MAXIFY GX7140
Ново

Canon MAXIFY GX7140

Уживајте во многу продуктивно деловно печатење со MegaTank и неговите резервоари за мастило што се дополнуваат и што се наменети за печатење големи количини. Бидете сигурни дека ќе добиете отпечатени материјали со деловен квалитет и екстремно мали вкупни трошоци за користење.

СОВРШЕНСТВО ВО СЕКОЕ ОПКРУЖУВАЊЕ

Печатачот MAXIFY GX7140 нуди врвни перформанси во компании каде што се потребни мали трошоци и секојдневно печатење во голем обем.

Агенции за недвижности

Создавајте имотни портфолија со голема брзина за клиентите, скенирајте и копирајте важни документи на едноставен начин со ADF за 50 листови - без да се грижите дали ќе снема мастило или хартија. Печатете визит-картички врз мат или сјајни медиуми.

Малопродажба

Печатете фактури без напор благодарение на доследната сигурност, големата брзина и компактните димензии. Создавајте висококвалитетни и издржливи материјали за продажни места, промотивни ленти и картички - сето тоа самостојно.

Приватни клиники

Печатете извештаи за клиенти, информации за нови состаноци, па дури и директно врз пликови. Создавајте убедливи рекламни материјали за да ги промовирате услугите на вашата клиника.

Образовни институции

Создавајте образовни материјали, флаери за презентации и административни документи секојдневно и на едноставен начин со печатач кој генерира мали трошоци.

MAXIFY GX7140: ГЛАВНИ ПРИДОБИВКИ

Сите причини поради кои печатачот MegaTank е совршен избор за вашиот бизнис.
MAXIFY GX7140

Мали трошоци што не се зголемуваат

Намалете ги трошоците за деловно печатење со можноста за печатење дури до 14.0001 страници со еден комплет шишиња со мастила во боја или 6.0001 страници со едно шише со црно мастило. Преминете на економичниот режим за да заштедите уште повеќе.2

Долготрајни документи - за многу кратко време

Печатете одлични деловни документи со живописни бои, неверојатно остри детали – дури и со сложени елементи како баркодови и QR-кодови – и големи брзини до 24 црно-бели слики/мин. и 15,5 слики/мин. во боја.3 Управувајте лесно со работните процеси со документи користејќи ги специјалните деловни функции.

MAXIFY GX7140
MAXIFY GX7140

Компактен, но со многу функции

Справувајте се лесно со полните распореди со помош на механизмот за автоматско снабдување со документи за 50 листови со можност за 2-страно скенирање во едно поминување, екранот на допир во боја од 6,9 cm што се врти и капацитетот за хартија до 600 листови. Користете различни медиуми - печатете дури и ленти со должина од 1,2 m.

Максимална ефикасност

Намалете го отпадот со енергетски ефикасно инк-џет печатење користејќи шишиња со мастило за голема потрошувачка, како и скенирање кон мрежни папки, е-пошта или USB. Картриџ за одржување што може да го менува корисникот заради минимизирање на времето на неактивност.

MAXIFY GX7140
MAXIFY GX7140

Поврзете се

Печатете, скенирајте, копирајте и поврзувајте се со Cloud преку апликацијата Canon PRINT. Компатибилност со Apple AirPrint (iOS) и Mopria® (Android). Искористете го приклучокот за етернет, како и поддршката за Wi-Fi.

Безбеден и сигурен

Добијте заштита на повеќе нивоа со безбедноста WPA3 на Wi-Fi, сигурна поддршка за шифрирање со TLS1.3 за безбедна размена на податоци и автоматско ажурирање на фирмверот за справување со најновите закани.

MAXIFY GX7140

Спецификации

  • Функции

    Печатење, копирање, скенирање, факс со D-ADF и Wi-Fi/етернет

  • Обем на отпечатени страници (стандардно)1

    6.000 (црно-бело) или 14.000 (во боја)

  • Обем на отпечатени страници (економичен режим)2

    9.000 (црно-бело) или 21.000 (во боја)

  • Екран

    LCD-екран на допир во боја од 6,9 cm што се врти

  • Големи брзини на печатење3

    Црно-бело - 24,0 слики/мин.
    Во боја - 15,5 слики/мин.

  • Автоматски механизам за снабдување со документи

    D-ADF за 50 листови (2-страно скенирање во едно поминување)

  • Поврзување

    USB, Wi-Fi, етернет

  • Димензии

    399 x 410 x 314 mm

СПОРЕДБА НА MAXIFY GX7140

Изберете печатат со мали трошоци што совршено ќе се вклопи во вашето опкружување.

Споредба помеѓу MAXIFY GX7140 и MAXIFY GX6140

Серија MAXIFY GX

MAXIFY GX6000 Series

MAXIFY GX6140

MAXIFY GX7000 Series

MAXIFY GX7140

Функции

Печатење, копирање и скенирање со ADF и Wi-Fi/етернет
Печатење, копирање, скенирање, факс со D-ADF и Wi-Fi/етернет

Технологија за печатење

Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат
Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат

Потрошувачка на страници (печатење A4-документ во боја)

Црно-бело: 6.000 страници1
(9.000 страници во економичен режим)2

Во боја: 14.000 страници1
(21.000 страници во економичен режим)2
Црно-бело: 6.000 страници1
(9.000 страници во економичен режим)2

Во боја: 14.000 страници1
(21.000 страници во економичен режим)2

Екран

LCD-екран на допир во боја од 6,9 cm што се врти
LCD-екран на допир во боја од 6,9 cm што се врти

Големи брзини на печатење³

Црно-бело - 24,0 слики/мин.
Во боја - 15,5 слики/мин.
Црно-бело - 24,0 слики/мин.
Во боја - 15,5 слики/мин.

Печатење на првата страница (FPOT) ЦРНО-БЕЛО³

Прибл. 7 секунди
Прибл. 7 секунди

Автоматски механизам за снабдување со документи

ADF за 50 листови
D-ADF за 50 листови
(2-страно скенирање во едно поминување)

Користење разновидни медиуми

Обична хартија
Полу сјајна
Сјајна
Мат
Самолеплива фотохартија
Магнетна фотохартија
Хартија за пренос на слики врз материјали со пеглање
Пликови
Печатење ленти до 1200 mm
Обична хартија
Полу сјајна
Сјајна
Мат
Самолеплива фотохартија
Магнетна фотохартија
Хартија за пренос на слики врз материјали со пеглање
Пликови
Печатење ленти до 1200 mm

Сите опции за поврзување

USB
Wi-Fi
Етернет
USB
Wi-Fi
Етернет

Скенирање

Скенирајте кон е-пошта
Скенирање кон папка
Скенирање на USB
Скенирајте кон е-пошта
Скенирање кон папка
Скенирање на USB

Капацитет за обична хартија

Заден фах: 100 листови
Касета 1: 250 листови
Заден фах: 100 листови
Касета 1: 250 листови
Касета 2: 250 листови

Димензии

Прибл. 399 x 410 x 254
Прибл. 399 x 410 x 314

Картриџ за одржување

Да - корисникот може да го замени
Да - корисникот може да го замени

MAXIFY GX7150

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за секојдневно печатење со помали трошоци

  • Повеќефункционален печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат

  • 4 шишиња со мастило за голема потрошувачка (1x црна боја и 1x Ц/М/Ж)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за подесување

  • Упатства и други документи

Слични производи

  • Печатачи MegaTank

    MAXIFY GX6140

    Печатете документи со деловен квалитет и мали трошоци за кратко време со печатачот MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат.

Слични статии

Печатачи MegaTank за деловно работење

Како квалитетот и ниските работни трошоци на печатачите MegaTank може да го подобрат деловното работење.

Заштедете пари со попаметно печатење

Како да управувате со вашите трошоци за печатење со печатачите Canon PIXMA и MAXIFY.

Може да ве интересира и

Мастило, тонер и хартија

Целосна палета на мастила, тонер и хартија од Canon за вашиот печатач.

Оригинални потрошни материјали

Оригиналните потрошни материјали од Canon се создадени да се користат во совршена хармонија со вашиот печатач од Canon.

Деловни печатачи

Печатете, копирајте, скенирајте и испраќајте факс без напор со нашата обемна палета на печатачи.

Добијте инспирација, пријавете се веднаш

Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.
  1. Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување е потребна одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.

    Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.

    Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.

  2. Економичниот режим ја намалува потрошувачката на мастило преку намалување на густината, при што може да се отпечатат 50% повеќе страници отколку во стандардниот режим
  3. Брзините на печатење документи се просечни вредности добиени од ESAT (Word, Excel, PDF) за тестот за категорија канцеларии за зададениот едностран режим, ISO/IEC 24734.

    Брзината на печатење може да се менува во зависност од конфигурацијата на системот, интерфејсот, софтверот, комплексноста на документот, режимот на печатење, покриеноста на страницата, видот на користена хартија итн.

    Вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз првичните трошоци за купување на хардверот и трошоците за мастила или тонер во определен временски период (погледнете ги условите подолу). Ве молиме имајте предвид дека дополнителните променливи трошоци можат да влијаат врз вкупните трошоци за користење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, други потрошни материјали, комплети со мастила и тонер, пакувања со мастила и тонер за голема потрошувачка, сервисирање, потрошувачка на енергија и замена на делови.

    Наведеното намалување на трошоците во проценти претставува просечна вредност од намалувањето на вкупните трошоци за определен обем на печатење од 1000 страници месечно (50% во боја и 50% црно-бело) во период од 60 месеци (5 години).

  4. Вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз следните пресметки: [Просечен CPP во боја x обем на печатење во боја - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [Просечен CPP во црно-бел формат x обем на црно-бело печатење - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [трошоците за хардверот] плус [трошоците за картриџот за одржување, само за моделите MAXIFY GX].

    Моделите што се споредени во пресметката на намалувањето на трошоците за користење (TCO) се 10-те најдобри и најпродавани ласерски печатачи во боја и 10-те најдобри и најпродавани инк-џет печатачи според IDC EMEA Hardcopy Tracker (податоци од Q1 2020 до Q3 2020). Просечната продажна цена (ASP) на печатачите во EUR (€) беше земена од IDC EMEA Hardcopy Tracker (податоци од Q1 2020 до Q3 2020), а цената на потрошните материјали од официјалните веб-страници на производителите на 2 февруари 2021 година.

    Хардверот и потрошните материјали за сериите Canon MAXIFY GX7000 и Canon MAXIFY GX6000 се опфатени само заради овој калкулатор за TCO со нивната препорачана продажна цена („RRP“) што содржи ДДВ.

    ДДВ е вклучен, но имајте предвид дека трошоците за испорака не се вклучени во пресметките на цената. Цените подлежат на промени поради пазарните услови.

    Трошоците за печатење се основани врз користење на зададените поставки што се избрани и кај печатачите од Canon и кај печатачите од конкуренцијата. Ова е во согласност со условите за тестирање наведени во тестот за потрошувачка ISO/IEC за соодветната категорија.

    Трошоците по страница се пресметани од продажната цена на потрошните материјали наведена на веб-страниците на нивните производители која потоа се дели со потрошувачката што ја наведуваат производителите и што е официјално наведена во јавно достапните информации. Трошоците по страница се основани врз симулацијата за печатење шаблони за тестирање достапни во ISO/IEC24712 за инк-џет печатачи и ISO/IEC 19798 за ласерски печатачи во боја.

    Сите спецификации и податоци за перформанси од производителите се земени од јавно достапни информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, брошури и веб-страници на производителите. Потрошувачката на тонер и мастила од Canon и конкуренцијата се земени од спецификациите објавени од производителите.

    Заради фер споредба и давање прецизни податоци, податоците за потрошувачка на потрошните материјали се земени од потрошувачката на тонер или мастила со највисок стандард достапни во времето на издавање што биле одредени согласно ISO-стандардите. Споредбата не опфаќа комбинирани пакети, XL и мултикомплети. Овие податоци се достапни јавно.

    Зборот Mopria® и логото Mopria® се регистрирани и/или нерегистрирани заштитни знаци на Mopria Alliance, Inc. во САД и користењето на логото е строго забрането.