Canon PIXMA G5040
Зголемете го времето на активна работа и намалете ги трошоците со практичен печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат
Печатење големи количини со печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат и мали трошоци по страница
Елиминирајте го времето на неактивност со печатач за големи количини што има капацитет за обична хартија од 350 листови. Дополнувајте мастила полесно со практичните шишиња и уживајте во економична продуктивност и беспрекорен квалитет со голем обем до 18.000 страници со 3 шишиња со црно мастило или 7.700 страници со комплет бои*.
Погледнете ги сите спецификацииПечатете големи количини
Печатете максимум 18.000 црно-бели страници со 3 шишиња со црно мастило или 7.700 страници со комплет бои*. Намалете го времето на неактивност со автоматското 2-страно печатење и капацитетот за обична хартија од 350 листови.
Паметно и практично користење
Печатете преку паметен уред со апликацијата Canon PRINT и поврзете се на Cloud преку PIXMA Cloud Link - практично за претприемачи што работат дома или во мали канцеларии.
Печатење без напор
Печатете на едноставен начин преку AirPrint (iOS), Mopria (Android) или Windows 10 Mobile и користете безбедни врски со голема брзина преку локалната мрежа и приклучокот за етернет.
Поголема контрола
Преземете ја контролата преку 2-линискиот еднобоен LCD-екран и бидете подготвени за дополнување со функцијата за следење на мастилата. Компаниите со повеќе локации можат далечински да ги следат нивоата на мастило во печатачот, користењето и статусот преку софтверот Management Information Base (MIB).
Професионални резултати
Печатете остар текст со наменското црно мастило со пигмент и фотографии без рабови со големина до A4 со мастилата со живописни бои. Елиминирајте го напорот при дополнување на мастилата со подобрените и практични шишиња со мастило.
Спецификации
-
Вградени резервоари со мастило
4 резервоари за мастило за голема потрошувачка што се дополнуваат
-
Печатење големи количини
До 18.000 страници од 3 шишиња црно мастило или 7.700 страници од комплет мастила во боја*.
-
Капацитет за 350 листови
Голем капацитет за обична хартија
-
Сите опции за поврзување
Етернет и Wi-Fi
-
Поддршка за паметни телефони
Добијте целосна контрола со апликацијата Canon PRINT (iOS и Android)
-
Врвен квалитет, максимална брзина
Печатете остар црн текст и живописни фотографии без рабови во големини до A4
-
Едноставна контрола
Уживајте во практично користење и контрола преку 2-линискиот еднобоен LCD-екран
-
Автоматско 2-страно печатење
Заштедете време со автоматското двострано печатење
Што содржи кутијата
Сите алатки што ви се потребни за да започнете да печатите големи количини со помали работни трошоци.
-
Печатач со една функција и резервоари за мастило што се дополнуваат од Canon - PIXMA G5040
-
6 шишиња со мастило за голема потрошувачка (3x црна боја и 1x Ц/М/Ж)
-
Кабел за напојување
-
CD-ROM за подесување
-
Упатства и други документи
Добијте повеќе од вашиот печатач од Canon
Од социјални медиуми и печатење од Cloud до колажи и релјефни картички. Разбудете ја креативноста со нашата апликација Canon Print и софтверот Creative Park.
Апликација Canon Print
Печатете ги вашите фотографии и документи од секоја локација
Creative Park
Ослободете ја креативноста
Слични производи
-
PIXMA G6040
Печатач со резервоар за мастило што се дополнува и што нуди голем обем на печатење, квалитет и функционалност со мали трошоци по страница. -
PIXMA GM2040
Печатач со резервоар за мастило што се дополнува - добијте максимална продуктивност со решение за мали вкупни трошоци за користење.
-
* Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување се троши одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.
Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.
Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.** Измерено по меѓународни стандарди, во зададен режим. При непрекинато последователно печатење, печатачот може да ја намали брзината со која го извршува процесот за да спречи покачување на внатрешната температура.