Selphy QX10
Брзо печати квадратни фотографии директно од паметниот телефон. Уживај во високиот квалитет, деталите, богатите и светлите бои на фотографиите што траат до 100 години!
Време е да ги извадиш сликите од телефонот
Смартфонот е секогаш со тебе и со него успеваш да ги снимиш сите убави, вредни, забавни и луди моменти што ти се случуваат. И што може да биде подобро од тоа да ги оживееме?
Со Canon минипечатачите, може да печатиш директно од телефонот и да ги претвориш фотографиите во долготрајни и емотивни спомени. Со нив, печатењето од телефонот е лесно, практично, а најдобриот дел е што тие можат да бидат со тебе насекаде.
Со Wi-Fi можеш да отпечатиш сè за неколку минути, а потоа да ја ослободиш имагинацијата и да го претвориш во кул подарок за пријател, декорација на ѕидот дома или албум со приказни.
Животот е полн со приказни, како и твојот телефон. Отпечати ги твоите омилени со SELPHY Square QX10 џебниот печатач.
Претвори ги омилените фотографии од уникатните моменти со твоите најблиски луѓе во издржливи квадратни фотографии со прекрасен изглед и со кутија со натписи.
Создај убави и квалитетни фотографии со SELPHY Square QX10 серијата минипечатачи.
Zoemini S2 инстант фотоапаратот е доволно мал за да биде со тебе насекаде и лесно можеш да ја претвориш секоја приказна во фотографија и секоја фотографија во забавна, персонализирана налепница.
Со вградено огледало и прстенест блиц, Zoemini S2 ќе ги претвори твоите луди селфи фотографии во фотографии со професионален изглед. И ако ти снема хартија, можеш да ги зачуваш омилените фотографии во Micro SD-картичката за да ги отпечатиш подоцна.
Сними и печати приказни во движење со Zoemini S2
Брзо печати квадратни фотографии директно од паметниот телефон. Уживај во високиот квалитет, деталите, богатите и светлите бои на фотографиите што траат до 100 години!
Сними, персонализирај и печати забавни налепници со само еден уред, доволно компактни за да бидат со тебе насекаде.
Веднаш печати и сподели ги спомените со елегантниот џебен печатач. Совршен додаток за мобилниот уред, каде и да си.
Веднаш печати издржливи фотографии со големина 10×15 со извонреден квалитет. Сподели драгоцени моменти на уникатни начини со различни опции за распоредување на фотографиите и фотоколажот.