Печатачи MegaTank
Canon PIXMA G2460
Уживајте во продуктивно, брзо, квалитетно и економично печатење со овој повеќефункционален печатач MegaTank за голем обем на работа што нуди ракување со различни медиуми - за неверојатно остри документи и живописни фотографии во домот или во канцеларијата.
Економично печатење големи количини со брзини што секогаш ги исполнуваат крајните рокови
Исполнете ја секоја цел на едноставен начин и заштедете без да размислувате со овој брз и секогаш сигурен печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат.
Погледнете ги сите спецификации-
Голема брзина, голем квалитет
Добијте квалитет со голема брзина (10,8 црно-бели слики/мин. / 6 слики/мин. во боја2), со црно мастило со пигмент што овозможува неверојатно остар текст и мастила базирани на боја што создаваат фотографии со живописни бои.
-
Едноставно одржување
Минимизирајте го времето на неактивност и исполнувајте ги роковите без проблем, со картриџ за одржување што може да се замени од корисникот и што нуди сигурни перформанси во секое време.
-
Обмислен дизајн
Дополнете ги резервоарите со мастило без проблем или напор, користејќи практични шишиња што не треба да се стискаат со уникатни млазници што овозможуваат секое шише со мастило да го дополнува само својот еквивалентен резервоар.
-
Бидете креативни
Експериментирајте со различни видови и големини на медиуми вклучувајќи магнетна фотохартија, самолеплива фотохартија, па дури и печатете реклами со должина до 1,2 метри.
Спецификации
-
Брзини на печатење
-
Брзо печатење
-
Печатете фотографии без рабови со големини до A4
-
4 резервоари за мастило што можат лесно да се дополнуваат
-
Картриџ за одржување што може да се замени
-
Печатење реклами
-
Хибридно мастило за остар текст и живописни фотографии
-
Едноставна контрола со 2-линиски LCD-екран
ПРОФЕСИОНАЛЕН ПЕЧАТАЧ
Потрошни материјали од Canon
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за ефикасно и секојдневно печатење
-
Повеќефункционален печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат - PIXMA G2460
-
5 шишиња со мастило за голема потрошувачка (2x црна боја и 1x Ц/М/Ж)
-
Кабел за напојување
-
CD-ROM за подесување
-
Упатства и други документи
Може да ве интересира и…
Има многубројни опции за продуктивно печатење од Canon - од мали придружници што заштедуваат простор до цврсти и големи уреди за професионално печатење
- Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување е потребна одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.
Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.
Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори. - Брзините на печатење документи се просечни вредности добиени од ESAT (Word, Excel, PDF) за тестот за категорија канцеларии за зададениот едностран режим, ISO/IEC 24734.
Брзината на печатење може да се менува во зависност од конфигурацијата на системот, интерфејсот, софтверот, комплексноста на документот, режимот на печатење, покриеноста на страницата, видот на користена хартија итн. - Економичниот режим ја намалува потрошувачката на црно мастило преку намалување на густината, при што може да се отпечатат 26 % повеќе страници отколку во стандардниот режим.