Capturing the drama of climbing a volcano with the EOS 5D Mark IV

Ulla Lohmann

EOS 5D Mark IV на најекстремните места на земјата

Ulla Lohmann
Ulla Lohmann

Истражувач


Експедицискиот фотограф и фоторепортер Ulla Lohmann беше една од првите која го користеше EOS 5D Mark IV, подложувајќи го на најтешкиот тест што можеше да си го замисли. Ги откриваме предизвиците со кои таа се соочи кога го понесе со себе најновиот член на семејството 5D од Canon на вулканите на Вануату...

Јужниот Пацифик е познат по синото море, белите песочни плажи и островите коишто се романтизирани во приказните. Но, постои и една друга, многу пострашна страна од овој крај на светот, а тоа е токму местото кадешто Ulla Lohmann претпочита да го поминува своето слободно време. Доколку погледнете убаво, на врвот на еден од многуте вулкани кои се извишуваат на 82-та острови кои го сочинуваат архипелагот Вануату, можете да го забележите нашиот бестрашен експерт за тестирање од Canon, со фотоапарат во рака...

„Бев таму со фотоапаратот на работна задача од една компанија за храна,“ објаснува Ulla. „Тие ме замолија да одам таму и да го искористам моето искуство со снимањето вулкани за да направам неколку неверојатни фотографии кои би го прикажале замисленото патување на нивниот лут тортиља чипс од неговото создавање, па сѐ до пакувањето. Се разбира дека сѐ е тоа фикција, но тие сакаа да играат на картата „екстра луто“, така што го зедов фотоапаратот со себе во еден активен вулкан со длабочина од 600 метри, кадешто бевме на само 50 метри од активната лава. Тоа беше најжешкото место на кое сум била, а не јадев од нивниот чипс!“

ЖЕШКО, НО БЕЗ ПРОБЛЕМ...

Искуството на Ulla во справувањето со опасните ситуации за снимање ја прави многу барана, а инженерите на Canon беа особено заинтересирани како EOS 5D Mark IV ќе се покаже во екстремни ситуации и температури, и како ќе ја сними жешката течна лава и деталите на црните карпи со целосна јасност со новиот CMOS сензор со 30,4 мегапиксели.

Ulla Lohmann captures drama from a volcano with the EOS 5D Mark IV

Ulla се присетува: „Овој фотоапарат навистина претставува чекор напред при снимањето со висока ISO вредност. Тој има ISO опсег од 100-32.000 (може да се прошири од 50 до 102.400). Кога се наоѓате во средиштето на вулканот, гледате дека имате огромен динамички опсег, а за сензорот на фотоапаратот може да биде вистински кошмар да го сними секој детаљ. Сепак, гледајќи ги фајловите потоа на LCD екранот на 5D Mark IV, можев да ги видам темните и светлите делови кои беа снимени неверојатно добро. Во тој момент сфатив дека станува збор за навистина посебен фотоапарат...“

"Заштитата од временските услови е неверојатна,“ се присетува таа. „Ако може да се справи со вулкан во Вануату, може да се справи со сѐ!"

Експертот за тестирање од Canon, Ulla Lohmann, зумира во езерото од лава во подножјето на еден од активните вулкани во Вануату.

Токму во длабочините на вулканот, Ulla откри колку е добар екранот на допир на EOS 5D Mark IV и колку е практичен. „За мене екранот на допир за прегледување во живо беше фантастичен. Обично кога носам ракавици против жештината, тоа ми задава проблеми со ракувањето затоа што движењето со прстите ми е ограничено, но со новиот екран на допир можам да ги прилагодам подесувањата и да ги подесам фокусот и острината на задниот дел од фотоапаратот само со допир на LCD екранот. За мене тоа значи поголема интуитивност за побрзо снимање, а за видеоснимките тоа е уште подобро, затоа што можете да фокусирате додека снимате, што е многу практично. Во прегледувањето во живо можете да фокусирате до EV-4, што е одлично за работа при слаба осветленост.

„Исто така, на задниот дел од фотоапаратот има едно ново копче коешто овозможува промена на фокусните точки додека гледате низ визирот. Сите овие подобрувања се логичен напредок во однос на 5D Mark III. Згора на тоа, одлично е чувството во раката. Полесен е за носење од стариот модел, што прави голема разлика –особено кога се искачувам или кога се симнувам во вулкан!“

ИНТУИТИВНА ВРСКА

Сфаќањето на начинот на функционирањето на фотоапаратот и извлекувањето на неговиот максимум е нешто за што повеќето фотографи поминуваат долго време за да го постигнат. Но, експертите за тестирање од Canon се една посебна група на луѓе, исто како и нивниот однос со инженерите на Canon, затоа што тие можат да земат модел во развој и речиси веднаш да извлечат максимум од него. Ulla не е никаков исклучок од ова. „Имав еден ден пред да заминам за Вануату и веднаш штом пристигнав таму го користев фотоапаратот во активен вулкан. Преминот од EOS 5D Mark III кон 5D Mark IV ми беше лесен, затоа што куќиштето е исто, а и контролите се речиси идентични, така што е многу интуитивно за некој кој претходно користел фотоапарат од серијата EOS 5D.“

Ulla не заборави да го пофали високото ниво на заштита од временските услови на фотоапаратот, нешто што набрзо беше тестирано од правта и пепелта во вулканот, како и од дождот и влажноста. Специјалните заптивки ги штитат отворите за картичките, исто како што и гумените капачиња ги штитат приклучоците на фотоапаратот за HDMI, USB, слушалки и микрофон – сега со поголема заштита во однос на претходните DSLR фотоапарати од серијата 5D – што ја прави серијата 5D прв избор на фоторепортерите. „Заштитата од временските услови е неверојатна,“ се присетува таа. „Ако може да се справи со вулкан во Вануату, може да се справи со сѐ!“

„Јас го користам целиот опсег цел мој живот. Тој е совршен систем за мене. Квалитетот е одличен, а осветленоста за истражувачкото фотографирање го прави овој фотоапарат совршен сеопфатен уред. Не сакав да го вратам!“

СНИМАЊЕ ВО 4K

Иако главно фотограф, Ulla – како и многу од нејзините колеги современици – ги разгледува можностите да го додаде снимањето видеозаписи на листата на нејзините вештини. Фактот што EOS 5D Mark IV може да снима во 4K ја прави потребата од разбирање на видеозаписите уште поголема.

„Ова е возбудлива можност да се биде фотограф кога имате фотоапарат што може да снима во 4K подеднакво добро како и сликите со многу детали. Ми се допаѓа тоа што има дополнителен отвор за картичка така што не морате да го прекинувате снимањето, а да се сними лава во 4K беше навистина интересно. Ми се допаѓа што 4K на сензорот значеше дека не мора да користам долги објективи за снимање на видеозаписите.“

„Навистина се радуваш што ќе ја користам оваа опција во моите идни работни задачи. Снимањето видеозаписи со неверојатниот екран за прегледување во живо – којшто е извонредно остар и детален – е толку едноставно што се прави со притиснување на едно копче.“

Тука е прикажана големината и глетката на активен вулкан на оваа слика од еруптирачка лава, со мала брзина на блендата.

ЗАЧУВУВАЊЕ НА СЛИКАТА

Во EOS 5D Mark IV има повеќе напредни технологии за обработка кои се преземени од EOS-1D X Mark II и кои се изработени за да овозможат најдобар резултат во моментот кога ќе се притисне блендата. Дигиталното оптимизирање на објективот, што претходно можеше да се види во софтверот Digital Photo Professional од Canon, е надополнето со стилот на слика со врвни детали којшто претходно можеше да се види на EOS 5DS и на DSLR фотоапаратите од серијата 5DS R со висока резолуција, заедно со подобрената периферна осветленост, функциите за корекција на изобличувањето и хроматската аберација, како и подесувањата за баланс на белата боја. И секако тука е една навистина посебна функција: Dual Pixel RAW.

„Научив сѐ за Dual Pixel RAW,“ се сеќава Ulla. „Ова е интересна технологија за мене. За моментите кога немате многу време за да снимите портрет, кога фокусот се менува цело време – како на пр. во моите слики кога луѓето скокаат од виновите лозја (од каде што потекнува банџи-скокањето) – беше навистина корисен додаток. Го зачувува моментот. Фотоапаратот ја снима сцената низ две фотодиоди, коишто ѝ даваат два слоја на сликата. Тоа е всушност навистина добро затоа што можете да ја коригирате точката на максимална острина подоцна, во зависност од потребата. Тоа значи дека острината може внимателно да се контролира во пост-обработката.“

"ова е фотоапарат што ќе претрпи удари и ќе продолжи да функционира."

„Користев и GPS, што е одличен начин да ги заведам деталите за локацијата на островите. Не потрошив многу од батеријата, што е навистина корисен додаток за 5D Mark IV кога сум на експедиции. Всушност, не постои нешто на овој фотоапарат што никогаш не би го користела. Можам да ги запишувам текстот и податоците директно на фајлот со сликата благодарение на IPTC и можам да ги споделувам сликите преку WiFi кон мојот таблет уред или паметен телефон. Опциите за поврзување се навистина фантастични.“

„Кога луѓето ме прашуваат зошто да купат нов фотоапарат, мојот одговор е едноставен: ова е фотоапарат што ќе претрпи удари и ќе продолжи да функционира.“

Островите кои го сочинуваат Вануату изобилуваат со традиционални фестивали и ритуални обреди.

Амбасадори и приказни

Амбасадорот Lorenzio Agius од Canon го користи EOS 5D Mark IV

Инспирација

Дознајте како функционира EOS 5D Mark IV во рацете на професионалните фотографи

Разгледајте повеќе