Canon PIXMA G3416

Компактен сè-во-едно уред со Wi-Fi што се дополнува со мастило за голема потрошувачка, за економично домашно или деловно печатење од паметни уреди и од услугата Cloud.

Неверојатно голем број на отпечатени страници

Добијте економично и продуктивно печатење со голем обем* до 6000 страници од 1 шише со црно мастило или до 7000 страници со употреба на еден комплет шишиња во боја.

Висококвалитетни отпечатени материјали

Печатете со висок квалитет благодарение на технологијата FINE и системот на хибридни мастила од Canon со црн пигмент за остри документи и базирани на боја за живописни фотографии без рабови со големина до A4.

Паметно поврзување

Печатете и скенирајте безжично од паметни уреди и од услугата Cloud преку апликацијата Canon PRINT (iOS и Android), со вградена поддршка за PIXMA Cloud Link и Mopria® (Android).

Компактен, сигурен и повеќефункционален уред

Овој компактен сè-во-едно уред за печатење, копирање и скенирање е идеален за голем обем на печатење благодарение на неговиот долготраен систем на мастила FINE. Идеален за во домот или за во канцеларии.

Едноставно ракување

Добијте лесно ракување со црно-бел LCD екран од 1,2” за избирање повеќе копии и за проверка на статусот на Wi-Fi. Следете ги нивоата на мастило на едноставен начин преку вградените резервоари со мастило поставени на предната страна.

Спецификации

  • Печатење големи количини

  • Вградени резервоари со мастило

  • Хибриден систем на мастила

  • Печатење без рабови

  • Автоматско вклучување

  • Остар текст во црна боја

  • Снабдување со хартија од задната страна

  • My Image garden

PIXMA G3411
PIXMA G2411

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за печатење големи количини со мали трошоци - само додајте хартија или медиуми за фотографии.

  • Сè-во-едно печатач - PIXMA G3416

  • 4 шишиња со мастило за голема потрошувачка (1 x BK/C/M/Y)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за подесување

  • Упатства и други документи

Слични производи

  1. *Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување. Различните потрошувачки на страници не треба да се комбинираат.