Canon Серија PIXMA TS8250
Најдобриот сè-во-едно печатач за во домот наменет за сите ваши семејни потреби, со 6 мастила за неверојатни фотографии, опции за лесно поврзување и стилски дизајн.
Печатете фотографии со фотолабораториски квалитет користејќи го овој стилски сè-во-едно уред со 6 мастила
Благодарение на 6-те одделни мастила, вклучувајќи ја и сината боја за фотографии која ја намалува зрнестата текстура и ги подобрува деталите, лесно ќе можете да печатите извонредни фотографии со големина до A4 од вашиот паметен уред или од Cloud.
Погледнете ги сите спецификацииНапредно поврзување
Печатете, копирајте, скенирајте и поврзувајте се со PIXMA Cloud Link на едноставен начин преку апликацијата Canon PRINT. Или, пак, изберете да печатите со AirPrint (iOS) или Mopria (Android).
Гласовно активирање на печатењето
Интегрирајте го уредот во вашиот паметен дом и кажете ѝ на Amazon Alexa* да отпечати листови за боење, однапред избрани шаблони или да ви каже статус за нивоата на мастилата.
Неограничена креативност
Освен печатење квадратни фотографии, магнети и налепници, отсега ќе можете и да дизајнирате сопствени декорации за нокти со помош на нашите уникатни медиуми и апликација за налепници за нокти.
Отпечатете ја вашата приказна за неколку секунди
Висок квалитет, ниски трошоци
Добијте ги најдобрите резултати со оригиналните мастила и медиуми од Canon. Можете дури и да ги намалите трошоците и да печатите повеќе со изборните картриџи за мастило XL или XXL.
Спецификации
-
Налепници за нокти што може да се печатат
-
6 одделни мастила
-
Поврзување со Wi-Fi
-
Печатење без рабови
-
Можност за поврзување со паметен телефон
-
PIXMA Cloud Link
-
2-насочно снабдување со хартија
-
LCD екран на допир
Што содржи кутијата
-
Сè-во-едно печатач – серија PIXMA TS8250
-
Поставување на резервоарите за мастило
-
Кабел за напојување
-
CD-ROM за подесување
-
Упатства и други документи
Регистрирајте се и добијте уште повеќе од вашиот печатач!
Добивајте поени и освојувајте награди додека печатите со оригиналните мастила од Canon. Можна е достава на мастила директно до вашата врата кога ќе ви требаат…
Производите од Canon го вадат најдоброто од нив
Користењето на мастилата и хартиите од Canon во комбинација со вашиот печатач од Canon ви дава исклучителни резултати со фотолабораториски квалитет во секое време.
Апликација Canon PRINT
Испраќајте фотографии на вашиот домашен печатач за само неколку секунди.
Палета на PIXMA хартии
Пронајдете ја вистинската хартија за вашите потреби и добијте фотографии со фотолабораториски квалитет.
Извлечете максимум од вашиот печатач
Дознајте како да печатите фотографии од вашиот паметен уред, да создавате модели од хартија, приспособени налепници за нокти, календари, честитки и многу повеќе.
Апликација Creative Park
Од едноставни идеи за модели па сè до 3D-модели во оригами стил - внесете ја забавата со моделите од хартија во секојдневниот живот и додајте уникатни елементи во вашите креации со функцијата за уредување.
Поврзани производи
-
Печатачи за во домот | Серија PIXMA TS9150
PIXMA TS9150 (Dark Grey)
Печатете фотографии без рабови со врвен квалитет со помош на овој компактен сè-во-едно уред со 6 мастила, паметни опции за поврзување и етернет -
Печатачи за во домот | Серија PIXMA TS9550
PIXMA TS9550 (Black)
Откријте на кој начин безжичното поврзување, ADF механизмот за 20 листови и можноста за A3 одговараат на вашите деловни потреби.
- * Amazon, Echo, Echo Plus, Echo Dot, Echo Spot, Echo Show, Amazon Tap, Alexa и сите други поврзани лого ознаки и подвижни знаци се заштитни знаци на компанијата Amazon.com, Inc. или нејзините подружници.
Во моментот, поддршката за Alexa е достапна на Amazon Alexa Skill Store и тоа само на англиски/француски/германски/јапонски јазик.
Во моментот, поддршката за Alexa не е достапна на други јазици. Ве молиме проверете ја однапред достапноста на Amazon Alexa Skill за вашиот јазик.
За користење на Alexa е потребно поврзување со активна сметка за паметен помошник и соодветна придружна апликација, паметниот уред и печатачот да бидат поврзани со дозвола за Canon Inkjet Cloud Printing Center, а потребните постапки, вештини или аплети да бидат достапни/овозможени кај компатибилниот печатач.
Гласовните команди не можат да се прикажат како текст на паметни уреди од Amazon со екрани.