Filming with the EOS 5D Mark IV on a beach

Christian Anderl

Јасно и прецизно снимање

Christian Anderl
Christian Anderl

Истражувач


Комерцијалниот фотограф, режисер и експерт за тестирање на Canon, Christian Anderl, раскажува за супериорноста во снимањето видеоснимки на EOS 5D Mark IV и неговата можност за брзо и ефикасно снимање фотографии зад сцената.

„Овој фотоапарат е сè што ми треба; има совршен спој на технологија за слаба осветленост и управување за да ми ја претвори работата во задоволство.“ Ентузијазмот на Christian за EOS 5D Mark IV е очигледен од моментот кога почнува да зборува за него. Како долготраен корисник на серијата 5D, тој започнал да снима со 5D Mark II и оттогаш држи чекор со технолошкиот напредок на Canon.

„Canon знае што им треба на луѓето како мене,“ раскажува тој. „Само што ќе помислам дека некој фотоапарат не може да стане подобар, тие го подобруваат! Мора да кажам, ова е убедливо најголемиот скок напред. Навистина е неверојатен.“

За Christian, малите и суптилни промени кај EOS 5D Mark IV го имале најголемото влијание врз неговиот работен процес. Да го земеме за пример копчето за вклучување и исклучување на автоматскиот фокус на задниот дел на фотоапаратот: тоа е новост, уредно поставено токму каде што го поставувате палецот, десно од LCD екранот. „Ова беше најдоброто нешто за мене кај овој фотоапарат!“ извикнува тој. „Снимав фотографии од зад сцената за музички спот со автоматски фокус, што никогаш порано не сум го направил. Веднаш штом почнав, бев воодушевен. Едноставно функционираше! Бидејќи новата рачка за AF е на задната страна, веднаш до LCD екранот, можев да ја користам за да ги менувам позициите на фокусот за откривање лица од еден човек на друг. Тоа навистина ме импресионираше.“

Тој продолжува: „Фотоапаратот имаше одлични перформанси дури и при снимањето видеоснимки во услови на многу слаба осветленост, кога мислев дека фокусот ќе згреши. Од аспект на фотографирањето, Dual Pixel RAW исто така е неверојатен. Една слика навистина ми се допадна, но не беше доволно остра, но подоцна ја прилагодив во софтверот Digital Photo Professional од Canon и - неверојатно - фотографијата беше совршена!“

„Мислам дека ова е само почетокот на фантастичната нова револуција од Canon,“ воодушевено раскажува тој. „Новиот сензор со 30 мегапиксели има неверојатен динамички опсег, а разликата помеѓу сликите веднаш е видлива на неверојатно остриот LCD екран на фотоапаратот.“

"Мислам дека ова е само почетокот на фантастичната нова револуција од Canon."

Светла, камера, акција!

При користењето на EOS 5D Mark IV за снимање фотографии и видеоснимки од зад сцената, Christian увидел дека тоа е тешка задача. Да се завршат и двете работи на еден фотоапарат било предизвик. „Нормално би користел две куќишта, едното за снимање, а другото за фотографирање, но во ограничениот простор за снимање тоа би било многу проблематично искуство и би зафаќало премногу простор, ограничувајќи ми ја способноста за брзо движење. Веднаш ме воодушеви можноста да се користи фотоапаратот во ситуации ‘грабни и бегај’ за правење фотографии и видеоснимки, кога брзите реакции и прецизното фокусирање се навистина важни.“

Тој раскажува: „На почетокот очекував само да фотографирам портрети од бендот, но тие ме замолија да снимам и видеоснимки. Така се најдов во ситуација да снимам и фотографии и видеоснимки, што претставува врвен тест.“

„Видеоснимките и фотографиите од зад сцената претставуваат предизвик. Мора да снимате неверојатно брзо, а во тоа многу помага автоматскиот фокус. Јас се концентрирав само на обликувањето на кадарот, а AF сам се поставуваше, а со помош на фантастичната рачка за вклучување и исклучување на задниот дел на фотоапаратот можев да го насочам фокусот онаму каде што сакав.“

EOS 5D Mark IV on a handheld rig

Christian го користел фотоапаратот на многу едноставен рачен додаток. Бидејќи снимал видеоснимки и фотографии, било невозможно опремата да ја постави во голема кутија, како што тоа обично го правел кога снимал само видеоснимки.

„Малиот додаток беше сосема доволен, се присетува тој. „Многу ми се допаѓаше ракувањето со мојот стар Mark III, а со EOS 5D Mark IV, уште повеќе ми се допаѓа. Полесен е од постариот модел, а заштедата на тежина е навистина важна. Важен е и уште еден додаток: Wi-Fi!“

Тој додава: „Wi-Fi на DSLR фотоапарат повеќе не е само функција за украс. Тоа сега е многу корисен додаток. Го поврзавме фотоапаратот со таблет уред за да можеме да го контролираме фокусот далечински при снимањето, што беше неверојатно забавно. Тоа ми овозможи во одредени моменти да се концентрирам на обликувањето на кадарот, а мојот асистент можеше да се концентрира на фокусирањето. И двајцата можевме да ги извршуваме своите задачи независно еден од друг, но во реално време. Без доцнење, без забуни. Совршен резултат!“ „Го купив EOS 5D Mark III дури лани, бидејќи едноставно многу ми се допаѓаше 5D Mark II, кој ги вршеше сите задачи кои ми беа потребни. Но овој Mark IV? Веднаш морам да го набавам. Веќе го нарачав!“

"Новиот сензор со 30 мегапиксели има неверојатен динамички опсег, а разликата помеѓу сликите веднаш е видлива на неверојатно остриот LCD екран на фотоапаратот."

Filming handheld with the EOS 5D Mark IV

Размислувања и заклучоци

Навраќајќи се на материјалот кој го снимил на снимањето, Christian веднаш ги увидел поволностите од EOS 5D Mark IV. „Како алатка за правење видеоснимки, ги комбинира најдобрите карактеристики на претходните два фотоапарати и додава 4K видео и неверојатна понуда а алатки за корекција кои може да ги користите во движење, како што е дигиталното оптимизирање на објективот, како и други корекции на аберациите на објективот и стилот на слика со врвни детали. Освен тоа, кога ќе се вратите на вашата работна маса, режимот Dual Pixel RAW е навистина неверојатен.“

„Автоматскиот фокус во режимот за видеоснимки исто така многу ми се допадна, како и можноста за високи ISO вредности и ниското ниво на зрнеста текстура. Боите се реалистични, а шумот во слаба осветленост при 6400 ISO беше неверојатен. Изгледа како прекрасна филмска зрнеста текстура. Тоа е нешто што би го додале како филтер во обработката по снимањето, едноставно е неверојатно добар!“

„Јас не сум многу технички фотограф,“ завршува тој, „но за мене ова е алатка која функционира токму на начинот на кој сакам да функционира. Никогаш не сум имал ваков фотоапарат кој ќе можам веднаш да почнам да го користам. Навистина бев тажен кога морав да го вратам!“

Амбасадори и приказни

Амбасадорот Lorenzio Agius од Canon го користи EOS 5D Mark IV

Инспирација

Дознајте како функционира EOS 5D Mark IV во рацете на професионалните фотографи

Разгледајте повеќе