Печатачи за во домот
Canon PIXMA MX495
Поврзете се со услугата Cloud и со паметни уреди преку овој достапен 4-во-едно уред со Wi-Fi.
Придобивки
-
Достапен сè-во-едно уред во боја со Wi-Fi® кој заштедува простор
-
Едноставно печатење од и скенирање кон паметни телефони или таблет-уреди
-
Поврзете се на услугите Cloud преку PIXMA Cloud link
-
Печатете повеќе со помали трошоци со изборните XL картриџи
-
Брзо скенирање, копирање и испраќање факс со повеќе страници со помош на ADF механизмот за 20 страници
Детални карактеристики
-
Споделувајте разновидни функции во домот
Уживајте во економични секојдневни функции во домот со PIXMA MX495, кој овозможува едноставно безжично споделување на функциите за печатење, копирање, скенирање и испраќање факс помеѓу повеќе уреди и кој се одликува со стилски изглед и извонредно мали димензии за едноставно поставување во секоја средина.
-
Брзо и висококвалитетно печатење
Уживајте во брзо и висококвалитетно печатење со брзина од 8,8 слики/мин. (црно-бело) и 4,4 слики/мин. (во боја), со резолуција до 4800 dpi и одлични нивоа на детали.
-
Беспрекорно поврзување со паметни уреди
Печатете од и скенирајте беспрекорно кон паметни телефони и таблет уреди со целосна поддршка за уреди со Apple iOS и Android, која го опфаќа и софтверот Apple AirPrint™ за едноставно безжично печатење преку iPhone®, iPad® или iPod Touch® без инсталирање дополнителни апликации.
-
Преземете ја бесплатната и практична апликација
Преземете ја апликацијата Canon PRINT за брзо и едноставно безжично печатење од паметни телефони и таблет-уреди. Ќе можете да печатите дури и од, како и да скенирате кон, паметни уреди преку Wi-Fi® мрежа – без да поврзувате компјутер или да инсталирате драјвери.
-
Печатење од мобилни уреди
Печатете директно од мобилни уреди без да се поврзувате на безбедна Wi-Fi®-мрежа благодарение на режимот на пристапна точка.
-
Поврзете се на услугите Cloud преку PIXMA Cloud link
Поврзете се директно со Cloud преку PIXMA Cloud Link, преку кој можете да печатите фотографии за неколку секунди од Facebook, twitter и онлајн албуми. Печатете од и скенирајте кон популарните Cloud услуги како Google Drive™, OneDrive и Dropbox. Можете и да прикачувате и испраќате скенирани фајлови/слики директно преку e-mail – без користење на компјутер.
-
Печатете повеќе со помали трошоци со изборните XL картриџи
Опуштете се и заштедете со изборните XL картриџи, кои овозможуваат печатење на значително повеќе страници и подолги временски периоди од едно до друго менување на мастило – идеален начин да заштедите време ако печатите често - и можат да ви понудат намалување на трошоците до 30% од страница во споредба со нивните стандардни еквиваленти.
-
Брзо скенирање, копирање и испраќање факс со повеќе страници со помош на ADF механизмот за 20 страници
Бидете попродуктивни благодарение на вградениот автоматски механизам за снабдување со документи за 20 листа кој го забрзува и олеснува скенирањето, копирањето или испраќањето на големи документи преку факс.Wi-Fi ® е регистриран заштитен знак на Wi-Fi AllianceiPhone®, iPad® i iPod Touch® се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД и во други земјиFacebook и логото F се регистрирани заштитни знаци на Facebook Inc.Twitter е регистриран заштитен знак на Twitter, Inc.Google Drive™ е заштитен знак на Google Inc.Dropbox е регистриран заштитен знак на Dropbox, Inc.Сите други заштитни знаци им припаѓаат на нивните соодветни сопственици
Спецификации
-
Практична и едноставна замена
-
ФАКС
-
Автоматско копирање на повеќе страници
-
Изборни мастила за голема потрошувачка
-
Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред
-
Печатење и скенирање кон Cloud услуги
-
Апликација Canon PRINT
-
Безжично користење и споделување
Што содржи кутијата
-
Сè-во-едно печатач – PIXMA MX495
-
Fine картриџи
-
Кабел за напојување
-
Кабел за факс
-
CD-ROM за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет*)
-
Водич за почетници *Сите драјвери и апликации за мобилни уреди се достапни на интернет на http://www.canon.com/ijsetup