Canon PIXMA PRO-200S
Фокусиран на печатење фотографии со живописни бои, разновидни опции и практично користење, Canon PIXMA PRO-200S е идеален избор за ентузијастите за фотографирање и надежните фотографи.
ПОКАЖЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ВИСТИНСКИ БОИ
Подобрете ги вашите фотографии со печатење живописни и висококвалитетни бои и црно-бело печатење со кои може да се гордеете. Нудејќи разновидни опции, компактна форма и практично користење, овој печатач за формати A3+ има опции за печатење без рабови, фина уметност и панорама за да можете да се фокусирате на пронаоѓање на совршената слика.
Погледнете ги сите спецификацииСпецификации
-
Систем со 8 мастила базирани на боја
-
Печатење без рабови
-
Печатење со голема брзина
-
Безжично поврзување
-
3-инчен LCD-екран
-
Компактна и лесна конструкција
Вашите вистински бои, отпечатени совршено
Импресивни висококвалитетни фотографии
Супериорниот систем со 8 мастила базирани на боја ви гарантира извонредна репродукција, побогати бои и професионално печатење со живописни бои во секое време.
Изберете хартија што ќе ви одговара
Поддршката за различни медиуми и прилагодливите големини за печатење ќе ви овозможат да печатите подобри фотографии врз различни хартии, вклучувајќи хартија за фина уметност, без рабови и панорами.
Брз и едноставен за употреба
Вградениот 3-инчен LCD-екран ви овозможува да ги проверувате нивоата на мастилата, да го одржувате печатачот и лесно да ги следите инструкциите на печатачот, за да добивате одлични резултати на едноставен начин.
Совршено печатење во секое време
Благодарение на 3-те опции за снабдување со хартија и функцијата за автоматска корекција на закосување на хартијата може да заборавите на грешките во порамнувањето и печатењето, независно каква хартија користите.
Еден беспрекорен процес
Со практичниот софтвер Canon PPL (Professional Print & Layout) може да снимате и да праќате фотографии на едноставен начин од популарни програми за фотографии, добивајќи сеопфатен процес од уредување до печатење.
Компактен и лесен
И покрај тоа што поддржува големина на хартија до A3+, Canon PIXMA PRO-200S е лесно решение за вашите потреби за печатење. Тој има и компактна форма што лесно се вклопува во мали студија.
За побрзо и поефикасно печатење
Одличните слики се снимаат брзо, а истото важи и за одличното печатење. Canon PIXMA PRO-200S е брз и ефикасен печатач кој печати квалитетни материјали со големина A3+ за само 90 секунди1, овозможувајќи ви повеќе слободно време за да ја снимите следната одлична слика.
Систем на мастила Chroma Life 100+
Новиот систем со 8 мастила базирани на боја од Canon нуди проширена палета на бои за да добиете висококвалитетни фотографии со живописни бои. Со Canon PIXMA PRO-200S добивате и подлабоки црни тонови во отпечатените материјали и подобрена репродукција на црвени и сини тонови. Сивото и светло сивото мастило придонесуваат за извонредни црно-бели отпечатени материјали, а го забрзуваат и процесот на печатење.
Добијте инспирација, пријавете се веднаш
Бесплатна дополнителна компонента и софтвер Professional Print & Layout (PPL)
Дополнителната компонента PPL функционира како самостоен софтвер или дополнителна компонента преку софтверот за обработка на слики Digital Photo Professional од Canon, или Adobe Photoshop и Lightroom.
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за да создавате печатени материјали во формат A3+ со квалитет како за во галерија од вашата работна маса.
-
PIXMA PRO-200S
-
Кабел за напојување од тип за Обединетото Кралство
-
Кабел за напојување од тип за Пан Европа
-
Фах за печатење врз CD
-
Софтвер за поставување и прирачник за корисници на CD (CD само за Windows)
-
Водич за корисници (е-прирачник)
-
Леток за европски систем за гаранции (EWS) во A3-формат
-
Руска гаранција
-
8 одделни резервоари за мастило
Квалитет како за изложби
Погледнете хартија за фина уметност од трети производители, која профилите за печатење директно ја поддржуваат и која обезбедува прецизност и реалистичност на резултатите
Фотохартија од Canon
Со сјајните и мат хартии, како и хартиите со отсјај, ќе пронајдете соодветна хартија за вашите креативни идеи.
-
Хартија за фина уметност | Photo Paper Pro Platinum (PT-101)
Photo Paper Pro Platinum (PT-101) [Серија]
Фотохартија Pro Platinum -
Хартија за фина уметност | Photo Paper Pro Luster (LU-101)
Photo Paper Pro Luster (LU-101) [Серија]
Фотохартија со врвен квалитет и завршна обработка со отсјај -
Хартија за фина уметност | Photo Paper Pro Premium Matte (PM-101)
Photo Paper Pro Premium Matte (PM-101) [Серија]
Оваа висококвалитетна хартија, која нуди мазна текстура со топли бели тонови што не рефлектираат светлина, е совршена за извонредни црно-бели фотографии и фотографии во боја, како и уметнички дела и графика каде што топлите бои и сивите тонови ќе изгледаат прекрасно. -
Хартија за фина уметност | Premium Fine Art Rough (FA-RG1)
Premium Fine Art Rough (FA-RG1) [Серија]
Професионална висококвалитетна хартија за фина уметност, наменета за професионалните инк-џет печатачи од Canon, со која ќе добиете слики со извонредна густина на црната боја, прецизни тонови во темните површини и широка палета на бои.
Слични статии
6 начини на кои новиот PIXMA PRO-200S ќе ви обезбеди подобри резултати во формат A3+
Дознајте како новиот врвен печатач PIXMA PRO за A3+-формати го олеснува претворањето дигитални слики во отпечатени ремек-дела со живописни бои за само 90 секунди.
Слични производи
-
Професионални печатачи за фотографии
imagePROGRAF PRO-1100
За подлабоки црни тонови, побогати сини тонови и неверојатни детали – овој печатач за формат A2 нуди професионален квалитет и долготрајни резултати. -
Професионални печатачи за фотографии
imagePROGRAF PRO-300
Професионален печатач imagePROGRAF за на работна маса што нуди печатени материјали во формат A3+ со квалитет како за во галерија и со едноставен работен процес за сигурно печатење.
Може да ве интересира и
Разновидно печатење на едноставен начин
Ова мало и компактно решение нуди моќни опции за печатење и се испорачува со практичен и едноставен софтвер, за да ви остане повеќе слободен простор на работната маса и да бидете покреативни.
Вистински бои, отпечатени совршено
Тоа што го гледате низ објективот станува реалност на страницата, благодарение на новиот систем со 8 мастила базирани на боја и континуираната одлична репродукција на Canon PIXMA PRO-200S.
PIXMA PRO-200S - печатење во голем формат без рабови
Печатете големи фотографии без рабови со Canon PIXMA PRO-200S. Дознајте за неговите функции, како панорамско печатење и поддршка за различни медиуми.
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено.
Подлежи на промена без претходно известување.