Статив со држач HG-100TBR од Canon
Снимајте сигурно и бидете креативни со овој уникатен статив со држач, далечинска контрола, прилагодлива глава и врвна ергономија, што е дизајниран за стабилно снимање.
Мал, стабилен и многу флексибилен
Снимајте видеоснимки и фотографии на нови динамички начини со помош на овој рачен статив со држач и безжичен далечински управувач за одлично креативно користење.
Фотоапаратот и микрофонот се продаваат посебно
Снимајте видеоснимки со нова креативност
Стативот со држач нуди одлична флексибилност благодарение на главата што може да ротира, да се закосува и да се блокира во многу различни положби под одредени агли.
Истражувајте нови агли користејќи го уредот со една рака
Снимајте од неверојатно високи агли за видеоблогови и поставувајте го вашиот надворешен микрофон во различни положби за да можете да создадете најдобри можни резултати.
Снимајте подолго благодарение на поголемата ергономија
Благодарение на неговиот лесен дизајн за врвно ракување може да снимате попрактични видеоматеријали и да го користите далечински со батерија што трае до 10.000 часа.
Зголемете го вашиот дострел со практичен далечински управувач
Стативот со држач се испорачува заедно со безжичниот далечински управувач BR-E1 од Canon што ги контролира блендата, зумот, функцијата за снимање видео и AF на фотоапаратот од далечина.*
*Проверете ја функционалноста во спецификациите на фотоапаратот
Може да се користи со компатибилни фотоапарати од Canon
Стативот со држач е дизајниран да работи најдобро со PowerShot G7 X Mark III и други модели како EOS M6 Mark II со објективи EF-M.*
*Проверете ја функционалноста во спецификациите на фотоапаратот
Главни спецификации
Лесно држење
Лесно ракување
Компактна големина
Дизајн со мала тежина
Прилагодлив приклучок за фотоапарати
Отстранлив далечински управувач BR-E1
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за стабилно снимање со една рака кога сте во движење.
Статив со држач HG-100TBR
Безжичен далечински управувач BR-E1
Ременче за на зглоб
Приклучок за микрофон L
Приклучок за микрофон S
Прирачник со инструкции
Гаранција