Canon Серија MAXIFY MB5150

Издржлив повеќефункционален инк-џет печатач во боја со поддршка за поврзување со мобилни уреди и со Cloud.

Придобивки

  • Брза продуктивност со 24 црно-бели слики/мин. и 15,5 слики/мин. во боја

  • Безжично печатење за паметни телефони и таблет-уреди

  • Поврзување со Cloud: скенирање кон Cloud или е-пошта

  • Мастило за голема потрошувачка: 2.500 црно-бели страници/1.500 страници во боја

  • Голем капацитет за хартија од 250 листови и D-ADF за 50 листови

Детални карактеристики

  • Мала канцеларија, огромна продуктивност

    Уред за печатење, скенирање, копирање и праќање факс со многубројни функции, дизајниран за помали канцеларии на кои им е потребно црно-бело печатење и печатење во боја со голем квалитет, а воедно и економично користење. DRHD мастилата со пигмент кои се отпорни на маркери и триење создаваат нагласени црни тонови, длабоки бои и остар текст. MB5150 од серијата MAXIFY на Canon печати A4 документи со неверојатна брзина од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди, а двостраното скенирање во едно поминување овозможува брзо скенирање како никогаш досега.

  • Извонредна економичност при печатењето

    Од мала потрошувачка на енергија од само 0,2 kWh (TEC) до поединечно заменливите картриџи со бои - економичноста е приоритет. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 2.500 страници, а картриџите во боја - 1.500 страници, што значи дека вработените во вашата канцеларија ќе работат со помалку прекини. Изборниот мултикомплет со 4 бои нуди уште поекономично печатење.

  • Зголемена продуктивност и лесно користење

    Печатењето, копирањето, скенирањето и праќањето факс е едноставно со помош на големиот TFT екран на допир во боја од 8,8 cm (3,5”) и подобрениот кориснички интерфејс на MB5150 од серијата MAXIFY на Canon. Освен со механизам за снабдување со голем капацитет од 250 листови и механизам за автоматско снабдување со документи за 50 листови, печатачот се одликува и со двострано печатење и поддршка за различни видови и големини на хартија – од обична A4 хартија, па сè до етикети, пликови, фотохартија и двострано копирање на документи за идентификација – кои овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата.

  • Поддршка за мобилни уреди, поддршка за Cloud и подобрување на работните процеси

    Поддршката за Google Cloud Print, Apple AirPrint (iOS), Mopria и апликацијата Canon PRINT овозможуваат брзо и едноставно печатење и скенирање од мобилни уреди. Печатете од Cloud и скенирајте и зачувувајте документи во популарни Cloud услуги, вклучувајќи ги Google Drive, Dropbox, Evernote, OneNote, OneDrive и Concur. Режимот на пристапна точка им овозможува на корисниците на мобилни уреди да се поврзат со печатачот без Wi-Fi мрежа.

  • Можности за одржување и сеопфатно следење

    Функцијата за филтрирање IP адреси овозможува доделување пристап само на одреден број корисници, а поддршката за SMTP е-пошта овозможува безбедно скенирање кон е-пошта. Администраторите на системот можат да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки на брз и едноставен начин, како што е скенирањето кон USB уреди.

  • Мрежна интеграција без напор

    Компатибилноста со Simple Network Management Protocol (SNMP) овозможува едноставна интеграција на печатачот во постоечката мрежа во канцеларијата. Стандардот SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 6 секунди

  • Скенирање на двете страни на документот

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Безжично користење и споделување

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Екран на допир од 8,8 cm (3,5”) кој е практичен за користење

  • Вчитување документи на Cloud услуги

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Што содржи кутијата

  • MB5150 од серија MAXIFY

  • Кабел за напојување

  • Однапред подесени резервоари со мастило

  • CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Прирачници

  • Кабел за факс/телефонска линија