Правила и услови за користење

ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОКУМЕНТ ПРЕД ДА ПРИСТАПИТЕ ДО ВЕБ-САЈТОТ НА CANON EUROPE. Со пристапување до веб-сајтот на Canon, се согласувате дека ќе бидете обврзани да ги почитувате следните правила и услови.

АКО НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ, ТОГАШ НЕ ГО КОРИСТЕТЕ ОВОЈ ВЕБ-САЈТ.

1. Согласност


Canon Europa N.V. („Canon“) ви го нуди овој веб-сајт („веб-сајт на Canon“) врз основа на следниве Одредби и услови („Одредби и услови за употреба“). Со пристапување на која било страница од овој веб-сајт на Canon, вие се согласувате да ги почитувате овие одредби и услови. Canon може повремено да ги ажурира овие Одредби и услови со објавување на ажурирани Одредби и услови, без претходно посебно писмено известување. Проверувајте ги Одредбите и условите за употреба секогаш кога ќе пристапите до веб-сајтот на Canon, за да ги проверите најновите ажурирања.

2. Веб-сајт на Canon


На овој веб-сајт на Canon можете да се стекнете со информации во врска со одредени производи и услуги на Canon, а исто така, за да добиете повеќе информации, можете да испратите и прашања до Canon. Имајте предвид дека овој веб-сајт на Canon е веб-сајт за Европа и дека производите и услугите можат да се разликуваат од една до друга земја. Доколку сакате да дознаете повеќе детали за производите и услугите кои се достапни, користете ги линковите до националните веб-сајтови.

3. Информации за колачиња


Прочитајте за нашата политика за колачиња.

4. Употреба


Се обврзувате дека преку овој веб-сајт, нема да објавувате или испраќате какви било материјали кои со причина би можеле да се протолкуваат како (i) погрдни, клевети, непристојни, навредливи, непримерни, кои поттикнуваат на расна омраза, дискриминаторни или богохулење, (ii) кршење на кое било неопходно доверливо соопштение или приватност или која било деловна тајна, (iii) кршење на правата на сопственост на која било трета страна или за која ги немате обезбедено потребните дозволи и/или одобренија, или (iv) повреда на друг закон.

Исто така, се согласувате дека преку овој веб-сајт, нема да пренесувате или испраќате какви било материјали кои би можеле да претставуваат или охрабрат однесување кое би можело да претставува кривично дело, предизвикува одговорност за штета или е на друг начин во спротивност со законите на која било земја или друг надлежен орган, или ги повредува правата на трета страна кои важат во кој било дел од светот.

Canon ги задржува правата да ги отстрани од веб-страницата материјалите за кои се сомнева дека се забранети со овој став 3 или се на друг начин несоодветни. Без разлика на погоренаведеното, се согласувате дека Canon не ги контролира содржините на веб-сајтот доставени од други корисници и е беспредметно да ги следи содржините на веб-сајтот за да ја гарантира нивната точност, соодветност или усогласеност со принципите утврдени со овие Одредби и услови.

Не смеете да го поврзувате веб-сајтот на Canon со непристојни и несоодветни веб-сајтови и мора веднаш да ги отстраните сите линкови доколку Canon, по сопствено видување, го побара истото од вас.

Сите материјали (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, музика, звук, фотографии, графика, слики, видео записи, изработка на податоци, дигитални преземања и софтвер) кои се наоѓаат на овој веб-сајт („Материјали“), се сопственост на Canon и неговите добавувачи се заштитени со европските, јапонските и меѓународните закони за авторски права.

Canon ве овластува да ги гледате и преземате Материјалите само за лична, некомерцијална употреба, под услов, истите да не ги менувате или преработувате на каков било начин, да не ги репродуцирате или прикажувате, изведувате или јавно дистрибуирате, или да ги користите на друг начин за какви било јавни или комерцијални цели. Забранета е употребата на Материјалите на кој било друг веб-сајт или мрежно поврзани компјутери од која било причина.

Доколку сакате да ги користите Материјалите за друга намена, надвор од опсегот на одобрените работи наведени погоре, потребно е претходно да добиете писмено одобрување од соодветните сопственици на авторските права или издавачи на лиценци за вакви Материјали, на пр. Canon, неговите добавувачи или други.

Доколку сакате директно да цитирате некој дел од содржината во кој било печатен материјал како на пример списанија, контактирајте го администраторот на веб-сајтот за дозвола, на new.media@canon-europe.com. Доколку сакате да објавите некој дел од Материјалите на ЦД или во други медиуми, наведете го делот од Материјалот што сакате да го објавите.

Се согласувате дека ќе го обештетите Canon и филијалите на Canon за секоја претрпена штета од од оштети, побарувања, загуби или штети што Canon и филијалите на Canon може да ги претрпат како резултат на кршење на овој став 3.

5. Одрекување од одговорност


Со ова, Canon ги исклучува сите услови, гаранции, претставки и останати одредби кои се однесуваат на обезбедување или планирано обезбедување, неуспешно обезбедување или доцнење во обезбедувањето на какви било услуги во врска со веб-сајтот на Canon или дека веб-сајтот на Canon е точен, целосен или актуелен, кои можат, со овој став 4, да влијаат помеѓу вас и Canon, или може на друг начин, преку посреден договор, статут, обичајно право или на друг начин да се подразбира во рамките на овие Одредби и услови, или опфатено со истите. Вие се согласувате и прифаќате дека го користите веб-сајтот на Canon на ваш сопствен ризик и дека Canon не гарантира дека веб-сајтот на Canon ќе ги исполни вашите барања или дека иститот нема да биде испрекинат, без грешки или безбеден. Сите содржини или услуги достапни преку веб-сајтот на Canon се направени врз основа на „КАКО ШТО Е“ и „СПОРЕД ДОСТАПНОСТА“, и Canon не застапува и нема никакви мерки на безбедност, било искажано или претпоставено, во врска со содржините и услугите вклучени или достапни на овој веб-сајт на Canon. Canon го задржува своето право по сопствено видување да ги измени или повлече кои било содржини или услуги понудени како дел од овој веб-сајт на Canon.

6. Одговорност


Canon, која било друга страна (без разлика дали е вклучена во креирањето, произведувањето, оддржувањето или доставувањето на овој веб-сајт на Canon), која било компанија од групацијата на Canon како и службеници, директори, вработени, акционери или застапници за кој било од нив, ја исклучуваат секоја обврска или одговорност за кој било износ или кој било вид на губиток или штета што може да ја претрпите вие или трета страна, (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на секаков вид на директен, индиректен, казнив или последователен губиток или штета; или каков било вид на губиток на приход, профит, гудвил работи, податоци, договори, употреба на пари; или губиток или штета настанати или поврзани на кој било начин со прекин на работење, без разлика дали е намерно нанесување на штета (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на невнимание), договор или е на друг начин поврзано со овој веб-сајт на Canon или е поврзано со користењето, неможноста за користење или како резултат на користење на овој веб-сајт на Canon, кој било веб-сајт поврзан со овој веб-сајт на Canon или материјали на вакви веб-сајтови, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на губиток или штета кои произлегуваат од вируси кои можат да ја заразат вашата компјутерска опрема, софтвер, податоци или друг имот како резултат на вашиот пристап, користење или прелистување на овој веб-сајт на Canon или преземање на материјал од овој веб-сајт на Canon или веб-сајтови поврзани со овој веб-сајт на Canon. Ова нема да влијае врз вашите уставни права.

Ништо од овие Одредби и услови нема да ја исклучи или ограничи одговорноста на Canon за (i) смрт или лична повреда предизвикана од сопствена невнимателност, (ii) измама или (iii) каква било одговорност која не може да се исклучи или ограничи со законот што се применува.

7. Политика за приватност


Ако одлучите да се регистрирате на некој дел од оваа веб-страница на Canon, тогаш се согласувате да внесувате точни податоци во формуларот за регистрација од Canon. За повеќе информации за употребата и префрлувањето на вашите лични податоци од наша страна, ве молиме погледнете ја оваа ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Информациите достапни во некој формулар или на кој било друг начин преку веб-страницата на Canon ќе може да ги користи компанијата Canon, која поради причините наведени во Дел 7 ќе го опфати и Canon Europe Ltd, со цел да ви ги обезбеди услугите што сте ги побарале преку веб-страницата на Canon.
Повремено, компанијата Canon, соработниците или агентите на компанијата Canon можат да ги искористат овие информации за рекламни цели или за да ве информираат за други производи и услуги, за кои сметаме дека би биле заинтересирани. Можете да наведете дали сакате да добивате такви информации во соодветното поле во формуларот за регистрација. Доколку информациите ги добивате по е-пошта, тогаш можете да се откажете од поштенската листа. Вашите лични информации може да се поврзат со информациите на пребарувачот, други соработници на Canon и трети страни (како даватели на услуги за вдомување) поради причините наведени погоре и во политиката за колачиња и за употреба во групната администрација. Тука може да спаѓа и пренос на податоците надвор од Европската економска зона. Некои од овие приматели може да се наоѓаат во земји што ги немаат истите закони за приватност како и земјите членки на Европската Унија, меѓутоа, бидете сигурни дека се преземени соодветни мерки за заштита на доверливоста и безбедноста на вашите податоци.
Ние сме посветени да ја заштитиме вашата приватност. Вашите лични податоци се чуваат на безбеден компјутер и датотеките нема да се обработуваат рачно, освен за целите наведени во оваа Политика на приватност. До серверот што го користи Canon за складирање на овие податоци можат да пристапат само одредени трети агенции, изведувачи и/или овластен персонал на Canon под строга контрола на Canon („Овластен персонал“). Овој сервер е поврзан на интернет преку заштитен ѕид, што значи дека не е достапен на јавноста.
Во вашите компјутери ќе се инсталираат мали податоци, познати како колачиња, кои ќе собираат статистички информации како патеки на движење, број на посети, повторни клиенти и кликнувања по страница. Единствените лични податоци што ги содржат колачињата се податоците што ги внесувате вие. Тие не можат да читаат податоци од вашиот хард диск. Ги користиме овие колачиња за одредување на корисноста на информациите што ви ги доставуваме и за да дознаеме колку е практична нашата веб-страница. Canon не ги споделува податоците што ги собира преку колачињата со други субјекти што не се дел од Canon и не ги продава на трети страни. Ако не сакате да добивате колачиња од нашата веб-страница, тогаш може да го поставите вашиот пребарувач да ве предупреди пред да ги прифатите колачињата и да ги одбие колачињата кога ќе ве извести за нивното присуство. Исто така, колачињата можете да ги одбиете доколку ги исклучите во вашиот пребарувач. Не е задолжително да се вклучени колачињата за да можете да ги користите сите делови на веб-страниците на Canon.
Имате право да пристапувате, коригирате, ажурирате или да ги бришете вашите податоци со отворање на следниот линк во вашиот профил или со испраќање барање на consumer.deletion@canon-europe.com
Вашите лични податоци ќе ги задржиме само во временскиот период што ќе ни биде потребен за да ви ги обезбедиме услугите што сте ги побарале, или во подолг временски период во согласност со законите.
Canon може повремено да ја менува оваа политика за приватност. Овие промени може да влијаат врз начинот на кој ги користиме вашите лични податоци. Ажурираната Политика за приватност ќе биде достапна на веб-страницата на Canon без претходно да бидете известени за тоа.

За повеќе информации за начинот на кој ги користиме корисничките информации, ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност на кориснички податоци.

Политика за приватност на онлајн системот за вработување на Canon

8. Заштитен знак


Не смеете да ги прикажувате или користитие на кој било начин заштитните знаци или логата на Canon или на Canon групацијата без претходна писмена согласност издадена од Canon.

9. Canon Europa N.V.


Canon Europa N.V.
Bovenkerkerweg 59-61
1185 XB Amstelveen
Холандија
Тел 0031 20 545 8545
Факс 0031 20 545 8222

Матичен број: Рег. бр. на фирмата: 33166721
Број за ДДВ: NL005916343B01

10. Важечки закони


Овие Одредби и услови се меродавни и се во согласност со законот во Англија. Споровите настанати во однос на овие Одредби и услови се во ексклузивна надлежност на судовите во Англија.

11. Авторско право


Авторски права © Canon Europa N.V. и Canon Europe Ltd2002-2005. Сите права се задржани. Строго се забранува копирање, повторно дистрибуирање, објавување или менување на материјалите или софтверот кои се наоѓаат на веб-сајтовите на Canon или се непосредно поддржани, без претходна писмена согласност од Canon.

Верзија 1
Датум на издавање: 23/02/2005 година