Canon PIXMA PRO-1

A3 печатач со најдобар квалитет, 12 мастила и продуктивност на комерцијално ниво.

Придобивки

  • A3+ фото печатач кој претставува репер

  • Револуционерен систем со 12 мастила

  • Професионално печатење во боја и црно-бело

  • Усогласена и квалитетна сјајност со Chroma Optimizer

  • A3+ фотографии за помалку од 3 минути

  • Исклучителни фото перформанси

  • Резервоари за мастило со голем капацитет

  • Широк избор на поддржани медиуми

Детални карактеристики

  • Фото-лабораториско печатење за професионалци

    PIXMA PRO-1 печати материјали за продавање со професионален квалитет со големина до A3+ во боја и црно-бело, со високо ниво на продуктивност која го прави идеален за користење во студија и рекламни изложби.

  • Револуционерен систем со 12 мастила

    Уживајте во професионалниот квалитет на сликата со уникатниот систем со 12 мастила кој значително ја проширува палетата на бои и се одликува со нов Chroma Optimizer за совршено усогласена сјајност и јасни, остри црни тонови. Следната генерација на пигментни мастила LUCIA се користат за исклучителни перформанси на слика, што овозможува сигурно продавање или изложување на испечатените материјали.

  • Извонредни црно-бели испечатени материјали

    Испечатете исклучителни класични црно-бели материјали со помош на петте наменски монохроматски мастила кои обезбедуваат прекрасни неутрални испечатени материјали со неверојатни детали, рамномерна градација на тонови и густина кои потсетуваат на традиционалните материјали печатени во темни простории.

  • Исклучителен квалитет на слика

    Системот за генерирање на оптимална слика ги анализира боите од фотографијата и прецизно ги пресметува оптималната комбинација на мастила и волуменот на капките од мастило, кои потоа прецизно се нанесуваат на хартијата преку главата за печатење FINE со цел да се постигне квалитет на печатење кој е толку реалистичен што ја оживува сликата.

  • Продуктивност на комерцијална скала

    За создавање на A3+ фотографии со квалитет како за во галерија за приближно 2 минути и 55 секунди во голем обем, надворешниот механизам со резервоари за мастило обезбедува подолги периоди на работа помеѓу промените на мастило. Контролата на волуменот на капките во реално време ги стабилизира боите кои треба да се печатат и густината на мастилото со што обезбедува еднакви испечатени материјали од едно до друго печатење. Етернет врската овозможува едноставно споделување со PIXMA PRO-1.

  • Флексибилна поддршка на медиуми

    PIXMA PRO-1 поддржува различни видови на медиуми од Canon и трети производители со големина од 10x15cm па сè до A3+ и се одликува со наменски влез за рачно снабдување за подебели медиуми со ширина од 356mm (14”). Без разлика дали користите медиуми кои се сјајни, полусјајни, матирани или медиуми за фина уметност, можете да бидете сигурни дека резултатите ќе претставуваат гордост за секоја галерија

  • Ефикасна и професионална контрола на работниот процес и боите

    Дополнителната компонента за печатење Print Studio Pro printing рабти беспрекорно со серијата на Adobe Photoshop® и софтверот Digital Photo Professional од Canon и ви овозможува да печатите повеќе слики со сите подесувања за печатењето достапни на едно место. Благодарение на корекцијата на амбиенталното осветлување можете автоматски да ги подесите боите за печатење според видот на осветлување кое ќе го осветлува испечатениот материјал. Софтверот Color Management Tool Pro ви овозможува да создадете прилагодени ICC профили со помош на X-Rite алатките за управување со бои (вклучувајќи ColorMunki), за да обезбеди оптимален квалитет на испечатените материјали.

Спецификации

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Глава на печатач со врвен фото-лабораториски квалитет

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Мастило со пигмент со голема долготрајност

  • Chroma Optimizer

  • Печатење на големини до A3+ со широчина до 35cm

  • Користење и споделување преку мрежа

  • Дополнителна компонента за фото-апликации

  • Печатете директно на дискови

  • Директно печатење од фотоапаратот