Метод на печатење
Поврзување
Достапни бои
Големина на печатење
72 x 85 mm
Брзина на печатење
Големина на LCD-екранот
Вградена батерија
Тежина
Димензии
Печатачи за во домот
Печатете прекрасни и издржливи фотографии што ќе траат до 100 години1 со помош на овој брз, компактен и безжичен печатач што е практичен за користење.
Печатете прекрасни материјали со богати бои што ќе траат до 100 години, користејќи го овој компактен печатач за фотографии. Безжичното ракување преку паметен телефон со апликацијата SELPHY Photo Layout ќе ви овозможи да печатите директно од различни уреди на брз и едноставен начин.
Погледнете ги сите спецификацииБРЗИНА И КВАЛИТЕТ
Создавајте живописни фотографии со фотолабораториски квалитет и 16,7 милиони бои. Технологијата за брза сублимација на бои ви овозможува да печатите материјали со големина на поштенска картичка за 41 секунда, кои ќе можете веднаш да ги допрете.
ИЗДРЖЛИВОСТ
Благодарение на специјалниот заштитен слој, вашите фотографии ќе траат до 100 години1 доколку ги чувате во албум. Исто така, тие се отпорни на вода, гребнатини и отпечатоци од прсти.
ГОЛЕМИНИ НА ХАРТИЈА
Печатете прекрасни и живописни слики во различни големини, почнувајќи од поштенски картички (100 x 148 mm) па сè до мини налепници (22 x 17,3 mm).
ПРИСПОСОБУВАЊЕ
Печатете лесно и безжично од вашиот паметен уред преку апликацијата SELPHY Photo Layout. Печатете приспособени материјали со печати, филтри и шаблони и споделувајте линкови со отпечатени QR-кодови.
ДИЗАЈН
Ова е печатач што ќе го користите со задоволство и лесно ќе ракувате со него благодарение на неговата компактна големина, големиот LCD-екран, опциите за безжично поврзување и изборот од три завршни обработки со модерни бои.
ПОВРЗУВАЊЕ
Може да го поврзете безжично со паметни уреди преку QR-код, да го поврзете со компјутери и фотоапарати2 преку Wi-Fi или, пак, со компјутери, фотоапарати и USB-мемориски уреди преку USB-C. Или, пак, печатете директно од SD-картички, SDHC-картички и SDXC-картички преку вградениот читач за картички.
Создавајте и печатете прекрасни и приспособени фотографии, налепници и обележувачи директно преку вашиот телефон.
НАПРАВЕТЕ РАСПОРЕД
Изберете некоја од многубројните опции за шаблони, завршна обработка и најгорни слоеви.
ПРИСПОСОБУВАЈТЕ
Додавајте текст, рамки и печати за да добиете уникатни отпечатени материјали.
СОЗДАВАЈТЕ
Печатете обележувачи, самолепливи етикети и додавајте QR-кодови за да овозможите поврзување со онлајн албуми, видеозаписи и многу повеќе.
Печатење директно од паметни уреди и компјутери
Брзо и висококвалитетно печатење со системот за печатење со термичка сублимација на бои
Висококвалитетно и брзо печатење на поштенски картички
Издржливи и долготрајни фотографии
Отпечатени материјали со реален изглед и реалистични тонови на кожата
Голем екран со врвни детали
Лесно поврзување со фотоапарати, компјутери и USB-мемориски уреди
Читач за картички од типот SD, SDHC и SDXC
SELPHY CP1500
Касета за хартија PCP-CP400 (големина на поштенска картичка)
Компактен адаптер за напојување CA-CP300B
AC-кабел
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Фотографот за портрети Jemella Ukaegbu ги споделува своите најдобри совети за снимање и овековечување на првата година на вашето бебе.
СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Семејниот живот среден со малку помош од печатачите SELPHY и PIXMA.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Дознајте како апликацијата SELPHY Photo Layout може да ви помогне во смислувањето идеи за возбудливи проекти за изработка на модели.