Како ја регулираме приватноста во Canon?
Офицерот за заштита на податоците за Групацијата Canon го поддржува мрежа од ОЗП и Шампиони на приватноста, чиишто улоги и одговорности се јасно дефинирани што овозможува усогласување со Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR) како и други закони за приватност и заштита на податоци што важат во EMEA.
Групацијата Canon Europe (Canon EMEA) ги опфаќа Европа, Блискиот Исток и Африка. Во овој голем регион важат многу различни закони за приватност. Рамката за одговорност за приватноста на Canon е развиена за да се осигури дека прашањата поврзани со приватноста се решаваат на еднообразен и стандардизиран начин на сите наши пазари и за да се овозможи непречено деловно работење. Барањата на Европската унија, како и на други европски, блискоисточни и африкански закони за приватност се вградени во Рамката за одговорност за приватноста на Canon.
Дали Canon врши проценка на ризик во врска со личните податоци?
Canon EMEA има добро дефинирани процеси за регулација, управување со ризик и усогласеност. Се работи за следниве процеси:
• Проценки на ризикот по приватноста
• Проценки на влијанието врз приватноста/проценки на влијанието врз заштитата на податоците
• Проценки на ризикот од продавачот
• Проценки на безбедноста
Дали Canon води евиденција на активностите за обработка (RoPA)?
Canon има поставено процеси за усогласеност со барањата за приватност како што се одржување/ажурирање на евиденција на активностите за обработка и вршење проценки на влијанието врз приватноста (ПВП)/проценки на влијанието врз заштитата на податоците (ПВЗП).
Дали Canon има формални процеси за справување при нарушување на безбедноста на податоците?
Canon е строго посветен на заштитата на личните податоци на сите чинители, вклучувајќи ги вработените, добавувачите и корисниците. За да ја исполниме оваа заложба како и нашите обврски согласно применливите закони за заштита на податоци, Canon применува „Политика за управување при нарушување на безбедноста на податоците“. Оваа политика објаснува што претставува нарушување на безбедноста на податоците и кои се првичните чекори што треба да ги преземат вработените кога постои сомнеж дека е откриено нарушување на безбедноста на податоците. Постојат голем број оперативни упатства коишто ја дополнуваат оваа политика.
Дали вработените во Canon се обучени за приватност?
Вработените и добавувачите на Canon добиваат задолжителна обука за приватност и заштита на податоците. Дополнителна задолжителна обука е обезбедена за нашите шампиони за приватност на кои им е доделена посебна одговорност за приватноста во нивната специфична деловна област.
Дали вработените во Canon кои имаат пристап и обработуваат лични податоци се обврзани да ја почитуваат доверливоста?
Сите вработени во Canon, вклучувајќи ги и оние кои работат со личните податоци на нашите вработени, партнери или корисници, обврзани се со одредбите за доверливост во договорите за вработување. Важноста на доверливоста постојано се засилува преку обуки и подигнување на свеста.
Дали продавачите на Canon и другите трети страни се усогласени со прописите за заштита на податоците?
Canon бара од трети страни, вклучувајќи ги продавачите и партнерите коишто обработуваат лични податоци во име на Canon, договорно да се обврзат да ги заштитат сите лични податоци што ги добиваат од Canon и забрането им е да ги употребуваат личните податоци за било која намена освен за да вршат услуги по налог на Canon. Canon спроведува и проценка на усогласеност заснована на ризик за добавувачите коишто ракуваат со податоците на Canon или на корисниците на Canon.
Како Canon се усогласува со ограничувањата за пренос на податоци низ регионите на EMEA каде работи?
Канон користи соодветни механизми за пренос, како што се стандардните договорни клаузули, онаму каде што е применливо. Во надлежности кадешто не се достапни стандардните договорни клаузули, Canon се усогласува со локалните барања за приватност.
Каде можам да добијам повеќе информации за која било од темите за коишто се дискутира во „Центарот за доверба за приватноста на Canon“?
Доколку имате конкретни прашања во врска со некоја содржина на интернет-страниците, Ве молиме, контактирајте го офицерот за приватност на DataProtectionOfficer@Canon-Europe.com