XF705
Професионални функции
Екран на допир од 4 инчи со променлив агол
Одликувајќи се со голем LCD-екран на допир со висока резолуција од 1,23 милиони точки и голема осветленост, XF705 овозможува прецизно фокусирање, а екранот со променлив агол е незаменлива алатка за лесно прегледување во повеќе положби.
Удобна потпора за поставување на рамо и држач под агол
Новата отстранлива подлога за рамо и подобро позиционираниот држач под агол, како и преклопникот за зумирање, ја подобруваат стабилноста и го намалуваат заморот при долги снимања.
Гама со широк динамички опсег
Гамата со широк динамички опсег ги компресира осветлените површини за да понуди широк динамички опсег. Тоа овозможува прекрасни тонови на кожата и беспрекорни градации на тоновите.
Дигитален звук со 4 канали
XF705 поддржува 2x AES/EBU, аналогни XLR-интерфејси и 4-канален звук за да ви обезбеди професионални опции за звук.
Две SD-картички
XF705 е опремен со x2 отвори за SD-картички што овозможуваат истовремено снимање или снимање со пренасочување.Вградени ND филтри
Внатрешниот ND-филтер користи вртлив механизам што му овозможува на корисникот да избере три густини (ND 1/4, ND 1/16, ND 1/64), а можно е и прилагодување на длабочината на полето со помош на прстенот за ирисот, без притоа да се промени експозицијата.
Опции за далечинска контрола
Контролирајте ја камерата безжично преку паметен телефон или таблет-уред со Browser Remote или изборниот жичен далечински управувач RC-V100 од Canon за брза контрола на сите функции на камерата од голема далечина.
Снимање со инфрацрвена светлина
XF705 нуди инфрацрвен режим (избор од зелена/бела боја) што овозможува снимање видеозаписи во услови со слаба или без амбиентална светлина.
Откријте други придобивки
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Напредно проследување преку 12G-SDI и IP
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Прецизен и сигурен автоматски фокус
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Широкоаголен објектив од серија L со 15x зум
ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДОТ
Професионална 4K UHD-видеокамера за во една рака со најновиот кодек HEVC
Професионални услуги на Canon (CPS)
Зошто не аплицирате за членство во CPS? Уживајте во професионални услуги и поддршка за вашата опрема од Canon.
Canon Pro Twitter
Следете нè на нашата страница Pro Twitter за да бидете во тек со најновите објавувања за професионални вести, приказни, ажурирања и случувања.
Претплатете се за списанието
Кликнете тука за да добивате инспиративни приказни и возбудливи вести од Canon Europe Pro.