Canon DP-V2730
Моќен и флексибилен референтен 4K-монитор од 27 инчи за извонредни перформанси за обработка на HDR-слики; идеален за емитувања во живо и обработка по снимањето.
Напреден и професионален 4K HDR-екран за новата генерација
Одликувајќи се со екран од 27 инчи и максимална светлина од 1.000 cd/m² низ целиот екран, референтниот монитор DP-V2730 нуди комплет наградувани алатки за следење меѓу кои и монитор за бранови форми, проверка на вредноста на пикселите и конфигурација на погрешни бои, овозможени со најновата платформа за обработка на Canon што нуди перформанси што се водечки во оваа класа.
Погледнете ги сите спецификацииСпецификации
-
4K HDR-екран од 27”
LCD-екран со резолуција од 3840 x 2160 што нуди светлина на целиот екран од 1.000 cd/m²
-
Напредно HDR-следење
Следење бранови форми, погрешни бои, проверка на опсегот и многу повеќе
-
Исклучителен квалитет на слика
Поддршка за Dolby Vision и стандардите EBU TECH33201
-
Приказ на два/четири екрани и поддршка за 8K
За беспрекорно следење на повеќе камери и работни процеси со висока резолуција
-
Далечинска контрола/поврзување повеќе монитори
Може да се поврзе со компјутер, таблет или паметен телефон заради далечинска контрола
-
Беспрекорно поврзување
1x HDMI-влез и приклучоци 12G-SDI (4x влезови и 5x излези)
Наградувани алатки за напредно следење на HDR
DP-V2730 е опремен со наградувани алатки за напредно следење на HDR од Canon што помагаат во проверката на сите аспекти на прикажаниот сигнал на HDR-содржините.
Монитор за бранови форми HDR/RGB
Анализирајте ја светлината на сликата од лево кон десно со скала за следење што поддржува IRE, PQ, HLG, па дури и Log-сигнали од повеќе производители.
Погрешни бои HDR
Визуелно претставува експозиција и отсекување слики врз основа на детални и приспособливи тонови на бои за IRE, PQ или HLG.
Проверка на опсегот
Го менува приказот на екранот во еднобоен и им овозможува на корисниците да одредат максимално ниво на светлина за лесно да ги идентификуваат површините што треба да се приспособат.
Проверка на вредноста на пикселите/ дијаграм за хроматичност
Прецизно утврдете ги вредностите на боите и светлината на одреден пиксел. Се прикажува и CIE-дијаграм што ја илустрира локацијата на просторот на бои за пикселите или целосната палета на бои во целата слика.
Приказ на бои што не се дел од палетата
Го менува приказот на екранот во еднобоен и ги истакнува боите што не се дел од избраната палета на бои. Корисниците може да изберат ITU-R BT.709 или стандардна палета на бои.
Приказ за споредба помеѓу HDR и SDR
Напредна функција што ја конвертира HDR-содржината во SDR за вршење споредба Оваа функција може да се користи за споредба на оригиналната содржина заедно со овозможените кориснички LUT или CDL.
HDR-хистограм
Графичко претставување на дистрибуцијата на светлина во сликата. Оваа функција може да ги илустрира и опсезите на светлина за SDR и HDR.
Монитор за осветленост на сликите
Иновативна алатка што им овозможува на корисниците внимателно да ги следат промените во максималната осветленост при гледање на видеозаписите.
Приказ на повеќе различни информации
Користете повеќе алатки за следење на HDR во исто време, без да го попречувате приказот на сликата.
Екран од 27” со исклучителна светлина
DP-V2730 има 4K UHD LCD-екран од 27 инчи со рамномерна светлина низ целиот екран до 1.000 cd/m². Технологијата за локално затемнување на Canon овозможува извонредно слабо осветлени црни тонови до 0,001 cd/m².
Реална репродукција на HDR-бои
Најсовремената технологија за осветлување на Canon, деталните сенки и широката палета на бои низ целиот екран ги исполнуваат условите за сертификатот Dolby Vision и Grade1A согласно стандардите EBU TECH33202.
Истовремен приказ на два/четири екрани и поддршка за 8K
Гледајте приказ со резолуција до 4K, поделен на две или четири слики од SDI-сигнали и HDMI-сигнали, како и индивидуални профили за слика или кориснички LUT. DP-V2730 нуди поддршка за идните работни процеси со висока резолуција до 8K.
Беспрекорно поврзување
DP-V2730 е опремен со HDMI-влез и приклучоци 12G-SDI (4x влезови и 5x излези) што поддржуваат 4K-сигнали со 60P, 4:2:2 и 10 бита или 4K-сигнали со 30P, 4:4:4 и 12 бита што се идеални за беспрекорна интеграција во повеќе работни процеси.
Далечинска контрола/ поврзување повеќе монитори
Поврзете го DP-V2730 со компјутер, таблет или паметен телефон, како и со повеќе екрани од Canon (преку LAN-врска) со Remote Control Web UI. Овој кориснички интерфејс на допир овозможува гледање слика во живо, детални информации за сигналите и директна контрола врз влезовите, алатките за следење и поставките.
Вграден SDI-преклопник
Избирајте помеѓу 4 SDI-влезни сигнали благодарение на повеќефункционалниот SDI-излез3 што поддржува работни процеси како испраќање излезен сигнал кон мониторот на режисерот, надворешен снимач или решение за проследување во живо.
Што содржи кутијата
Екран DP-V2730, главен уред
Водич за поставување
Леток за претпазливост
Слични производи
-
DP-V3120
Професионален 4K HDR-екран од 31 инчи со 2.000 cd/m2 кој овозможува поголема флексибилност на работните процеси за снимање во HDR. -
DP-V2411
Референтен екран од 24 инчи со голема светлина, широка палета на бои и обемни функции за снимање во HDR. -
DP-V1830
Со компактен и лесен дизајн за употреба во студио или на снимање, професионалниот монитор DP-V1830 нуди исклучителни перформанси за обработка на 4K HDR-слики. -
DP-V1711
Цврст и пренослив 4K UHD-екран од 17 инчи со 12G-SDI и многубројни функции за HDR.
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.
- Оценка Grade 1A добиена за сооднос на контрастот, максимално осветлување, ниво на црна боја и рамномерност на осветлувањето.
- Потребна е лиценца што се плаќа.