Апликација Remote Camera Control Application од Canon

Надополнете ја вашата PTZ-инфраструктура со бесплатниот софтвер од Canon преку којшто можете да контролирате до 20 PTZ-камери од Canon, како и да прегледувате во живо до девет камери во секое време на корисничкиот интерфејс.

Далечинско управување преку вашиот компјутер

Контролирајте до 20 PTZ-камери од Canon, од коишто за девет се прикажува преглед на корисничкиот интерфејс во секое време. Потребен ви е само лаптоп со оперативен систем Windows 10.

Автоматска регистрација на камери

Функцијата за автоматска регистрација на камери од Canon ги лоцира сите поврзани камери од Canon на истата IP-мрежа со што значително го поедноставува поставувањето.

Следете ги и прегледувајте ги поставките моментално

Приказот на екран ви овозможува да ги прилагодите поставките за ирис, засилување, баланс на белата боја и други поставки во реално време, како и да ги видите направените промени во реално време.

Целосна контрола на однапред поставените позиции

Контролирајте до 100 однапред поставени агли за секоја од камерите и преминувајте од една позиција во друга со леснотија. Снимете до десет различни движења (поместување, закосување, зумирање) коишто може да ги репродуцирате со допир на едно копче.

Прецизно прилагодување и контрола

Апликацијата ви овозможува да ги прилагодите поставките за слика од избраната камера како што се ирис, баланс на белата боја, засилување и многу други, како и да ги прилагодите брзините на поместување, закосување и зумирање.

Прилагодливи контроли преку тастатура

Користете ја тастатурата за да ги контролирате камерите и поставките, како и за да задавате функции за копчињата за да ја прилагодите контролата за поместување, закосување и зумирање. Можете да ги зададете и поставките за прилагодување на ирисот или засилувањето со што ќе добиете целосна контрола на PTZ-поставките.

Управување преку Wi-Fi со помош на таблет

Апликацијата е компатибилна и со таблети коишто користат Windows 10. Сè што треба да направите е да се поврзете со мрежата во којашто се поврзани вашите камери преку Wi-Fi за да воспоставите целосна контрола на вашите видеоснимки додека сте во движење.

Спецификации

  • Далечинско управување преку вашиот компјутер

    Контролирајте до 20 PTZ-камери, а прегледувајте девет

  • Следете ги и прегледувајте ги поставките моментално

    Приказот на екранот ви овозможува да го прегледувате видеоприказот од камерата, како и да ги прилагодувате поставките за сликата

  • Целосна контрола на однапред поставените позиции

    Контролирајте до 100 однапред поставени агли за секоја камера

  • Прилагодливи копчиња

    Контролирајте ги камерите и поставките и задавајте функции за копчињата преку тастатурата

  • Управување преку таблет

    Компатибилност со таблети коишто користат Windows 10

Преземете го бесплатниот софтвер

Изберете го вашиот производ подолу за да ја преземете апликацијата Remote Camera Control што е специјално дизајнирана за палетата PTZ-камери и што нуди целосна контрола врз максимум 20 камери, како и опција за прегледување на девет сигнали од камерите.

Слични производи

  • CR-N500

    PTZ-камери

    CR-N500

    Опремена со оптички зум до 15x, можности за снимање во 4K UHD и автоматски фокус со Dual Pixel со опција за паметно автоматско следење, CR-N500 овозможува прецизна контрола и беспрекорно проследување преку IP со исклучителни резултати.
  • CR-N300

    PTZ-камери

    CR-N300

    Благодарение на 4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 20x, хибридниот автоматски фокус со вградена опција за интелигентно автоматско следење и бројните протоколи за проследување и контрола преку IP, можете да ѝ понудите поинаква содржина на вашата публика.
  • CR-N100 (Black)

    PTZ-камери

    CR-N100 (Black)

    Мала 4K PTZ-камера со напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и повеќе IP-протоколи со вградена опција за интелигентно автоматско следење.
  • CR-X300

    PTZ-камери

    CR-X300

    Компактна PTZ-камера со ознака IP65 која нуди 4K-резолуција, оптички зум до 20x и контрола и проследување преку IP за различна примена.
  • CR-X500

    PTZ-камери

    CR-X500

    Со цврстото куќиште со отпорност на временските услови,4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 15x, 12G-SDI и Dual Pixel CMOS AF, моделот CR-X500 претставува идеална PTZ-камера за снимање на далечина и за надгледување.
  • PTZ-контролор

    RC-IP1000

    Професионален контролор за PTZ со екран на допир од 7 инчи што нуди прецизна контрола и IP-видеомониторинг за најмногу 200 сигнали
  1. Сите податоци се базираат на стандардните методи за тестирање на Canon, освен ако не е поинаку назначено.
    Подлежност на промена без претходна најава.