Печатачи со резервоари за мастило што се дополнуваат

Печатачите со резервоари за мастило што се дополнуваат се лесни за употреба и овозможуваат голем обем на печатење со мали трошоци и неспоредлива сигурност во работењето.

Паметно и продуктивно печатење со мали трошоци

Со понудата од сигурни печатачи за вашиот домот и канцеларија, уредите MegaTank од Canon овозможуваат квалитетни резултати и мали трошоци, а притоа користат практични функции коишто придонесуваат за беспрекорно корисничко искуство.

Печатачите Canon MegaTank во акција

Запознајте се со нашите уреди MegaTank и уживајте во огромниот обем на печатење, лесното поврзување, високиот квалитет и малите трошоци.

Ви треба поддршка за вашиот уред?

Поддршка за драјвери

Пронајдете го најновиот драјвер за вашиот печатач.

Поддршка за поставување

Корисни информации за поставување на вашиот печатач.

Придобивки од MegaTank

Квалитетно печатење со голема брзина и неверојатен обем на печатење, а минимални трошоци.

МАЛИ ВКУПНИ ТРОШОЦИ

Голем обем на отпечатени страници, а мали вкупни трошоци за користење (TCO).

МАКСИМАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО НА АКТИВНА РАБОТА

Резервоари за мастило што се дополнуваат и перформанси со извонредна сигурност.

ВИСОКА ПРОДУКТИВНОСТ

Очекувајте висок квалитет со огромна брзина.

ДОСЛЕДНОСТ ВО ОБЕМОТ

Исполнувајте ги роковите секој ден.

Прочитајте ги целите извештаи од Keypoint Intelligence за тестирањето на квалитетот и сигурноста на печатачите од серијата G на Canon (достапно само на англиски јазик)

Просечна заштеда од 90% на вкупните трошоци за користење во споредба со 10-те најдобри ласерски и инк-џет печатачи 1

Печатачи за мали бизниси

Го барате најдобриот печатач за вашите деловни потреби? Исполнете ги вашите цели за продуктивност со инк-џет и ласерски печатачи што совршено се вклопуваат во секое работно опкружување - вклучувајќи ги и домашните канцеларии.

MAXIFY GX7140

Печатете документи со деловен квалитет и мали трошоци за кратко време со печатачот MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат.

Голем обем на печатење

Оригиналите мастила на Canon овозможуваат постојаност на високиот квалитет, исклучително голем обем на печатење и мали трошоци по страница.

Вградени резервоари со мастило

Вградените резервоари со мастило поставени на предната страна овозможуваат лесно следење на нивоата на мастилата. Практичните шишиња што не треба да се стискаат го олеснуваат дополнувањето на мастилата, а уникатниот тип на млазници овозможуваат секое шише со мастило да го дополнува само својот еквивалентен резервоар.

Брзината е важна

Печатете со голема брзина со црно мастило со пигмент за да добиете неверојатно остар текст или со мастила во боја за да создадете фотографии со живописни бои.

Едноставно поврзување

Печатете, скенирајте, копирајте и поврзувајте се со Cloud преку апликацијата Canon PRINT и PIXMA Cloud Link и печатете директно од паметни уреди преку AirPrint (iOS) и Mopria (Android).

Производите од Canon го вадат најдоброто од нив

Оптимизирајте го квалитетот на печатењето и разбудете го креативниот потенцијал со оригиналните мастила и потрошни материјали од Canon, како и алатките предвидени да ви заштедат време.

Палета на хартии

Пронајдете ја вистинската хартија за да добиете остар текст и фотографии со фотолабораториски квалитет.

Апликација Canon PRINT

Добијте слобода во печатењето, копирањето и скенирањето.

Може да ве интересира и

Покрај палетата на производи MegaTank, на располагање имате и широк избор од печатачи и дополнителна опрема од Canon.

Печатачи за во домот

Функционални и стилски печатачи за фотографии за во домот и сè-во-едно печатачи што нудат квалитетни резултати.

Печатачи за мали канцеларии

Бидете продуктивни со палетата печатачи за мали канцеларии што ќе бидат ваши идеални придружници.

Професионални печатачи за фотографии

Преземете ја целосно креативната контрола врз вашите слики со професионалните печатачи за фотографии PIXMA и imagePROGRAF PRO.

Мастило, тонер и хартија

Користете потрошни материјали од Canon за да добиете оптимални перформанси и врвен квалитет при секое печатење.

Добијте предност

Пријавете се за да добивате вести за индустријата, покани за настани, трендови, промоции на производи и ажурирања на фирмвер
  1. Вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз првичните трошоци за купување на хардверот и трошоците за мастила или тонер во определен временски период (погледнете ги условите подолу). Ве молиме имајте предвид дека дополнителните променливи трошоци можат да влијаат врз вкупните трошоци за користење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, други потрошни материјали, комплети со мастила и тонер, пакувања со мастила и тонер за голема потрошувачка, сервисирање, потрошувачка на енергија и замена на делови.

    Наведеното намалување на трошоците во проценти претставува просечна вредност од намалувањето на вкупните трошоци за определен обем на печатење од 1000 страници месечно (50% во боја и 50% црно-бело) во период од 60 месеци (5 години).

    Вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз следните пресметки: [Просечен CPP во боја x обем на печатење во боја - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [Просечен CPP во црно-бел формат x обем на црно-бело печатење - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [трошоците за хардверот] плус [трошоците за картриџот за одржување, само за моделите MAXIFY GX].

    Моделите што се споредени во пресметката на намалувањето на трошоците за користење (TCO) се 10-те најдобри и најпродавани ласерски печатачи во боја и 10-те најдобри и најпродавани инк-џет печатачи според IDC EMEA Hardcopy Tracker (податоци од Q1 2020 до Q3 2020). Просечната продажна цена (ASP) на печатачите во EUR (€) беше земена од IDC EMEA Hardcopy Tracker (податоци од Q1 2020 до Q3 2020), а цената на потрошните материјали од официјалните веб-страници на производителите на 2 февруари 2021 година.

    Хардверот и потрошните материјали за сериите MAXIFY GX7000 и MAXIFY GX6000 од Canon се опфатени само заради овој калкулатор за TCO со нивната препорачана продажна цена („RRP“) што содржи ДДВ.

    ДДВ е вклучен, но имајте предвид дека трошоците за испорака не се вклучени во пресметките на цената. Цените подлежат на промени поради пазарните услови.

    Трошоците за печатење се основани врз користење на зададените поставки што се избрани и кај печатачите од Canon и кај печатачите од конкуренцијата. Ова е во согласност со условите за тестирање наведени во тестот за потрошувачка ISO/IEC за соодветната категорија.

    Трошоците по страница се пресметани од продажната цена на потрошните материјали наведена на веб-страниците на нивните производители која потоа се дели со потрошувачката што ја наведуваат производителите и што е официјално наведена во јавно достапните информации. Трошоците по страница се основани врз симулацијата за печатење шаблони за тестирање достапни во ISO/IEC24712 за инк-џет печатачи и ISO/IEC 19798 за ласерски печатачи во боја.

    Сите спецификации и податоци за перформанси од производителите се земени од јавно достапни информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, брошури и веб-страници на производителите. Потрошувачката на тонер и мастила од Canon и конкуренцијата се земени од спецификациите објавени од производителите.

    Заради фер споредба и давање прецизни податоци, податоците за потрошувачка на потрошните материјали се земени од потрошувачката на тонер или мастила со највисок стандард достапни во времето на издавање што биле одредени согласно ISO-стандардите. Споредбата не опфаќа комбинирани пакети, XL и мултикомплети. Овие податоци се достапни јавно.