СОФТВЕР

Софтвер Professional Print и Layout

Надополнете го вашиот печатач од серијата imagePROGRAF PRO на Canon со софтверот Professional Print & Layout за исклучителни перформанси, бои, детали и тонови. Напредните опции за печатење овозможуваат брзо печатење според вашите потреби и приказ на вашите дела на највисоко ниво.

Преземете ја најновата верзија

Image

Инсталирање

Достапен за Windows и Mac (iOS), софтверот Professional Print & Layout се додава автоматски во компатибилните апликации за фотографии при инсталирањето на софтверот. Софтверот Print Studio Pro може да се инсталира истовремено, па можете да изберете софтвер во зависност од вашите потреби.

ПРЕЗЕМЕТЕ

Компатибилни печатачи

Искористете ги максимално можностите на софтверот Professional Print & Layout со следните професионални печатачи.

Активирање на Professional Print and Layout

За да го активирате овој софтвер, отворете ја вашата слика (или повеќе слики) во Adobe Photoshop, Photoshop Elements или Lightroom Classic. Ако користите Digital Photo Professional од Canon, изберете ги сликите во нивната папка. Може да се отвори и како самостоен софтвер.

Распоред на главниот екран

Печатете брзо со оптимално ниво на квалитет со брзиот, рамномерен и прецизен работен процес на Professional Print & Layout. Напредниот кориснички интерфејс нуди подобрени функции за едноставни и ефикасни поставки за печатење, овозможувајќи ви да се концентрирате на тековната работа, додека едноставната постапка за печатење од типот чекор по чекор овозможува практично користење.

Image

1. Еден прозорец за поставки за печатење

Пристапете до основните поставки, како што се избирање печатачи, вид на медиуми, распоред за повеќе слики, големина и квалитет на хартијата и погледнете ги деталите со проширување на секоја картичка.

Image

2. Прецизно прилагоден распоред

Изберете печатење без рабови или отсечете ги рабовите со нумерички вредности или со лизгачот.

Image

3. Управување со боите

Изберете ICC-профили и намера за рендерирање за да создадете слика со оптимално усогласување на екранот и отпечатените материјали.

Image

4. Печатење

Подгответе се да ги испратите вашите фотографии за печатење со избирање на бројот на копии.

Image

5. Брз избор

Зачувајте ги најчесто користените поставки за брзо печатење или внесете ги вашите прилагодени избори.

Повисоко ниво на печатење фотографии

Задржете ги тоновите, острината и прецизната репродукција на боите со овој сигурен и динамичен софтвер. Со вграден DPRAW за печатење со висока резолуција и функција за печатење во HDR-формат за одлична репродукција на светли тонови*, оваа алатка е совршена за да им дадете дополнителна димензија на вашите фотографии.

*Се однесува само на фотоапаратите EOS од Canon.

Image

Печатење во HDR-формат

Прикажете го светот што го гледате со помош на RAW-слики. Печатењето во HDR-формат на Professional Print & Layout го користи широкиот и динамички опсег на RAW-сликите, изразувајќи ги информациите попрецизно за фотографии кои се пореалистични. Напредната обработка на слика на софтверот одлично работи со Adobe RGB за да создаде слики што ги надминуваат другите софтвери за обработка на слика.

Image

DPRAW

Додадете длабочина и текстура на вашите фотографии со печатење во DPRAW-формат. Со користење на информации за фокусирањето од RAW-фотографии зачувани во DPRAW-формат*, Professional Print & Layout може да ја обнови острината за поживописни слики со неверојатен квалитет. На пикселите со точен фокус им се дава повисока резолуција, додека на пикселите без соодветен фокус не им се дава дополнителен акцент. Ова овозможува рамномерни тонови без шумот што е типичен за филтрите за острина.

*EOS 5DMKIV и EOS R од Canon

Image

ICC-профил

Искористете ги максимално можностите на серијата imagePROGRAF PRO со функцијата Use ICC Profile (Користење ICC-профил). Благодарение на подобрениот дизајн на профилот на печатачот и практичната компензација на црната точка, репродукцијата на боите може да се подобри уште повеќе. Изберете компензација на црната точка за да го прилагодите тонот на сликата, усогласувајќи ја најтемната точка во ICC-профилот на сликата со најтемната точка во ICC-профилот на печатачот.

Print Studio Pro

Дополнителната компонента Print Studio Pro од Canon нуди совршена работна врска помеѓу вашата слика и отпечатените материјали. Овој уникатен софтвер e специјално дизајниран за професионалните печатачи од Canon и овозможува да им дадете професионален изглед на вашите отпечатени материјали на полесен начин.

Дознајте повеќе

Image

Може да ве интересира и...