијата MAXIFY на Canon со Simple Network Management Protocol (SNMP), за полесно управување со уредите и полесна интеграција во постоечките мрежи во канцелариите. SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.
Спецификации
-
Време за печатење на првата страница од 6 секунди
-
Автоматско копирање на повеќе страници
-
Безжично користење и споделување
-
Продуктивно ракување со хартијата
-
Екран на допир од 7,5 cm (3”) кој е практичен за користење
-
Вчитување документи на Cloud услуги*
-
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
-
Ефикасни XL мастила
Што содржи кутијата
-
MB2750 од серија MAXIFY
-
Кабел за напојување
-
Однапред поставени резервоари со мастило
-
CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)
-
Прирачници
-
Кабел за факс/телефонска линија