Canon Video Enhancement Software v1.0
Подобрете го квалитетот на вашите видеозаписи со Canon Video Enhancement Software што создава појасни и поостри видеозаписи во реално време.
ВИДЕТЕ ГО ТОА ШТО НЕ СЕ ГЛЕДА
Извлечете јасни детали од видеозаписите снимени при слаба осветленост со камерите со висока чувствителност од Canon и софтверот инсталиран на мал компјутер во реално време. Тој го коригира губењето детали предизвикано од шум и ви нуди неверојатни резултати со максимален интензитет на боите. Примената во услови со слаба осветленост опфаќа набљудување на граници и крајбрежно набљудување, како и следење на инфраструктурни објекти.
Обработка на видео во реално време
Обработувајте видео во реално време со минимално доцнење. Нашиот софтвер е инсталиран на компјутер во мала кутија што директно го обработува 3G/HD-SDI-видеосигналот од камерата.
Намалување на отсјајот во повеќе чекори
Користете ја функцијата на софтверот за компензација за отсјај за да ги намалите ефектите на отсјајот во магливи услови и прилагодете го нејзиниот интензитет во чекори. Оваа функција го зголемува контрастот на субјектот за да овозможи полесно препознавање на субјектот.
Извлечете максимум од темните или светлите површини
Зголемете ја острината на сликата во површините со силна светлина или во многу темните површини. Недостатокот на контраст во овие услови може да предизвика губење важни информации, што може да го спречи препознавањето на целта. Софтверот го решава тој проблем преку обновување на премногу светлите бои или осветлување на сенките во најважните површини.
Отстранете го шумот, подобрете ги деталите
Увезувајте директно 3G/HD-SDI-видео без компресија од компатибилни камери со голема чувствителност од Canon1 во софтверот и генерирајте јасни и детални видеозаписи со мал шум. Користејќи технологија со длабоко учење и сензори за слика со висока чувствителност ISO од Canon, тој создава извонредно јасни резултати.
НАМАЛУВАЊЕ ШУМ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ
Споредете кадар од необработен Full HD-видеозапис со Full HD-видеозапис што се обработува во реално време со Canon Video Enhancement Software v1.0.
Овие камери се компатибилни со Canon Video Enhancement Software v1.0:
Оперативен систем
Linux OS, компјутер со Windows за поставување во пребарувач
Резолуција
1920 x 1080
Семплирање на бои, бит-длабочина
YCbCr 4:2:2, 10 бита
Формат на излезен видеосигнал
59,94P, 59,94i, 50,00P, 50,00i, 29,97P, 25,00P
Интерфејс
3G/HD-SDI
Стапка на слики на излезен сигнал (функција за намалување шум)
Макс. 29,97 fps (кога е поставена површина за подобрување).
Макс. 14,98 fps (кога не е поставена површина за подобрување).
Функција за подобрување на видеозаписите
Намалување шум, компензација за темните и светлите површини, компензација за отсјај
Контактирајте со Canon
Дали сакате да ве контактира претставник на Canon?
Пополнете го краткиот формулар за да побарате да ве контактира специјалист за производи од Canon.
Слични производи
-
КАМЕРА СО ИЗВОНРЕДНО ГОЛЕМА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ MS-500
Камера со извонредно голема чувствителност со SPAD-сензор за безбедност на големи растојанија и следење во услови на слаба осветленост. -
ME20F-SHN
Оваа професионална мрежна камера снима Full HD видео во боја во потполна темнина со максимална ISO вредност над 4 милиони, со помош на CMOS сензор од 2,26 MP за целосна слика.
- MS-500, ME20F-SH, ME20F-SHN, ML-105 EF.
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено.
Подлежи на промена без претходно известување.