Canon Серија PIXMA TS5150

Достапен сè-во-едно уред за во домот со повеќе опции за поврзување за едноставно безжично печатење во боја, копирање и скенирање од мобилни уреди.

Паметно поврзување

Треба само да ја преземете апликацијата Canon PRINT за лесно безжично печатење и скенирање преку вашиот паметен уред (iOS и Android). Добијте голем избор на опции за поврзување, вклучувајќи и Bluetooth®*.

Слободата што ја нуди услугата Cloud

Уживајте во слободата за печатење од социјални медиуми и скенирање кон услугите за складирање Cloud** со помош на PIXMA Cloud Link преку апликацијата Canon PRINT.

Разновидни опции и економичност

Печатете повеќе страници за вашите пари со употреба на изборните и економични XL мастила и заштедете хартија со автоматското 2-страно печатење. Двата механизми за снабдување со хартија ви овозможуваат да користите и медиуми за фотографии и хартија.

Контрола без напор

Контролирајте, прегледувајте и поврзувајте уреди на едноставен начин преку практичните копчиња за пристап, панелот со екран на допир во боја од 6,2 cm што рачно се закосува и едноставниот интерфејс што ја пресликува апликацијата Canon PRINT.

Достапен квалитет

Овој сè-во-едно уред во боја е мал, стилски, достапен и е опремен со системот на картриџи FINE за долготраен квалитет и брза замена. Идеален за брзо и лесно користење во домот.

Спецификации

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација Canon PRINT

  • Инк-џет систем со 2 FINE картриџи

  • LCD екран од 6,2 cm

  • XL мастила

  • Два механизми за снабдување со хартија

  • Автоматско 2-страно печатење

ПЕЧАТЕТЕ ДО 120 СТРАНИЦИ ПОВЕЌЕ

Користејќи ги мастилата што се испорачуваат во пакетот, серијата PIXMA TS5150 од Canon печати повеќе материјали од нејзиниот најголем конкурент.

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за достапно печатење за целото семејство - само додајте хартија и медиуми за фотографии.

  • Сè-во-едно печатач – серија PIXMA TS5150

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Прирачници

opp header imagine

Замислете што може да направите

Сега е време да направите многу повеќе од само печатење. Изненадете се себеси и останатите со работите што можете да ги создадете со помош на вашиот печатач PIXMA од Canon.

Регистрирајте се и добијте уште повеќе од вашиот печатач!

Добивајте поени и освојувајте награди додека печатите со оригиналните мастила од Canon. Можна е достава на мастила директно до вашата врата кога ќе ви требаат…

Print Rewards

Производите од Canon го вадат најдоброто од нив

Користењето на мастилата и хартиите од Canon во комбинација со вашиот печатач од Canon ви дава исклучителни резултати со фотолабораториски квалитет во секое време.

Апликација Canon PRINT

Испраќајте фотографии на вашиот домашен печатач за само неколку секунди.

Палета на PIXMA хартии

Пронајдете ја вистинската хартија за вашите потреби и добијте фотографии со фотолабораториски квалитет.

Извлечете максимум од вашиот печатач

Дознајте како да печатите фотографии од вашиот паметен уред, да создавате модели од хартија, приспособени налепници за нокти, календари, честитки и многу повеќе.

Апликација Creative Park

Од едноставни идеи за модели па сè до 3D-модели во оригами стил - внесете ја забавата со моделите од хартија во секојдневниот живот и додајте уникатни елементи во вашите креации со функцијата за уредување.

Поврзани производи

  • Печатачи за во домот | Серија PIXMA TS9150

    PIXMA TS9150 (Dark Grey)

    Печатете фотографии без рабови со врвен квалитет со помош на овој компактен сè-во-едно уред со 6 мастила, паметни опции за поврзување и етернет
  1. *Опремен со технологија за Bluetooth® со мала потрошувачка на енергија. (Печатењето и скенирањето преку Bluetooth е достапно само кај уреди со Android). Нема гаранција дека функциите што се достапни преку Bluetooth и апликацијата Canon PRINT Inkjet/SELPHY ќе функционираат кај сите паметни телефони со Android. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.**Скенирањето кон Cloud е достапно само за корисници на оригинални мастила од Canon.