Canon PIXMA TR7550

Мал и компактен 4-во-едно уред со 5 мастила и паметни опции за поврзување со мобилни уреди и услугата Cloud за продуктивно печатење, копирање, скенирање и праќање факс за во домот и за во малите канцеларии

Паметни опции за поврзување

Треба само да ја преземете апликацијата Canon PRINT за едноставно безжично печатење и скенирање преку вашиот паметен уред (iOS и Android). Поврзувањето е брзо и лесно преку Bluetooth® *.

Слободата што ја нуди услугата Cloud

Уживајте во слободата за печатење од Cloud и скенирање** кон Cloud директно од печатачот. Потребни се само неколку секунди благодарение на PIXMA Cloud link и не треба да користите компјутер

Квалитетно печатење, големи заштеди

Печатете извонредно детални фотографии во боја и документи со остар текст со 5 одделни мастила. Заштедете со изборните XL или XXL резервоари со мастило и автоматското 2-страно печатење

Продуктивност и разновидни опции

Копирајте, скенирајте или испраќајте документи со повеќе страници преку факс без напор со ADF механизмот за 20 листови и користете обични медиуми и медиуми за фотографии благодарение на двата механизми за снабдување со хартија. Скенирајте и печатете картички за идентификација на едноставен начин.

Мали димензии и практично користење

4-во-едно уред што заштедува простор и се одликува со многу мал и коцкаст дизајн и едноставна контрола преку панел што може да се закосува со екран на допир во боја од 7,5 cm и копчиња за лесен пристап.

Спецификации

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација Canon PRINT

  • Bluetooth

  • 5 одделни мастила

  • Екран на допир од 7,5 cm

  • PIXMA Cloud Link

  • Два механизми за снабдување со хартија

  • ADF за 20 листови

PIXMA TR7550

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за зголемување на продуктивноста во домашната канцеларија – само додајте хартија и медиуми за фотографии.

  • 4-во-едно печатач – PIXMA TR7550

  • Резервоари за мастило за подесување

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за подесување

  • Прирачници

Регистрирајте се и добијте уште повеќе од вашиот печатач!

Добивајте поени и освојувајте награди додека печатите со оригиналните мастила од Canon. Можна е достава на мастила директно до вашата врата кога ќе ви требаат…

Print Rewards

Добијте повеќе од вашиот печатач од Canon

Од социјални медиуми и печатење од Cloud до колажи и релјефни картички. Разбудете ја креативноста со нашата апликација Canon Print и софтверот Creative Park.

Апликација Canon Print

Печатете ги вашите фотографии и документи од секоја локација

Creative Park

Ослободете ја креативноста

  1. *Опремен со технологија за Bluetooth® со мала потрошувачка на енергија. (Печатењето и скенирањето преку Bluetooth е достапно само кај уреди со Android). Нема гаранција дека функциите што се достапни преку Bluetooth и апликацијата Canon PRINT Inkjet/SELPHY ќе функционираат кај сите паметни телефони со Android. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.**Скенирањето кон Cloud е достапно само за корисници на оригинални мастила од Canon.