Печатачи за во домот

Canon PIXMA MX725

Врвен и безжичен сè-во-едно уред со 5 мастила, етернет и 2-стран ADF за 35 листови.

Придобивки

  • Врвен "сè-во-едно" уред со 5 мастила: печатење, копирање, скенирање и факс

  • Продуктивна касета за хартија со 250 листови и 2-стран ADF за 35 листови

  • Едноставно споделување во канцеларијата преку Wi-Fi и етернет

  • Печатете од и скенирајте кон мобилни уреди со апликацијата PIXMA Printing Solutions

Детални карактеристики

  • Врвен "сè-во-едно" уред

    Овој стилски, продуктивен и врвен канцелариски "сè-во-едно" уред нуди исклучително квалитетно печатење, копирање, скенирање и функции за факс и е идеален за споделување помеѓу повеќе компјутери преку безжична или етернет врска. Двете предни касети со капацитет за 250 листови, како и целосно интегрираниот 2-стран автоматски механизам за снабдување со документи за 35 листови овозможуваат максимална продуктивност.

  • Печатење од паметни уреди и Cloud

    Преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions и уживајте во печатење од, како и скенирање кон, вашите паметни уреди преку Wi-Fi мрежа. Можете да ги пребарувате и печатите вашите фотографии директно од екранот на вашиот печатач, а исто така и календари, стационарни и други шаблони од PIXMA Cloud. Тој нуди поддршка и за Google Cloud Print и Apple AirPrint.

  • Брзо печатење со извонреден квалитет

    Благодарение на системот со 5 единечни мастила вие ќе треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши - правејќи го печатењето поефикасно. Технологијата FINE од Canon со резолуција на печатење до 9600dpi нуди извонредно остар текст и слики со одлично ниво на детали. Уживајте во брзини на печатење на A4 документи до 15 црно-бели слики/мин. или 10 слики во боја/мин. и печатење на фотографии без рабови од 10x15cm за прибл. 21 секунда.

  • Заштедете пари на мастило и хартија

    Печатете повеќе со помали трошоци. Изборните XL и XXL мастила овозможуваат печатење на значително повеќе страници (до 1000 со црното XXL мастило) и подолги временски периоди од едно до друго менување на мастило – идеално доколку печатите често - нудејќи заштеди до 30% од страница во споредба со нивните стандардни еквиваленти. Автоматското 2-страно печатење го намалува користењето на хартија и создава професионални двострани документи.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Безжично користење и споделување

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Панел за навигација кој е едноставен за користење

  • Практичен екран во боја

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Продуктивно ракување со хартијата

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MX725

  • Систем со резервоари за мастило (PBK, BK, C, M, Y)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Упатства и други документи